о три години пауза, годинава
повторно се одржа "Шара купот", македонскиот скијачки бисер и досегашен
македонски презентер во Европа. Но, годинава Шарпланинскиот куп има две
значења; првото е она натпреварувачкото, второто е она кое е многу поважно,
а тоа е да се докаже дека конечно работите во Македонија се доведени до
некој ред и дека колку толку може да се чекори слободно на секој дел од
македонската држава.
Од натпреварувачки аспект организаторите успеаја да донесат
натпреварувачи од седум земји и тоа во една завидна бројка од 60
натпреварувачи што претставува одличен успех имајќи ја предвид целокупната
ситуација во нашата земја во изминативе години.
Покровител на цела манифестација беа Владата на Република Македонија,
Агенцијата за млади и спорт и Скијачката федерација на Македонија.
НАТПРЕВАРУВАЧИ
Сепак, мора да се каже дека организацијата потфрли затоа што навистина
беше недопустливо да се има толкава импровизација на еден толку значаен
настан и тоа од повеќе аспекти.
Од натпреварувачкиот дел уште би издвоиле дека најдобар во машка
конкуренција беше Французинот Александар Леве, а во женска конкуренција
победничка беше Бугарката Марија Киркова. Мора да напомнеме дека овде наш
најдобар натпреварувач беше македонскиот претставник на светското скијачко
првенство, Ѓорѓи Марковски, кој овде го освои 12 место. За жал, секако мора
да споменеме дека на овој куп Македонија немаше свој женски претставник,
факт кој треба да загрижува и да предупредува за иднината на македонското
скијање. А, само да потсетиме дека нашиот прв олимпиец беше токму скијачката
Весна Дунимагловска. Значи, се доведовме до ситуација на свој куп да немаме
своја претставничка.
СИМБОЛИЧНО ЗНАЧЕЊЕ
Симболиката која ја донесе оваа година Шарпланинскиот куп е таа што на
најубав можен начин се докажа дека доаѓаат подобри времиња за нашиот најубав
скијачки центар. Толпата од посетители потсети на најубавите времиња и на
тоа какво е всушност вистинското лице на убавицата Шара. Меѓутоа, мора да се
истакне дека, сепак, беше присутен стравот од мини, нешто за што мора да се
ангажираат надлежните во оваа држава. Исто така мора да се истакне дека
колку и да се чувствуваше некаква опуштеност и спонтаност кај целиот тој
народ, не може да се премине преку фактот дека сепак присуствуваа и многу
политички гости кои на еден начин беа гарант на сиот тој настан.
Се надеваме дека во иднина ќе присуствуваме на се подобро организирани
шарпланински купови каде што ќе имаме насмеани победници со заштитниот знак
во рацете, пехарот на Шарпланинскиот куп, оригинално шарпланинче. Исто така
посакуваме во иднина да присуствуваме на манифестација која е влезена во
календарот на Светската скијачка федерација. И мора да се потенцира дека во
иднина нашите спортски работници треба сериозно да се замислат за иднината
на македонското женско скијање, па и на македонското скијање воопшто, затоа
што сегашната ситуација е катастрофална.
Во секој случај треба да се поздрави храброста на организаторот да се
реализира шарпланинскиот куп и да се докаже дека во Македонија може да се
започне одново и да се сработи она што е загубено.
ФУДБАЛ
Почна пролетниот дел од фудбалското првенство