ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Почетен курс за воведување во христијанската вера

УЧИЛИШТЕ ЗА ЖИВОТОТ

Подготвил: Драган ЗАФИРОВ

  • Исус Христос на крстот во љубовна жртва ги рашири своите раце за да не ослободи од ропството на злото, гревот, незнаењето, смртта, и злопричинителот - сатана. Тој тоа го направи за сите луѓе од сите времиња. Затоа, сите се добродојдени.
  • За да го посетувате првиот воведен дел од почетниот курс, а по него и преостанатите, потребно е да се пријавите кај вероучителите што го водат курсот при Црковните општини.

Училиште за животот" е почетен курс кој има за цел да ги воведе своите посетители во смислата на Божјото откровение, запишано во светите книги на Стариот и Новиот Завет, односно да ги воведе во Вистината за Животот која е откриена, покажана и докажана од Синот Божји и Синот Човечки - Исус Христос. Овој курс овозможува преку предавања, духовни средби, трпези на љубовта, поклонички патувања и молитва, секој со сета своја личност, да ја осознае суштината на Христовото Евангелие и да го почувствува спасоносниот духовен живот во Неговата Црква.

За да го посетувате првиот воведен дел од почетниот курс, а по него и преостанатите, потребно е да се пријавите кај вероучителите што го водат курсот при Црковните општини. Првиот дел од курсот започнува откако ќе се пријават доволен број посетители (од 15 до 25). Преостанатите три дела од курсот ги посетува истата група со можност да присуствуваат и други посетители. Исус Христос на крстот во љубовна жртва ги рашири своите раце за да не ослободи од ропството на злото, гревот, незнаењето, смртта и злопричинителот - сатана. Тој тоа го направи за сите луѓе од сите времиња. Затоа, сите се добродојдени.

Посетувањето на курсот е бесплатен, а се одржува во повеќе црковни општини. Теми кои се обработуваат во сите четири делови од "Училиштето за животот" се:

Во првиот воведен дел темата е "Темелот на христијанската вера", потоа во вториот темата е "Христијанските етички вредности", третиот насловен како "Христијанскиот духовен живот" и четвртиот "Црквата и светот".

Телефон за контакт со Мисионерската дејност на Скопската Епархија: 070 580 - 560; 02 230 - 780; 02 127 - 275.


Духовни искри

Децата треба да ги воспитуваме да Го сакаат Бога и да се плашат да не Го ожалостуваат и навредуваат.

***

Човечкиот живот е безграничен. Гробот е само врата низ која се влегува во вечноста.

***

Активните навики со повторувањето стануваат посилни, а пасивните губат од својата моќ.

***

Тајната на семејната среќа и љубовта - љубовта спрема Бога и спрема ближниот.

(Од Блаженоупокоениот Архиепископ Охридски

и Македонски, г.г. Михаил)


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"