-р Благоја Нинески е автор на
повеќе книги чија главна тема се токму медиумите. Меѓу тие трудови се и "Локалните
електронски медиуми", "Печатените и елекронски медиуми во Македонија" и како
најнов "Избори и медиуми". Господинот Нинески околу пет години минува низ
повеќе редакции во Радиотелевизија Скопје (МРТ). Од 1973 година е новинар во
органот за информации во републичката управа (секретарјат, комитет,
министерство, агенција), а од 1988 година советник на старешината на тој
орган.
Поведен од искуството како новинар (сега е на функцијата помошник-
раководител во Агенцијата за информации) бара од новинарите со факти и
достоинство да сигнат до целта. Тој верува дека јавните гласила настаните ги
прават попродуктивни, дека се во функција на демократијата, дека нештата
можат да ги подобрат, дека ќе дојде ден власта да го положи оружјето пред
квалитетната содржина на јавните гласила.
ПОЧЕТОЦИ
Како новинар започнав да работам на втората програма во Радио Скопје. Тоа
беше локалното радио наменето за граѓаните на скопското подрачје во 1969
година, вели м-р Нинески. За жал, за тие две ипол години колку што
бев таму радиото прекина да постои како локално, а содржината беше префрлена
на други редакции. Од тоа време до денес скопјани за информации од локалната
средина беа многу осакатени што тоа го немаат. Потоа преминав во МРТ до 1973
година, а од таа година се вработив во тогашниот Републичкиот секретаријат
за информации кој денес е регистриран како Агенција за информации.
М-р Нинески присуствувајќи на работата на Владата на Македонија, во
период од дваесет години, подготвувајќи ги соопштенијата за печат, имал
можност да слушне како се развиваат јавните гласила во Македонија.
Почуствував дека Република Македонија или граѓаните на Македонија се
исклучително осакатени во поглед на нивната промоција како посебен идентитет
и како една од членките на тогашната федерација на Југославија, бидејќи
бевме блокирани од нашите соседи, ни беа ставени рамки на прелетување и на
гласот и на етерот на македонското радио, додава м-р Нинески.
Напоредно бев на магистерски студии и се обидов магистерскиот труд да го
посветам на локалните радио станици. Тој труд го отпечатив во книга
насловена како "Локалните електронски медиуми во Македонија", а говори за
појавата, развојот, зреењето, опстојувањето и придонесот на локалното радио
во Македонија.
По ова, инспириран од бројноста на македонските гласила во минатото, а
предизвикан од се понагласеното инсистирање на соседните земји и некои нивни
блиски пријатели дека Македонија е вештачка творба, м-р Нинески ја напиша и
втората книга, "Печатените и електронските медиуми во Македонија" во која
опфатена е историјата на македонските печатени медиуми.
За да докажам дека тоа не е така започнав да се занимавам со истражување
на првите македонски весници, додава м-р Нинески. Токму во оваа книга
е даден еден дел наречен календар на македонските медиуми во кои ги имаме
првите весници датирани од 1885, па се до денес. Од она што досега го
имаат искажано научниците и од она што е регистрирано, постојат 1752 наслови
на весници и списанија, од кои во првите четириесет години, од 1885 до
1923-25 година, најдов 68 весници во чие име е содржан националниот белег,
морфемот "Македон". Тој морфем говори дека Македонија не е вештачка или не
знам каква творба.
Како за потсетување првиот весник се појавува во 1880-85 година насловен
како "Македонец" - весник за новини и заштита на народните правдини, од Русе.
Потоа следувале весниците "Македонија" - орган на неослободените, Софија
1896-97 година, "Македонски глас" со мото "Македонија на Македонците",
Петербург 1913-15 година.....
КВАЛИТЕТ!
Според м-р Нинески, денес навистина има голем број на печатени медиуми
меѓутоа не може да каже дали се многу или малку. Во Македонија има 12 дневни
весници од кои осум се на македонски јазик, два се на албански, еден на
турски и еден на ромски јазик. Од овие дневни весници претежно се по 10
денари, но секој македонски граѓанин не му е доволен само еден весник
целосно за да се информира и меродавно да изгради сопствен став кон нештата
и да се влучи во формирањето на јавното мислење.
Факт е дека весниците се поделени меѓу политиката, бизнисот,
опстојувањето на нивната институција и кодексот на новинарите, нивната
професионалност, објаснува м-р Нинески.
Доколку би имало еден дневен весник кој успешно ќе ги спојува овие
компонети, или во кој доминантна би била мисијата на вистинската информација,
со помалку политичка определба и помалку зависност од финансиерот, тогаш
лично сум убеден дека тој весник најмногу ќе профитира. Има една среќна
околност што се појавија бројни неделници, но за жал сите тие се појавија по
осамостојувањето на Македонија. Сепак и тие на некој начин се, ако не сите,
барем дел од нив се врзани за некои политички партии, без оглед што се
нарекуваат независни. Не сакам да ги прескокнам и заборавам локалните
весници без разлика дали се дневни, неделни, или весници кои излегуваат
еднаш месечно. Нив во 1984 година ги имаше 16, а сега едвај околу три-четири
весници. Не може толку весници на опстојуваат од продажба ако само го
почитуваат геслото на вистината на професијата. Нема ни теоретска шанса.
Мора да бидат финансирани од некој моќник кој индицира и уредувачка политика.
Сето тоа е нотирано во оваа втора книга до оној период додека е направена
анализата.
РАДИО И ТВ
За електронските медиуми има и во правата и во втората книга. Во една од
нив м-р Нинески говори за појавата на првото радио во светот прифатено од
масовното граѓанство во 1917 година во Петербург. Првиот глас кој тогаш бил
слушнат во етерот бил на Ленин кој се обратил до граѓаните. Оттогаш радиото
се смета во функција на граѓаните како цивилизациска придобивка.
До 1926-27 година претежно сите европски земји се снабдиле со
радиостаници и веќе емитувале програма, вели м-р Нинески. Тогаш е
потпишан женевскиот план за да има некаков ред во етерот. Во тоа време
Југославија чувствува потреба за развој на радиодифузијата. Покрај
радиостаницата во Белград, има инсталирано и во Загреб и во Љубљана за потоа
во Женева да побара да & се дозволат уште три-четири фреквенции и тоа за
Скопје, Осиек, Сплит, Бања Лука, Сараево. Во 1931 е доделна фреквенција за
Скопје, но бидејќи женевскиот план имал клаузула за земја тоа би значело
покрај Срби, Хрвати и Словенци да се признае дека има и Македонци.
Поради таа клаузула Југославија не ја отвора радиостаницата се до 1941
година со седиште во Маџари. Но, со бомбардирањето на Македонија
новите сопственици Бугарите ја присвојуваат радиостаницата и ја користат за
свои цели како и претходните иматели на станицата. Меѓутоа, ние
официјално го прифаќаме македонското радио од 1944 година затоа што за прв
пат од наша територија на наш македонски јазик се емитуваше радио програма.
Тоа биле тешки почетоци на македонското радио.
Но, денес состојбата е поинаква. Во Македонија има силен бран на радио и
телевизиски станици.
Како и весниците така и електронските медиуми многу се бројни, меѓутоа
содржински мислам дека граѓаните на Македонија и натаму имаат жед за
информации, додава м-р Нинески. Можеби таквата расцепканост,
бројноста на медиумите го предизвика граѓанинот, консумент на информации и
содржини, седење пред екранот. Сметам дека треба на македонското
радио и на македонските локални станици треба да им се најде модел за да
можат да се надградуваат и да бидат што понезависни.
Третата книшка "Избори и медиуми" на м-р Нинески напишана е од друг
аспект. Во неа е содржан еден преглед на изборите од 1990 до 2000 година во
кој се запишани пратеници, одборници, председателски избори, локални избори,
појавата на општествено политичките партии во Македонија, чиј број
достигнува до 100. Потоа во книгата се опфатени успешноста или неуспешноста
на бројните политички партии со своите програми да ги измамат граѓаните да
гласаат или да не гласаат за нив, придружени со изборните кампањи. Во неа
опфатени се и медиумите и нивниот придонес во процесот на изборите.