ПОЛИТИКА

Јордан Костадинов - Иванов, член на Управниот совет на ОМО – Илинден

РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ЈА ПОДЕЛИ МАКЕДОНИЈА

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

  • Само Македонците, објаснува господинот Јордан Костадинов - Иванов, член на Управниот совет на ОМО - Илинден, велат дека се Македонци во историските етнички граници на Македонија. Ниедна друга националност - Срби, Албанци, Турци, Власи итн., кои живеат во историските граници на Македонија, не се нарекуваат Македонци, а си имаат свој национален белег. Тоа значи дека тие дошле на туѓа територија и не можат да посегаат по неа.
  • Никој не може да преговара за името - ниту државниците, ниту политичарите. Тоа право го има само македонскиот народ, зашто тоа име опстојувало со векови. А, тоа што сега некои државни политичари од Македонија си дозволуваат да преговараат за името, да посегнат по најскапото нешто за една нација - името, е безумие, варварство, вели господинот Иванов.

Македонците во Пи-ринска Македонија, и покрај притисоците од бугар-ската власт, ја продолжуваат традицијата да ги празнуваат позначајните датуми од македонската национална историја. Меѓу празниците на кои тие им посветуваат особено внимание се четврти февруари - раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев; потоа на 22 април - кога е убиен Јане Сандански - Македонците се собираат на Рожденскиот манастир, за да му оддадат почит. Тие ќе му оддадат почит на Гоце Делчев и на 4 мај оваа година, кога се навршуваат 100 години од неговата смрт, а на 2 август годинава ќе ја одбележат и стогодишнината од Илинденското востание.

Македонците од пиринскиот дел на Македонија од неодамна почнаа да го празнуваат и 12 септември - Денот на извршениот геноцид врз македонскиот народ од страна на бугарските влади во минатото. Го одбележуваат и Кресненското востание, потоа празникот на светите браќа Кирил и Методиј итн.

Во оваа година, вели господинот Јордан Костадинов - Иванов, член на Управниот совет на ОМО - Илинден, задолжен за заштита на човековите и националните права на Македонците во Бугарија и пред Европскиот суд во Стразбур, во тек се две дела пред Европскиот суд. Во 2002 година ние ја обвинивме Бугарија во Стразбур поради тоа што до 1997 година не дозволуваше македонски собири и прослави. Второто дело за кое се суди Бугарија е периодот од 1997 - 1998 година, како и одбивањето на регистрацијата на ОМО - Илинден во 1999 година. Бугарија ќе треба да даде одговор пред Европскиот суд во Стразбур зошто ја прекршува Конвенцијата за заштита на човекови права.

И покрај тоа што Бугарија се суди во Стразбур, нема некоја позначителна промена во односот на бугарските власти кон Македонците во Пиринско. Бугарските власти им дозволиле на Македонците да одат на Рожден и на Самоиловата крепост, но имале проблеми при одбележувањето на 12 септември - денот на геноцидот врз македонскиот народ.

СОЧУВСТВУВАЊЕ

Македонците од Пиринско, вели господинот Иванов, соочувствуваа со трагедијата што на Македонија & се случи во 2001 година и ако беа повикани да дојдат да се борат во Македонија, ќе дојдеа да му помогнат на својот народ.

За Рамковниот договор, кој беше потпишан во Охрид, и кој многумина го осудуваат, господинот Иванов објаснува дека, иако тој не го знае оригиналниот текст на овој Договор, тоа е уште една поделба на Македонија. Нашите државници и политичари, како што тврди господинот Иванов, не се достојни и смели да ја одбранат македонската национална кауза. Тој Договор треба да се поништи. Во спротивно, може да се случи западниот дел да се оддели од државава, а Македонија без западниот дел не може да опстане - ниту економски, ниту политички. Во овој дел е најголемото богатство на Македонија - сточарството, шумарството итн.

Употребата на албанскиот јазик во Собранието, вели господинот Иванов, произлегува од Рамковниот договор. Албанците полека си го остваруваат тоа што произлегува од охридската Спогодба. Како што тргнале работите, една од формите и начините да се спречат локалните војни врз етничка основа ќе биде да се разменат териториите.

Едно од актуелните прашања во Македонија е прашањето за името. Македонската страна во преговорите ќе ја претставува амбасадорот на РМ во Обединетите нации, Никола Димитров. Господинот Иванов вели дека никој не може и не смее да преговара за името - ниту државниците, ниту политичарите.

Тоа право го има само македонскиот народ, зашто тоа име опстојувало со векови. А, тоа што сега некои државни политичари од Македонија си дозволуваат да преговараат за името, да посегаат по најскапото нешто за една нација - името, е безумие, варварство. Секој народ, секоја нација, треба да има свое национално име. Ако тоа било географско, станува национално. Македонското древно име опстојувало со векови, иако Византија во одредени периоди Македонија ја прекрстувала во Тракија, а Тракија во Македонија, за да може со таква стратегија да ја избрише македонската национална свест, но не успеала. Грција сега сака да го избрише македонското име за да може да ги зачува туѓите територии под окупација на Грција, како Егејска Македонија, вели господинот Иванов.

КАУЗА

Албанците на Балканот се борат за остварување на каузата за "Голема Албанија". Секој народ, коментира господинот Иванов, ако е поделен со војна, има право да бара да се обедини, како што и ние Македонците имаме право да бараме да се обедини Македонија.

Само Македонците велат дека се Македонци во историските етнички граници на Македонија. Ниедна друга националност - Срби, Албанци, Турци, Власи, итн., кои живеат во историските граници на Македонија, не се нарекуваат Македонци, а си имаат свој национален белег. Тоа значи дека тие дошле на туѓа територија и не можат да посегаат по неа. Сепак, ваквите работи се прашања за историчарите, за македонската древна наука, потенцира господинот Иванов.

И покрај тоа што на Бугарија & е отворена вратата за влез во НАТО и Европската унија, оваа соседна држава продолжува со дискриминацијата на националностите.

Во Бугарија живеат и други националности, но главната битка се води за македонските права. Бугарите ја присвојуваат македонската култура и македонската историја и ја прикажуваат како своја, а тоа е варварство. Македонските песни во бугарските медуми се прикажуваат и се пеат како бугарски. Ја асимилираат и културната и националната свест, вели господинот Иванов.

Токму бугарската пропаганда, како што потенцира Јордан Костадинов - Иванов, ги поделила Македонците на разни политички партии и организации.

Сепак, вели Иванов, треба да се обединиме сите Македонци во Пиринско, бидејќи целта на сите ни е првенствено зачувување на македонскиот национален идентитет, а потоа економската моќ и учеството во власта.

Загрижувачки е тоа што ниту претходната, ниту оваа актуелна Влада не се интересираат за Македонците во Пиринска Македонија. Господинот Иванов се прашува дали е тоа некаква политика, заштита на некакви интереси или нешто слично. 


Во Бугарија живеат и други националности, но главната битка се води за македонските права. Бугарите ја присвојуваат македонската култура и македонската историја и ја прикажуваат како своја, а тоа е варварство. Македонските песни во бугарските медуми се прикажуваат и се пеат како бугарски. Ја асимилираат и културната и националната свест, вели господинот Иванов.

Токму бугарската пропаганда, како што потенцира Јордан Костадинов - Иванов, ги поделила Македонците на разни политички партии и организации.

Сепак, вели Иванов, треба да се обединиме сите Македонци во Пиринско, бидејќи целта на сите ни е првенствено зачувување на македонскиот национален идентитет, а потоа економската моќ и учеството во власта.


Во оваа година, вели господинот Јордан Костадинов - Иванов, член на Управниот совет на ОМО - Илинден, задолжен за заштита на човековите и националните права на Македонците во Бугарија и пред Европскиот суд во Стразбур, во тек се две дела пред Европскиот суд. Во 2002 година ние ја обвинивме Бугарија во Стразбур поради тоа што до 1997 година не дозволуваше македонски собири и прослави. Второто дело за кое се суди Бугарија е периодот од 1997 - 1998 година, како и одбивањето на регистрацијата на ОМО - Илинден во 1999 година. Бугарија ќе треба да даде одговор пред Европскиот суд во Стразбур зошто ја прекршува Конвенцијата за човекови права.


 

Горе

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"