ие, Македонците, како
претставници на Македонската заедница во Кралството Холандија во текот на
минатата година додека траеше кризата во нашата држава и нападите на
терористички групи од јужната српска провинција Косово и Метохија (со
Резолуцијата 1244 на ООН сега меѓународен протекторат), во неколку наврати
се обидовме да го разјасниме нашето незадоволство и несогласување за
употребата на терминот "Славјани" или "Македонски Словени", термин кој беше
во редовна (и се уште е ) употреба во написите и извештаите на вашите
новинари од или околу Македонија. Имено, сакаме да дадеме осврт на тоа зошто
не сакаме да бидеме нарекувани како "Славјани" или "Македонски Словени".
Прво, според документот од Македонскиот Завод за статистика во државата
Македонија во периодот по Втората светска војна до денес се извршени 7
пописи во кои никогаш немало графа "Славјанин" или "Македонски Словен", а
немало поединец во државата и надвор од неа кој досега се изјаснил дека е "Славјанин"
или "Македонски Словен"!?
Во групата на т.н. (таканаречените или општо прифатен термин за "славјанската
група народи"), а судејќи и по објаснувањето на истиот збор во научната
литература во Кралството Холандија, особено во холандските речници, зборот "Славјани"
се спомнува на двапати и тоа:
*сла-вен (
Оттука доаѓа првото незадоволство кај Македонците. бидејќи зборот има
потполно иста основа како и зборот "роб" кој негативно се однесува кога
некој се обраќа така кон нас како народ.
Второто незадоволство е поради екслузивноста што тој термин се употребува
за Македонците, а не и за сите други народи кои спаѓаат во т.н. "славјанска
група" кои ги спомнувате на страниците на вашиот весник!?
Според официјалната научна терминологија, покрај Македонците во т.н.
славјанска група на народи се сметаат: Белорусите, Бугарите, Кашубите,
Лужичките Срби, Полјаците, Русите, Русините, Словаците, Словенците, Србите,
Украинците, Хрватите, Црногорците и Чесите.
Во ниеден извештај или статија во кои се спомнати сите овие држави (дали
се тоа парламентарни или претседателски избори, конфликти или манифестации
од културен карактер) не се именувани како "Полски Славјани" или "Бугарски
Словени" или "Украински Словени", Чешки Славјани" итн.
Во текот на кризата во Сојузна Република Југославија во 1999 година и
бомбардирањата на НАТО, никогаш не беа спомнати "Српски Словени"!?
Рускиот претседател, Владимир Путин, никогаш не го именувате како "Руски
Словен" или "претседателот на славјанската популација во земјата", а за
Македонците тоа е редовна појава.
Ирците во Република Ирска припаѓаат на англиското говорно подрачје па
никогаш не велиме дека се Саксонци. Холанѓаните се од германско потекло, па
никогаш не велиме дека се Германци. Фризијците во Северна Холандија имаат
германско-англосаксонско потекло па никогаш не сме виделе во вашите извештаи
и коментари да пишувате "Германско-англо-саксонски Фризијци"!? Или
англиското потекло на Канаѓаните, германското потекло на Лихтенштајците и
Луксембуржаните итн.
Веруваме и убедени сме дека наведените примери ќе го разјаснат нашиот
револт и несогласување за именувањето на Македонците како "Словени", бидејќи
денес во Македонија (според документот за сите досегашни пописи) никој не се
изјаснил за "Словен" и дека поголемиот дел од популацијата во Република
Македонија се чувствуваат за Македонци, а тоа јасно покажува дека таа мала
земја и тој мал народ, и покрај асимилаторските пропаганди, окупации,
поделби и војни, сепак останува да опстојува со својот автентичен идентитет
како континуитет на македонската античка држава и прво европско кралство кое
го создадоа Македонците од династијата Аргеади, а највисок развој достигна
за време на владеењето на крал Филип
Македонски, уште познат како Александар Велики.
Со надеж дека вашиот весник ќе најде простор да им го објасни
горенаведеното на своите читатели и да ја запознае пошироката холандска
јавност со вистината за судбината на поделеноста на етно-историскиот простор
на Македонија и раселените по светот Македонци, остануваме тоа да го видиме
на страниците од вашиот весник.
Во име на Македонската заедница во Кралството Холандија и главни
застапници во процедурата пред судскиот спор со холандските медиуми: Гоце
Дуртановски и Џон Тодоровски.
Македонската заедница во Кралството Холандија: Здружение "Бели мугри" од
Ротердам, Здружение "Охрид - Македонија" од Зандам, Извршна канцеларија на
Светскиот македонски младински конгрес (СММК) од Ротердам, Спортско
здружение "Цар Самоил" од Зеланд, МКЗ "Гоце Делчев" од Верт, МЦОСК "Свети
Стефан" од Гронинген и Македонската студентска асоцијација од Утрехт.