ПОЛИТИКА

Кој го турка светот во реална, целосна и скорешна катастрофа (1)

БАЛКАНСКИОТ БАКШИШ ЗА САД!

Пишува: Иван БАБАНОВСКИ

  • Полигон ќе биде, по кој знае кој пат, балканскиот простор на кој ќе се игра крвавата сцена на братоубиствената граѓанска кланица за туѓите интереси и домашните несреќи... Балканците со своите страдања ќе го плаќаат цехот на опиената од самозадоволство Америка.
  • "Во староисламската вера војната не е само една критичка, посебна состојба, туку нешто повеќе и судбинска нужда, односно должност, санкционирана со религија, војна, со цел освојување и пљачкосување, исламот не само да трпи, туку и да бара".

Последната деценија од 20 век ги промени ме-рилата и поддршката на теророт станувала се повеќе компромитирачка. Против терористичките акции и нивните креатори станаа и ООН кои, за жал, не го осудиле и не го сузбиваат и државниот тероризам, со кој се служат одделни држави, на чело со САД.

САД, под водството на Клинтон, настапувајќи под закрила на "булдожер дипломатијата" и како светски полицаец, тешко ги нарушиле основните документи на светската организација за зачувување на мирот и на безбедноста. Преземајќи неизбалансирани мерки на притисок, со арогантна примена на сила, создаваат идеална почва за созревање на новата генерација терористички - радикални групи и организации со антиамериканска платформа. Антиамериканската расположба директно ја загрозува безбедноста на американските граѓани кои ќе станат заложници на сопствената политичка ароганција манифестирана во надворешната политика на Вашингтон.

Додека администрацијата на Клинтон од Стејт департментот и Пентагон ги анатемисувале, ги казнувале со ембарга, санкции и разни други изуми на новиот фашистички поредок, се до вооружена агресија, какви што беа преземени врз Ирак и СРЈ, земјите кои им давале поддршка, помош и засолниште на некои радикални борци, против империјализмот и неоимперијализмот што ги практикуваат американските мултинационални и транснационални компании, настојуваат да се организираат и спротивстават на глобализацијата за која се залагаат САД и приврзаниците на новиот светски поредок.

ЕВРОПСКА "ФАРМА НА СВИЊИ"!?

На оваа платформа ќе се одвиваат сите наредни битки во светот, како оние со низок интензитет, со регионален белег, па дефинитивно и евентуалниот глобален судир од светски карактер.

Творците на новиот светски поредок имаат во игра изразито слаби протагонисти, личности кои немаат ниту карактерни, ниту стручни квалитети да ја реализираат идејата за светот како една "свињарска фарма" на која "свињите" ќе живеат така и толку колку што ќе бидат потребни за секојдневното зголемување на профитот на оние што управуваат со "фармата на свињите" и тоа од длабока сенка.

Се додека ваквите политичари ја водат светската политика, светските разузнаувачки, контраразузнувачки, специјални и тајни служби ќе имаат доминантна улога на светската политичка сцена, и не само како ЦИА, но и како неколку други служби од типот на БНД, DST и Ми-6, ќе се надредат над политичкиот државен врв.

Мухамедовите наследници фанатично доследни на џихадот

На најдобар пат се наоѓа и Европската унија да се фати во идентична стапица. НАТО, Робертсон и Солана, под диктатот на Вашингтон, а не Брисел, ќе бидат алфа и омега во вкупните политички, економски воени и други односи меѓу здружените европски држави. Полигон ќе биде, по кој знае кој пат, балканскиот простор на кој се игра крвавата сцена на братоубиствената граѓанска кланица за туѓите интереси и домашните несреќи... Балканците со своите страдања ќе го плаќаат цехот на опиената од самозадоволство Америка. Исламските творби ќе бидат резултат на додворувањата на ментално ретардираната политика на нарко-трафикантите од Вашингтон. А 11 септември ќе биде казна за гревовите на Балканот...

Со европската "фарма на свињите" ќе управуваат личности од редот на влекачи. Затоа е време на будење. Час поскоро да се запре овој налудничав хаос кој ниту Орвел не успеал да го исхалуцинира и опише. Европските и светските интелектуални умови и творци мора да излезат од нивните удобни урбани простори и дефинитивно да се спротивстават на новите фашистички идеи и акции кои го туркаат светот во извесно-реална, целосна и скорешна катастрофа. Да ги потсетиме како настапуваа Хитлер, фашизмот и новото уредување, а што им донесоа на стотици милиони луѓе налудничавите идеи на еден каплар, фелерпродукт на кртовите од сенка. Тие повторно сакаат да излезат на светската сцена со нов декор и платформа, но со веќе видено злосторство и хорор.

ИСЛАМСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ

Француските специјални служби, секојдневно извршувајќи задачи за државниот врв, прибираат не така пријатни и вознемирувачки информации за присутноста и активностите на носителите на исламскиот фундаментализам.

На територијата на Франција се стационирани најразлични облици на здружување и делување на арапските и африканските муслимани кои потекнуваат од најрадикалните исламски држави.

Француските разузнувачи оставиле свои анализи и проценки за арапскиот национализам уште во почетокот на дваесеттиот век: "Сувоземниот мост помеѓу Средоземното Море и Персискиот Залив нема никаков мир. Постојано тука се разгоруваат движења, постојано против непокорните елементи се употребуваат машински пушки и бомбардери. Арапите во Западна Азија пак станале сила чија динамика на Англичаните и Французите им задаваат многу работа.

Подрачјето кое го зафатила арапската национална мисла зафаќа три ипол милиони квадратни милји. Движењето е најсилно во Египет, Сирија, Палестина и Трансјорданија, како и во двете независни држави - Ирак и Сауди-Арабија, но тоа ги зафатило и Тунис, Алжир и Мароко. Цело ова подрачје кое се протега од Атлантскиот Океан па до Арапското Море се наоѓало за време на средниот век во границите на големата арапска држава. И ние, и Англичаните знаеме дека Арапското национално движење не може повеќе да се задуши со сила. Ние денес знаеме дека националното движење не може да се задржи...

Чувството на меѓусебната поврзаност кај Арапите никогаш не било целосно згаснато и покрај честите меѓусебни војувања. Врз основа на заедничкиот јазик, заедничката религија и заедничката историска традиција, арапскиот свет во декември 1931 година го промовирал Арапскиот национален пакт преку чија платформа прокламирале: 1. Дека претставуваат неделиво единство и дека нема никогаш да го признаат своето раздвојување; 2. Дека сета национална енергија ќе ја насочат кон постигнување на целосна независност и разбивање на сите сепаратистички определби и 3. Дека европскиот империјализам ќе го побиваат со сите средства кои им стојат на располагање. Пактот го потпишале: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Сирија, Палестина, Ирак и Арабија.

Арапите не се будат само во политички, туку и во културен поглед. Политичка цел им е блок на независни арапски држави кои сакаат да бидат респектирани како голема сила. Нема кон Западот да се затворат, туку напротив, имаат интерес да ги примаат придобивките на европската наука и цивилизација, но сакаат да ги прилагодат кон потребите на ориенталниот животен простор.

ВЕРСКА ЗАПОВЕД

Меѓу изворите на силата на Арапското национално движење, исламот стои на прво место. Исламот во својот најран период бил не само државна религија, туку нешто повеќе, и држава во која владееле калифи според верските закони. Исламот е борбена религија. Нејзиниот основач, Мухамед (570 - 632), на своите следбеници им поставил за задача да го шират исламот. Мухамедовите наследници не се стеснувале да ја исполнат пророковата заповед. Само за сто години, мухамедовата наука била со меч и оган натурена врз една зона на народи која на запад досегала до Атлантик, а на исток до Пацифик... Арапите почнале да говорат со се поостар јазик. Почнале да се основаат тајни здруженија кои активно ги подготвувале револуционерните востанија, за нив народно-ослободителни, антиколонијални, а за колонизаторите - терористички...

Од овие причини исламот им беше прифатлив на освојувачите, пред се Јапонија, за што Валтер Пал во книгата "Барутот мириса" напишал: "Во староисламската вера војната не е само една критичка, посебна состојба, туку нешто повеќе и судбинска нужда, односно должност, санкционирана со религија, војна, со цел освојување и пљачкосување, исламот не само да трпи туку и да бара. Војната во исламската религија е верска заповед. Исламот е активистичка вера: војната е вера и верата е војна. Јакнење на световното значи и јакнење на религиозното. Во исламот нема конфликти помеѓу световната и религиозната власт...".На своите верници, кои денес во светот ги има преку 900 милиони, исламот им дава правна, општествена и семејна организација во тесна спрега со Куранот.

На просторите на Европа исламот го промовирале Турците Османлии. Во 1354 година султанот Орхан го зазел Галиполе и како прв турски освојувач стапнал на Балканот. Под знамето на Мухамед ја опседнувале Виена и од 1683 година почнале да се повлекуваат се до 1918 година кога во Мудрос била потпишана капитулацијата од страна на Турција. Така згаснала и оваа империјална сила. Се урнала во прав и пепел оставајќи крвави траги за историјата.

За разузнувачките и контраразузнувачките служби исламот е особено битен и поради фактот што во Европа годишно престојуваат преку 36 милиони припадници на исламската религија. Но, секако позначаен и сериозен проблем станува кога исламот, муслиманската вера, се злоупотребува во политички и други радикални цели.

Сите специјални полициски служби во светот го прифатиле терминот исламски или муслимански фундаментализам со цел да ја одбележат националната идеологија поставена врз политичката и револуционерната димензија на исламската религија, заради издвојување на исламското општество од историските текови на современиот свет и воспоставување на сопствен и единствен исламски свет на живеење.

Нагласка на исламската историја и генерално негирање на вредностите на новиот свет; величење на внатрешното и сопственото, наспроти туѓото и надворешното; и доминација на шеријатското право како единствен правилен и важечки систем на норми - тоа се основните карактеристики на муслиманскиот фундаментализам.

Исламската фундаменталистичка идеологија е заснована врз супериорност и исклучивост во однос на преостанатите религиозни учења и идеологии и недоверба кон сите општествени, политички и економски движења и уредувања, а особено кон неоимперијалистичките западни уредувања на чело со САД.

(Продолжува)


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"