ред крајот на 2002 година, во
издание на "Трибина македонска" од печат излегоа три книги. Првата книга има
наслов "Прикази" чиј автор е Тодор Мицов. Основна цел на оваа книга - како
што стои во предговорот - е да се изврши презентација на македонскиот
фолклор и етнологија. Исто така, во книгата има осврт за една книга на
албанскиот фолклор, две за српскиот и една за словенечкиот фолклор.
Во книгата се застапени 42 написи, библиографија на необјавените прикази
како и регистар на имиња.
Без разлика во колкав временски оптег се пишувани овие "Прикази", тие со
својата содржина имаат постојана актуелност. Така, само во една книга може
да се сретнат најразновидни мислења, нови содржини и нови сознанија за
македонскиот фолклор.
Книгата "Летопис за македонските села" од Мишо Китановски по содржината и
тематиката е слична со книгата "Прикази" од Тодор Мицов. Всушност, тоа се
летописи за македонските села, објавувани во весникот "Трибина" во подолг
временски период. Од седумдесетината објавени натписи, во книгата се
застапени 45, за села што се уште постојат или некогаш постоеле на тлото на
Македонија. Оваа книга е и еден вид отпор кон оние (Албанците, Грците,
Бугарите и Србите) кои во своите национални идеологии, работат за
разнебитување и присвојување на македонските села. Но, оваа книга покажува и
понатаму ќе докажува дека не е така, бидејќи во нејзиниот наслов, покрај
името на селото постои и изворот - живиот човек - кој ги дава веродостојните
податоци за селото. Тоа е жив доказ дека селата биле и ќе бидат само наши.
Затоа, издавањето на оваа книга е за поздравување.
Третата книга е "Чудна шара буба Мара" од современиот македонски поет и
писател Петко Домазетовски. Оваа книга е пополнета со куси, лапидарни песни
за деца. Според прочитот, на прикладен начин, застапени се песни кои
опфаќаат елементи од струшкото поднебје: времето, цвеќињата, бубалките,
животните. Се на се, уште една убава книга за деца што ќе го задоволи
нивниот вкус.
За жал, на минатогодишниот конкурс распишан од Министерството за култура,
што беше објавен оваа година, на издавачката куќа "Трибина македонска" не &
беше одобрен ниту еден проект. Ова е навистина штета, бидејќи имаше проекти
со кои можеше уште повеќе да се збогати македонскиот книжевен фонд.