|
Каков татко таков син!
Никола Димитров е најмногу познат по тоа што е син на Димитар Димитров! А
Димитар Димитров, привремен амбасадор на Македонија во Русија, е познат по "неговото
откритие" дека Македонците се Бугари! Или, просто кажано: "денешните
Македонци се Бугари, а античките си биле Грци"!
Круша под круша паѓа! Не разбирам зошто Никола Димитров би бил поразличен
од неговиот татко!? Или, зошто би требало да се беспокојува од акциите на
Грците, кога тие се во прилог на каузата на Димитров таткото и Димитров
синот!?
Сега некој ќе рече: Никола Димитров е платен од македонската држава да ги
застапува нејзините интереси! Па, тој тоа и го прави! Ги штити интересите на
Македонија според Ванчо Михајлов: држава од Бугари, Албанци и Грци, и по
некој Ретороманец (во недостиг од вистинските, швајцарските, ќе ги ставиме
нашите Роми и така ќе добиеме "Швајцарија на Балканот"!).
Николчета наш за амбасадор во САД го поставија наследниците на В.
Михајлов. Сичко е по каноните на ВЕМЕРО-вците и по нивните решенија од
Кичевскиот конгрес!
Мишо Јузмески
Западот си игра мајтап со македонските политичари!
Горното тврдење ќе го поткрепам со убедливи примери како се манипулира со
неписмени (пардон со недоволно писмени), сугестивни и непресметливи
политичари.
Професорот Игор Јанев во неколку наврати, во пишана форма, објасни како
треба да се постапи во Обединетите нации, за да се прекине манипулацијата со
референцата FYROM и
новосклепаното знаме на татковината. Бидејќи оваа проблематика владее повеќе
од една деценија, следствено е дека Македонија се соочува со синдромот на
недоволната писменост на највисоките македонски политичари.
Активностите на екстремистите од албанската заедница како што се: бомбата
пред училиштето во Куманово или разнесувањето на еден столб од судот во
Струга, претставниците на Нато и ЕУ инсистираат да бидат третирани исклучиво
како активности на криминалци.
Повеќе е од јасно дека борците за човекови права направиле мала пауза и
сега повторно се пуштија за дополнително проширување на правата! Само кај
македонските политичари може да се успее со варијабилна сугестија за
актерите. Еднаш се криминалци, еднаш се борци за човекови права. Како ќе
кажат западните суфлери, така и бидува.
Врховниот командант донесе одлука 200 војници од регуларната армија на Р.
Макдонија да заминат за Ирак. Колку оваа постапка на Претседателот на
државата е исправна, времето ќе покаже. Но, едно е сосема јасно - вакви
луксузи на Македонија најмалку & се потребни.
Живко Даскаловски
Препознавање на актерите
(Повод: Писмата објавени во неделникот "Македонско сонце" број 447 и 448
од Коста Николоски и м-р Ицо Најдовски кои како реакција се обраќаат на
писмото во број 446 под наслов "Ослободете се од омразата" потпишано од
господинот Душан Андовски)
Не ме чуди што овие луѓе застануваат во одбрана на оној кој си дозволува
да плука по нашите црковни личности. Напротив, и господинот Најдоски за
неделникот "Македонско сонце" изјави "Кобрата повторно касна", а се
однесуваше на владиката Петар. Сметам дека во читањето на текстот некој се
препознале себеси, а тоа ги натера гореспоменатите да направат коментари, а
фактот се покажа точен дека истите тие господа се заробени во канџите на
омразата.
Ако сте се препознале, господа, во тој текст, тогаш и вие во градината
што се нарекува црковен имот сте оделе по цреши со големи и мали кошничиња,
а токму заради тоа е и отпорот, а не за тоа кој е поголем или помал
Македонец. Проблемот е во тоа кој повеќе земал и кој повеќе ќе го натовари
своето магаренце со имот кој е печален со децении наназад. Јас досега не сум
слушнал некој владика да продал црква или манастир, додека ние обичните
верници во многу наврати сме посегнале по црковен имот, а како резултат на
сето тоа е првата Македонска црква изградена надвор од границите на
македонија - црквата "Свети Ѓорги" во Fuckraj,
црква која беше изградена со потта на верниците. Некој си зеде за право да
ја продаде, а притоа ни отчет да не даде за земените МИЛИОНИ долари. Тоа ли
Вие го сакате, ваша екселенцијо? На таков ли начин ќе работи црквата? Од
друга страна, се криете преоблечени во јагнешки кожи.
Вие, господа, одите со една претпоставка дека ако со имотите на
македонските општини управувате ВИЕ, ќе биде цел век мед и млеко, а ако
управува МПЦ, или поточно нејзините претпоставени, веднаш ќе се распродаде
се. Таа Ваша претпоставка држи толку колку што држи решето вода. Господинот
Андовски немаше намера да дава идеја за некакво помирување кое однапред
јастребите на македонските општини ќе го дочекаат на нож, туку напротив се
знае дека со идејата за помирување директно се става раката во некои
поднаполнети џепџиња со зелени банкноти кои се дел од крваво заработени
пусти пари на генерации и генерации Македонци. Јас не знам кого повеќе го
убедувате - дали македонскиот народ во Македонија, каде се јавувате со разни
интервјуа и написи, или Македонците во Австралија. Но, јасно е веќе дека и
таму и овде повеќе не ви веруваат. Кај вас горе споменатите слоганот "од
народ за народ" веќе не важи! Тоа го докажавте со вашите компаниски
регистрации. Зошто, навистина, не се ослободите од омразата која ве има
обседнато? Признале или не, судскиот спор се води помеѓу две странки, а
милионските суми на судски трошкови се резултат на тоа што, сепак, инаетот
постои. Под налет на бизнис-групите, македонскиот верник мирно си живееше се
додека не се замеша МПЦ и нејзините претпоставени кои побараа отчет за секој
потрошен долар. Беше сосема јасно дека тоа на некој не му одговараше.
Потполно се согласувам со вас дека и во црквата има безброј нерешени
проблеми - кои од персонален, кои од идеен карактер, но начинот на кој вие
сакате да влијаете во црквата ги надминува сите ваши можности.
Сигурно дека со ова ќе се согласите - додека заедничката татковина ни се
распаѓа по сите рабови, овде братот на брат гледа што подлабоко да му ги
ископа очите или пак по онаа народната - селото гори, баба се чешла - се
влечете по судови, а свесни сте дека нема да ги добиете, затоа што инаетот
преовладувал кај вас, а свештеничкиот клер го навредувате со погрдни зборови.
На крај, господа, за и околу партиските книшки. Не знам колку сте биле во
можност да го прочитате Уставот на Република Македонија кој во ниту една
точка не го оспорува членството на свештено лице во некоја партија. Тоа беше
во комунизмот, господа, беше и замина, а бидејќи нивното членство не е по
ваша волја, тогаш препрочитајте го Уставот на Република Македонија. Ако и
тогаш не сте задоволни, тоа ќе остане ваш проблем. Не знам зошто не ви пречи
членството на некои свештенослужители во спротивната партија! Мене лично
партиската книшка воопшто не ми пречи на ниту едно свештено лице, ако тој,
пред се, го брани интересот на нашата света Православна Црква. Затоа и јас
апелирам до Вас - ослободете се од омразата! Ова нека биде крај, господа.
Повеќе ќе личи на овие страници да пишуваме позитивни работи, отколку да си
ги вадиме очите меѓу себе. Јас нема да се јавам повеќе, се разбира доколку
од крајот не направите почеток.
Со почит кон Вас,
Трајче Т. Трајковски, Перт
|