а остварување на својата света
должност, според Хасан Ел Бана, основачот на "Муслиманското братство" и
главен идеолог на сите екстремни исламски фундаменталистички организации,
муслиманските фундаменталисти се служат со најразлични средства и методи
како што се постојаната верска пропаганда, верската поука, финансирање на
изградбата на верските објекти, образовните и културните институции,
разновидни облици на хуманитарни активности кои најчесто се злоупотребуваат
за криминална, политичка, воена и разузнувачка дејност.
Во современите услови исламските фундаменталисти често се служат и со
најрадикални средства и методи како што се атентати, грабнувања на лица,
авиони, бродови, автобуси, неселективни терористички акции, учество во
локалните воени судири и водење на верски војни на страна на обесправените и
угнетуваните народи, особено муслиманските. Сето ова се оправдува со
принципите на Џихадот - светата војна.
ЈАПОНИЈА И ИСЛАМОТ
Прифаќајќи ги екстремните средства и методи, исламските фундаменталисти
прераснуваат во исламски екстремисти за кои е карактеристична фанатичната,
безрезервна приврзаност кон главните исламски фундаменталистички начела,
негување на култот на мачеништвото во светите војни за победа на Исламот и
целосна убеденост дека за остварување на оваа цел се оправдува примената на
сите расположиви средства.
Исламските екстремисти ги активираат севкупните потенцијали во кризните
состојби, посебно политичките, економските и воените. При ваквите кризни
ситуации доаѓа до израз основната движечка сила на исламскиот
фундаментализам и неговите најекстремни форми, што се состои во фактот дека
тој се повикува на исламската религија и бара строга примена на нејзините
принципи поради што добива целосна поддршка и одобрување од широките маси на
исламските верници, што го чини фундаментализмот постојано активен и
непресушлив извор на опасностите по светскиот мир и безбедноста.
Најдобра илустрација за милитантноста на исламот можеме да ја пронајдеме
во делото на германскиот филозоф Валтер Пал, "Барутот мириса", објавена пред
Втората светска војна. Во поглавјето "Јапонија и исламот" меѓу другото е
запишано: "Јапонија денес кон исламот покажува особено активен интерес. Пред
војната речиси немаше Јапонец муслиман. Во февруари 1935 година во Јапонија
веќе имаше голем број џамии, а јапонската Влада го призна исламот како една
од државните вери.... Навистина оваа религија им е потребна на Јапонците".
И, навистина, нема ниту една религиска наука која би го санкционирала
империумот така видно како што го прави тоа исламот. "Вие, верници,
завојувајте со оние неверници кои ви се најблиските соседи, бидете постојано
упорни во нападот". Така е тоа напишано во Куранот.
Како што напишал Валтер Пал за исламот, пред седумдесет години цитирајќи
го Куранот, истото во своите анализи и безбедносни проценки го запишале
безбедносно-разузнувачките служби на Франција, последниве години: "Исламот е
доминантен во севкупните општествено-политички, културни и други односи
денес, во преку 40 држави во светот. Тоа пред се се Арапските држави за кои
исламот е темел на нивните уредувања, а Куранот моќно средство за
остварување на нивните пошироки политички, економски и воени амбиции и
интереси.
Во меѓусебното натпреварување за доминантна улога во исламскиот свет и
званично залагање за извоз на исламската револуција, било да настапуваат од
позиција на владејачки државни структури или од позиции на опозицијата, тие
се перманентна закана за внатрешната стабилност на државата со можности за
загрозување на регионалната и поширока безбедност...".
Во овие држави, велат француските шпионски извори, се формираат
финансиски моќни исламски фундаменталистички екстремни и терористички
организации кои за реализирање на својата единствена цел - доминација на
исламската религија во светот, не само што предвидуваат, туку и целосно
применуваат екстремни методи и радикални средства.
Јавно се оградуваат, а тајно ги финансираат екстремистите и терористите,
ги опремуваат со воена опрема и оружје. Вршат обука и тренинг на воените
полигони и специјалните логори за воена обука, а не ретко и преку персонална
и друг вид логистичка поддршка од специјализираните институции на одделни
држави, ги прифаќаат и им нудат засолниште по изведените акции.
ИСЛАМСКАТА РЕВОЛУЦИЈА
Последните десет години исламот постојано е во експанзија. Се работи врз
регионалното и пошироко меѓународно поврзување заради координирано
дејствување со цел воспоставување на исламската религија и култура, особено
во земјите каде што Муслиманите се малцинство и каде што водат војни со
припадниците на преостанатите религии. Случаи во Индонезија, Источен Тимор,
Халмахер од архипелагот на Молучките Острови, северен Целебес, Амбоен и
Тобело, Филипини, Малезија, Чеченија, Македонија, Косово и Метохија, Јужна
Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Босна и Херцеговина.
Најголем проблем за француските служби за безбедност не претставуваат
радикалите на муслиманскиот фундаментализам, туку американските интереси во
исламскиот свет, пребогат со нафта, која американските петрол компании ја
експлоатираат во бесценетост. Однесувајќи се арогантно кон локалните држави
и корумпираните влади, жестоко експлоатирајќи го сиромашното население,
носителите на американскиот неоимперијализам, со огромните профити ги
поткупуваат, не само арапските политичари, туку и политичкиот врв на САД,
Англија, Германија, Франција, Канада и други земји, потчинувајќи ги за
сопствените потреби и цели. На тој начин, петрол доларите, ја креираат
политиката на американските безбедносни интереси, на одделни подрачја богати
со нафта, ги елиминираат фирмите на своите сојузници, го толерираат, а во
извесна мера и поттикнуваат исламскиот радикализам. Таков случај се
Талибанците во Авганистан, муџахедините во Босна, припадниците на ОВК на
Космет и ОНА во Македонија, исламските терористи во Чеченија и поранешните
муслимански републики на некогашниот Советски сојуз, Источен Тимор и
Индонезија.
Разузнувачките и контраразузнувачките служби на Франција, покрај одредени
постигнати резултати на полето на тајните активности, бележат и евидентни
промашувања и неуспеси во Африка, Блискиот и Далечниот Исток и Европа.
Случаите на тајните полувоени активности се протегаат од војната во Лаос,
Камбоџа, Малезија, Бурма, преку Намибија, Ангола, Зимбабве, Конго, Еритреја,
Сомалија, Џибути, Шпанска Сахара, Индонезија, Португалски Тимор до Грузија,
Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Индија и многу други "пријателски земји"
како што се Мексико, Канада, Турција, Кипар, Израел.
Според одделни извори на безбедносните служби на Руската федерација, може
да заклучиме дека француската разузнувачка служба силно е инволвирана во
судирот и организацијата на терористичките активности во одделни руски
републики, особено Чеченија и соседните држави од поранешниот СССР, преку
целосна и значајна поддршка на ЦИА за организирањето и воспоставувањето на
нафтениот Џихад на исламизмот во Каспиското геостратешко подрачје.
Операцијата "Ѕуница на нестабилноста" што ја водат американските специјални
служби, реално допринесува за распространувањето и разгорувањето на
исламскиот фундаментализам. Исламските нафтени банки со зелените
петрол-долари ги финансираат инструкторите и организаторите на исламските
терористички и екстремистички групи. Така со доларите на Вашингтон и Риад,
ЦИА го создаде монструмот О.Б. Ладен.
Неспорни се сите дострели на демократијата во Франција, особено по
доаѓањето на власт на социјалистите на Жоспен и деголистите на Ширак, но за
жал империјата и благосостојбите што ги носела таа останале во
најконзервативните структури на државата - разузнувачко-безбедносните.
Во безбедносните организации на модерна Франција ги нема веќе
симпатизерите на ОАС и генералот Салан кои до последен миг се противеле на
одлуката на француските власти да го напуштат "вечно францускиот Алжир", но
најголем број од нив и денес се наоѓаат на страната на десните сили во
Франција. Затоа, воопшто не може да не зачуди фактот што француските тајни
служби многу посервилно се однесуваат кон американските разузнувачи и шпиони,
од француските политичари во Париз, кон Вашингтон.
ТАЈНИТЕ ЗДЕЛКИ НА ФРАНЦИЈА!?
Но, Франција ја имаше и таа "среќа" на нејзината територија континуирано
до денес да престојуваат, да се организираат и да дејствуваат припадниците
на муслиманскиот фундаментализам, почнувајќи од Иран, Алжир, Тунис, Мароко,
Палестина, Либија, Либан, Пакистан, Турција, Судан и други исламски земји.
Од тие причини Париз е особено чувствителен на исламската закана за
воспоставување на "Исламистан" - држава на сите муслимани од Атлантикот до
Пацификот.
На актуелната политичка сцена се одвива одмерувањето на силите и
натпревар за доминација помеѓу Иран, претставник на шиитскиот ислам и
Саудиска Арабија која го застапува мнозинското сунитско исламско население.
Покрај нив, значително влијание врз продорот и ширењето на муслиманскиот
фундаментализам и зацврстување на исламската религија во светот имаат Египет,
Пакистан, Бангладеш, Судан, Кувајт, Либија, Малезија, Турција и Авганистан.
Француските разузнувачи и контраразузнавачи имаат комплетна студија за
носителите на исламскиот фундаментализам, за средствата и методите преку кои
се манифестира и улогата на одредени држави во неговото јакнење и ширење.
Така, ЦИА има добиено најсуптилни податоци за креаторите и носителите на
извозот на исламската револуција што Исламската Република Иран од 1979
година, по успешно изведената исламска револуција под лидерството на
ајатолахот Рудолах Хомеини, кој уживаше гостопримство во Париз, отворено го
прокламира како крајна цел - враќање кон изворните исламски начела содржани
во Куранот, Хадитот и шеријатското право. Париз и денес е седиште на
опозиционите групи на актуелната власт во Техеран. Меѓутоа, и покрај
жестокото противење на големиот сојузник САД, кој не може да ги заборави
претрпаните понижувања во Техеран, прогласувајќи го Иран за терористичка
држава, Франција негува тесни економски и други врски и односи со Исламската
Република Иран. И тука Франција ги става интересите, пред пријателството.
Кога ова ќе го разберат и луѓето на Балканот кои се занесуваат со некое и
некаквоси романтично пријателство со Французите?!
(Продолжува)