танува збор за посета на храмот "Св.
Ѓорѓија" во населбата Чаир. Храмот што го посетив ме потсетува на еден
манастир, светилиште и молитвен дом во кој може секој посетител и добар
верник да си го најде местото не само за еден мирен спокоен одмор, туку
преку молитвата да се пренесе во еден вознес, во една размисла и да се најде
во прегратките на духовниот и пребогат свет.
Ете таков е и великомаченик Ѓорѓија, победител на злото, љубител на
божјата слава, со семоќен сјај на доброто за возврат го уништи бесот на
ѓаволот, на неверството, на џелатите.
Во една таква пасија на разгром срушено е гетото на сатанизмот - пеколот.
Тоа е храмот и манастир кој ги пленува сите праведни души, каде злото се
претвора во распад. Да се биде свештенослужител во овој храм е искра надеж.
Да се постигне високата свест на православното христијанско битие е божји
благослов. Ова свето место е божја градина во која секој верник ќе го
пронајде духовниот мир и спокојство.
ДОСТОЈНИ ЗА ПОЧИТ
Свештенослужителите, носители на праведниот и животворен христијански
крст, мошне силно го заслужиле овој чин на денот. Отец Диме Малинов од
Струмица и младиот отец Љупчо Велјановски од Скопје, Господ ги повикал токму
да му служат на овој голем светец, великомаченик Ѓорѓија. Навистина
вљубеници, беспрекорни духовници тие воедно се армирачи на верскиот субјект,
градители на божјата љубов и топлина.
Љупчо Велјановски, свештеник
Диме Малинов, свештеник
Тие заедно се претвораат во еден духовен вознес кој плени со својата
добрина и посветеност. Тие се ученици не само на верата наша рисјанска, туку
и веноносци на еден вознес кој во црквата со молитва согоруваат на својот
пресветол трибунал за големиот од кон херувимите.
Ги гледам овие двајца божји угодници, самопрегорни, возвишени, скромни со
смирени души, вљубеници на човечката страдална душа, песнопојци на своите
молитви, вероучители, и си велам Божјата љубов ги оросила за навек. Тие
смело чекорат кон скалилата на Божјото канонско правило за да бидат
вистински свештеници и духовници, воспитувачи на Божјата молитва.
БРАТСКА ЉУБОВ
Отец Диме Малинов, постариот, заедно со помладиот отец Љупчо Велјановски
заеднички го градат мостот на небесната вечна светлина. Вљубени во сјајот и
пресилната љубов кон Божјата слава ги отвораат мостовите на младиот сегмент,
односно свет кој брзо се развива за да се постигне најсветото - непокорот и
молитвата кон својот спасител. Таквите свештенослужители, како што се овие
двајца за кои зборувам, со една храброст и човечка топлина, со силна љубов
кон црквата и верниците стануваат ангели на Божјото јато и како такви тие ќе
бидат вистински мисионери на божјиот глас.
Отец Диме Малинов и отец Љупчо Велјаноски вљубени во делото кое го зеле
во своите раце му служат на овој храм на виското Божјо дело и на верниците
со вистинска доблест и љубов. Нивното дело ја облагородува душата на секој
верник кој го посетува овој храм. Нивната посветеност зрачи со искреност и
верба. Доследни на своето дело и збор, тие се пример како треба да се љуби
најблискиот, како треба да се почитува постариот, како треба да се негува
верата.
Господ да е со вас, драги и милостиви отци!