Пред многубројните гости и високи личности од општествениот и политичкиот
живот во нашата држава, со свои дела се претставија Македонци од Р. Бугарија,
Р. Грција и Р. Албанија.
На првиот ден од оваа манифестација театарот "Скрб и утеха" во "Салонот
19,19" се претстави со театарската претстава "Деноносии" според Хомер, Кирил
Апостол и Богдан Богданов во адаптација и режија на Тихомир Стојановски.
Во рамките на културното претставување на Македонците од соседните земји
на државава се претставија Македонци од Република Албанија: Цветан Мазнику
со книгата "Поговорки" со вовед од Хасан Шахинај; Спасе Мазенковски со
поезија. Миранда Шутина се претстави со книгата поезија "На Радуч" со вовед
од Спасе Мазенковски. Во културниот дел на манифестацијата се претставија
Хасан Шахинај со книгата "Дримколски збрки" со вовед од Кимет Фетаху и Назиф
Докле со книгата поезија "Муке миље" со вовед од Миранда Шутина. Првата
вечер глаголеше Ефтим Митревски. Пред публиката настапи и здружението "Ксантика".
Друштвото на Помаците од Република Бугарија "Сонце" се претстави со
изложба на слики од Цанко Маџирски. Во рамките на оваа традиционални
чествувања настапи и Ансамблот "Родопски славеи".
БЕСЕДИ
Вториот ден од манифестацијата, први март во "Салон 19.19" во рамките на
предвидената програма "Молитва за Македонија" глаголеше Александар Џуровски.
Македонците од Грција Никос Сакелариос и Петрос Василиајдис проговорија за
Домот на културата од Лерин, за списанието "Лоза" . По нивните беседи
настапи Домот на култура "Злетовски рудар" од Пробиштип со " Лазарица"-
сценско-фолклорната визија во потрага по корените во режија на Васил
Шумански.
Македонците од Република Бугарија се претставија со монографијата на
Ѓорѓи Радуле "Кремен минато и наследство". Книгата ја претстави критичарот
Стефан Влахов. Атанас Мутлешов, го промовираше цедето на Емил Ристоско. Пред
публиката настапи и оркестарот Кремен.
СРЕДБА
Третиот ден од десеттите Дионисови чествувања помина во заедничка средба
на учесниците на тема "Што и како понатаму". Македонците проговорија за
својата судбина, за тешкотиите со кои се соочуваат во местатата кадешто
живеат и работат. Потоа се реализира посета на културно- историски
локалитети.
Инаку, спонзори на манифестацијата беа Министерството за култура на Р.
Македонија, кардиохирургијата "Филип 2" на академик Жан Митрев,
Културно-информативниот центар Скопје, "Олимписко село" и Македонскиот
светски неделник "Македонско сонце".
Претставување на Домот на македонската култура - Лерин,
Егејска Македонија и на списанието "Лоза"
Претставникот на Помаците од Р.Бугарија Цанко Маџирски (лево)
и Румен Туфекчиев (десно)