ко е точно дека "таму каде што
има чад, има и оган", тогаш за скоро време не би требало да се изненадиме
ако терористичката Демократска унија за интеграција стане главен газда во
авиобизнисот.
Бизнисменот од Обединети Арапски Емирати, Хамад Али Јабор ал Хани,
сопственик на фирмата "Блу ер лис", се спомнува како иден главен финансиер
за формирањето нов авиопревозник во Македонија. Бизнисменот од Емиратите
пред повеќе од еден месец бил на разговори во Управата за цивилна воздушна
пловидба и се интересирал за можностите за отворање нов авиопревозник во
земјава, односно за добивање дозвола за летање. Тој, како што се дознава,
наводно, е доминантен сопственик на хрватската компанија "Адриатик ер", а во
круговите на авиобизнисот неговата заинтересираност за оформување компанија
во земјава се посочува како дел од поголем проект за пошироко покривање на
пазарот во регионов, каде што покрај Хрватска и Босна и Херцеговина би се
вклучиле и Македонија и Косово (новата компанија, наводно, ќе биде "заедничка").
Како негови партнери во авиобизнисот се спомнуваат познатите туроператори
Беџет Салаху, кој дејствува на швајцарскиот пазар и неговиот брат Сабри Алиу,
кој ја има домашната агенција "Мергими", а кој на домашниот пазар со години
соработуваа со "Авиоимпекс". Притоа, веројатно се проценува дека со оглед на
фактот дека кадар на ДУИ е на сите раководни места во државата врзани за
авиосообраќајот, конечно е созреано време наместо да се продаваат авиобилети,
да се формира сопствена компанија за собирање на бериќетот.
Моментално се шпекулира за активирање на нов авипревозник. Се се одвива
стихијно, се е во круговите на ДУИ од каде ништо не излегува надвор. Едно е
сигурно, а тоа е дека Македонците нема да имаат просперитет од евентуалниот
нов косовско-македонски авиопревозник кој ќе вработува само Албанци.
Единствено не би можеле да вработуваат пилоти-Албанци оти такви нема. Да се
биде национален авипревозник значи многу, тој го собира кремот,
коментира нашиот извор.
Ако е за утеха, ќе го наведеме мислењето и на уште еден наш извор од
круговите на авиобизнисот кој вели дека ДУИ не може да се смета за клучен
елемент во авиосообраќајот. Оттука и констатацијата дека Македонија нема
глобална стратегија како да го искористи авиобизнисот, односно да оствари
профит!
ШПЕКУЛАЦИИ ИЛИ...
Дека сето ова не се само шпекулации можеби е потврда фактот дека многу
брзо по водените разговори во Управата за Цивилна воздушна пловидба
сопственикот на "Мергими", Сабри Алиу, има регистрирано фирма во земјава под
име "Ер Вардар". Оваа, како што е наведено, проект-фирма, се дознава дека е
регистрирана на 25 февруари годинава и е заведена како друштво за авиопревоз,
производство, трговија и услуги, а косопственик е извесен Скендер Шабани.
Формирањето фирма за авиопревоз сигурно не значи веднаш и формирање нова
компанија, меѓутоа е индикативен податок, на што се надоврзуваат и
информациите од пилотските кругови дека со некои од нив веќе било
разговарано за можноста во иднина да летаат со новиот превозник, а било
кажувано дека и други луѓе кои порано работеа во "Авиоимпекс" на различни
места се планираат да влезат во "Ер Вардар".
Како доказ за наводното создавање на новата авиокомпанија на ДУИ говори и
огласот на "Рајзебиро Приштина" објавен во весникот "Факти", потпишан од
познатиот туроператор Беџет Салаху. Во него се кажува дека оваа агенција е
во реализација на проектот за формирање авиокомпанија за Косово и за
Македонија поради што се информира албанската популација во Косово,
Македонија, како и албанската дијаспора дека се подготвени за соработка.
Притоа, се информираат сите лица и сопственици на фирми кои имаат капитал
дека се подготвени за заедничко инвестирање. Во истиот оглас се наведува
дека раководниот тим на агенцијата го има завршено и делот од проектот за
комплетирање на потребниот персонал и тоа на пилоти (Албанци), лица за
техничко одржување, како и стјуардеси. Огласот говори сам по себе, коментар
не е потребен!
ЗАЖИВУВАЊЕ
Во меѓувреме, се појавуваат и информации околу можноста "Авиоимпекс"
повторно да се активира, при што оваа варијанта се врзува за најголемиот
коалициски партнер во Владата. Имено, Агенцијата за приватизација неодамна
најави дека по усвојување на новите законски измени ќе почне со новиот начин
на продажба на сопствените удели во некои фирми. Меѓу нив, на списокот е и "Авиоимпекс",
од кој ќе се продаваат 38,89 отсто од акциите кои се во сопственост на
државата. Оваа компанија, која веќе нема дозвола за летање, деновиве избегна
поведување стечајна постапка, за што имало барање од доверителите.
Заживувањето на овој превозник се поврзува со големите побарувања кои од неа
ги има "Комерцијална банка", чиј поранешен директор е актуелен министер, а
сегашниот е во Претседателството на СДСМ. Познато е дека покрај објекти
дадени под хипотека кај оваа банка, е и еден авион, кој поради неплаќање на
обврските за направените контроли е "заробен" во Рим.
ЦЕЛ
Идејата за создавање косовско-македонски авиопревозник е веќе зацртана
како партиска цел на ДУИ. Оттаму и со формирањето на коалициската Влада се
инсистираше на сите клучни места врзани за авиобизнисот да се постават луѓе
од партијата на Ахмети. Меѓу кадрите на ДУИ е и министерот за транспорт и
врски, Милаим Ајдини, директорот на Управата за цивилна и воздушна пловидба,
Илир Мехмеди, раководителот на Контролата за летање, Фахрудин Хамиди, и
директорот на аеродромското претпријатие, Фатмир Бесими. Неодамна од местото
директор на скопскиот Аеродром е разрешен Зоран Илиевски, без притоа да се
назначи нов човек, со што се создаде апсурдна ситуација нашето
авиопристаниште да биде раководено од заменик-директорот на овој Аеродром,
Хиса Хасани, и заменикот на Јавното претпријатие за аеродромски услуги, Миле
Зечевиќ. Инаку, на неодамнешна прес-конференција запрашани за формирање на
нова авиокомпанија, министерот Ајдини и директорот на УЦВП, Мехмеди
одговорија дека за такво нешто немаат информации.
Целта на новата компанија, покрај другото, е да стане дел од проектот за
заземање на пазарот во еден поширок регион, каде што новиот домашен
превозник треба да има значајно место и да го собира кајмакот од домашниот
превоз. Во неа, поради немање кадри, би биле поставени луѓе кои порано беа
ангажирани во некои од пропаднатите авиокомпании. Но, новата авиокомпанија
не стреми кон тоа да стане национален авиопревозник, туку да формира
чартер-компанија која ќе може да лета таму каде што има интерес и кога има
патници. Но, како пречка во реализирањето на крајните цели е договорот со
МАТ за редовен авиопревозник. Во договорот е јасно прецизирано дека секој
друг превозник во земјава може да лета таму каде што оваа компанија не лета,
а летањето на линиите каде што има воспоставено редовен сообраќај да биде во
согласност со него. Оттука, впрочем, произлегува барањето на УЦВП за
ревизија на договорот со МАТ. Меѓу другото, министерот Ајдини рече дека
според него има простор за неколку компании и дека може да се формира нов
превозник, со нови луѓе, бидејќи оние кои досега биле вклучени во
авиобизнисот не знаеле да работат. Колку и како ќе профункционира
косовско-македонскиот авиопревозник останува да се види, а ваквите изјави на
Ајдини јасно и гласно упатуваат на нешто кое би се дефинирало како најава за
косовско-македонски авиопревозник - зацртана политичка цел на ДУИ.