ПОЛИТИКА

Миодраг Календар Хаџи - Ристиќ, етнолог, за проблемот со Албанците на Балканот, но и во Европа

РАМКОВНИОТ ДОГОВОР Е НЕКРОЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Пишува: Жаклина МИТЕВСКА

  • Иако во јавноста струјат информации дека Македонија мора да го прави тоа што & го сервираат од надвор и дека во спротивно лошо ќе си помине, господинот Календар Хаџи - Ристиќ вели: Има ли полошо од тоа да станеме "Албаномакедонија" и со тоа Македонија еден ден да ја нема.
  • Како, прашува етнологот Хаџи - Ристиќ, Македонците да се вратат во родните огништа во Тетовско, кога куќите им се запалени, а Арнаутите домовите на Македонците се уште ги палат. Каква гаранција, потенцира Хаџи - Ристиќ ќе имаш од комшијата - Арнаутин кој живее до тебе заграден со голема порта? Кој ќе ти ја гарантира безбедноста?

За неполн век Македонија доживеа три окупации. Првата се случи за време на Првата светска војна, 1914 - 1918 година, втората од 1941 до 1945 година, а третата е окупацијата од Арнаутите - Албанците, вели етнологот Миодраг Календар Хаџи - Ристиќ и потенцира: Рамката, односно Рамковниот договор што ни го наметнаа Арнаутите и Западот е срамен ултиматум. Тоа е некролог за Република Македонија. Државава е готова, закопана. Еден ден, додава овој етнолог, Западот ќе жали што го прави ова во светот.

Рамката, потсетува господинот Хаџи - Ристиќ, во Призрен ја скроија Али Ахмети и Џејмс Пердју. Потоа нашиот Претседател отиде во Америка и го донесе тој ултиматум за да ни каже како да работиме.

Ние, како што потенцира господинот Хаџи - Ристиќ, постојано ги слушаме советите на другите како да работиме во својата земја. Тоа значи дека немаме ред во државава. За работите во својата држава треба сами да одлучуваме, а не некој однадвор да ни кажува што треба да правиме.

Запрашан за тоа како да & се спротивставиме на ваквата политика, етнологот Хаџи - Ристиќ вели: Или ќе бидеме лојални граѓани на оваа земја или местото не ни е тука, или со други зборови, човек само во својата куќа може да прави што сака.

Иако во јавноста струјат информации дека Македонија мора да го прави тоа што & го сервираат од надвор и дека во спротивно лошо ќе си помине, господинот Хаџи - Ристиќ потенцира: Има ли полошо од "Албаномакедонија" и од тоа Македонија за 10 - 20 години да ја нема?!

Досегашните македонски политичари кои беа на власт не управуваа со државава како што треба, односно ја одведоа во погрешна насока. За состојбата во која денес се наоѓа Македонија виновни сме самите.

Ние, објаснува Хаџи - Ристиќ, го продадовме и телото и душата. Нам ни треба цврста македонска владејачка рака. Господинот Бучковски укинува касарни, прави место некој да се шири. Не може некои, вели Хаџи - Ристиќ, да ми се лутат што не го сакам Бранко, бидејќи додека неговата Дебарца гореше, тој се прегрнуваше со Али Ахмети.

Иако денес некои политичари ја критикуваат коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ, нашиот соговорник се согласува дека независно дали станува збор за ОНА, АНА, ДПА, ДУИ итн, целта на сите Албанци е иста - "Голема Албанија". Албанската политика ги злоупотребува Македонците. Од нивното меѓусебно карање полза имаат само Албанците.

Јас, вели господинот Хаџи - Ристиќ, немам причина да бранам никого, ни оние што сега владеат, ни оние што владееја порано. Факт е дека никој од нив не направи ништо добро за Македонија. Јас на 16 годишна возраст како партизан сум ја бранел Македонија, но денес на 77 години не можам.

МАФИЈА

Проблемот со Арнаутите, како што ги нарекува господинот Хаџи - Ристиќ, Албанците (на арапски значи "неповратник") е присутен во 27 држави во Европа, или со други зборови скоро цела Европа има проблем со Арнаутите. На Балканот најсилна е албанската мафија, а полека таа зазема простор и во Америка. На Балканот албанската мафија ја спроведува својата кауза, односно идејата за "Голема Албанија". Албанската кауза не може да се реализира без пари, па затоа тука голема улога има криминалот.

Идејата за "Голема Албанија", како што објаснува етнологот Хаџи - Ристиќ, првпат се појавила во 1873 година. Тогаш започнува Источната криза за да заврши со Сан Стефано, односно со Берлинскиот договор. Идејата за "Голема Албанија" Арнаутите ја спроведуваат со албанизација на населението. Иако Источната криза започнува кон крајот на 17 век, во 18 век таа е со полн успех, а во 19 век Албанците конечно излегле на Морава. Колку пати, потсетува господинот Хаџи - Ристиќ, Албанија ја промени својата политика. Еднаш водеше руска, еднаш кинеска, па Титова политика, па Енверхоџова политика итн. Ние тогаш примавме луѓе од Албанија, им дававме имот и им помагавме да живеат во слободна комунистичка Југославија, а не да живеат во тероризирана Албанија. Чија беше таа политика да примаме Арнаути? На Запад, апсолутно, бидејќи Западот бараше начин да дојде на Балканот. По поделбата на Европа во 1916 година, Вилсон е единствен американски претседател кој побара Македонија да биде дел од Америка. Западот преку Албанците сака да ги реализира своите цели на Балканот и тоа преку пробивањето на моравската, а сега и преку пробивање на вардарската линија. Целта на Западот е нафтоводот да се довлечка до Албанија. Но, и Грците имаат проблем со таканаречената Чамерија на Албанците за што во иднина ќе мораат на кој било начин да најдат спас.

ФЕДЕРАЦИЈА

Во јавноста проструија информации, а и некои медиуми ја објавија веста за формирање на некаква балканска федерација. Иако искуството не учи дека сите досегашни федерации и идеи за нивно формирање пропаднале, за господинот Хаџи - Ристиќ, балканска федерација за Македонија ќе значи многу. Според овој етнолог со балканска федерација ќе се утврди непроменетост на границите, а и Грција ќе мора да ја признае Македонија како член на тоа друштво. На тој начин би ја зајакнале и македонската дијаспора. Се појавија и информации дека на евентуалната балканска конференција ќе има ново прекројување на границите, но господинот Хаџи - Ристиќ вели дека промоторите на таа идеја се колнат дека ќе нема прекројување заради тоа што, ако дојде до прекројување, многу граници ќе ги снајде истата судбина.

Во Македонија, вели етнологот Хаџи - Ристиќ, се појавува една чудна ситуација. Иако исламот не дозволува да се истакнуваат знамиња на џамии, денес ако прошетаме низ државава ќе видиме дека на секоја џамија има истакнато знаме. Што означува тоа? Се разбира, означува територија.

Безбедносната состојба во државава е далеку од стабилна. Македонците од кризните региони, освен што ги избркаа од родните огништи, сега ги бркаат и од колективните центри.

Како, вели господинот Хаџи - Ристиќ, можеме да тврдиме дека сме безбедни кога постојано ни се случува егзодус на Македонците. Како, прашува овој етнолог, Македонците да се вратат во родните огништа кога куќите им се запалени, а Арнаутите се уште ги палат домовите на Македонците? Каква гаранција ќе имаш од комшијата - Арнаутин кој живее до тебе заграден со голема порта? Тоа е таа политика на територии.

Западот ни диктира да градиме мултиетничко општество, а од друга страна на Западот се зацврстува концептот на национални држави. Што се крие зад сето тоа?

Се крие намера за економска моќ, за владење. Раздели, па владеј. Како што ни тргнале работите, утре ќе доживееме и коњот на Али Ахмети да влезе во Парламентот. Македончето многу греши што дозволува и прави се како што другите ќе му кажат. Би бил среќен ако еден ден Скендербег се појави во Чаир, зашто тој воопшто не е Арнаутин, вели етнологот Хаџи - Ристиќ.

За македонските Словени на Претседателот, термин кој по реакциите во медумите Трајковски го смени, господинот Хаџи - Ристиќ вели:

Кај нас е трагично што дозволивме еден несериозен човек да ја води државата, па воопшто не треба да не зачудува кога од негова страна ќе слушнеме или ќе прочитаме за таква дефиниција на македонската историја. Во општествениот развој на древните народи се и Македонците. Македонскиот народ е еден од старобалканските народи, кој во својот општествен развој се искачува по скали на здружување. Во тоа здружување ја создал и Македонија.

Запрашан за тоа како ние да го решиме проблемот со Албанците на Балканот, господинот Хаџи - Ристиќ накусо ни одговори: Со миграции кои можат да бидат насилни поради војни, поради глад или болест, или со примена на нивниот метод - демографијата.


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"