|
КУЛТУРА
Петтиот роман на Методи Манев
МАКЕДОНСКО ДЕБИ ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ИЗДАВАШТВО
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- "Корени на животот, корени на смртта" се разликува по многу нешта од
преостанатите македонски романи.
- Ова електронско издание го овозможи белградското книжевно списание "Критика"
каде што е објавен целиот роман на Методи Манев на македонски јазик. Но,
мошне скоро се очекува негово појавување и на српски јазик.
В о издание на Друштвото за наука,
уметност и културна иницијатива - Свети Николе излезе од печат петтиот роман
на Методи Манев насловен како "Корени на животот, корени на смртта". Овој
роман е дел од едицијата Современ македонски роман кој по многу нешта се
разликува од вообичаените македонски романи.
Едно од многуте нешта што овој роман на Методи Манев го прави поинаков од
другите е невообичаеното техничко уредување. Со првото отворање на "Корени
на животот, корени на смртта" читателот ќе се сретне со една разиграност на
букви кои се пишувани во различен фонд. Тоа придонесува кај љубителите на
пишаниот збор (особено на авторот Манев) да ја прочитаат книгата во еден
здив.
Исто така, карактеристично за ова издание е што од неодамна може и да се
чита на интернет страниците. Ова електронско издание го овозможи
белградското книжевно списание "Критика" каде што е објавен целиот роман на
Методи Манев "Корени на животот, корени на смртта". Романот е објавен на
македонски јазик, во делот што се печати на македонски, но според
информациите што ги имаме, мошне скоро треба да се очекува негово појавување
и на српски јазик.
Електронското издание на "Критика" се печати на три јазика - српски,
англиски и македонски и во него во изминатите неполни три години свои есеи,
теоретски расправи, поезија и слично, објавиле повеќе македонски автори.
Романот на Методи Манев е прв роман од македонски автор што се печати
интегрално во електронското издание на "Критика".
|