рстоносецот Вилардуен, третиот
брат на Петар и Асан, го нарекол: "Јо-ван, кралот на Влахија" ("Бугарска
воена уметност"... стр. 437). Роберт Кларк за нападите на Калојан во 1207
година пишува: "Не помина многу време, а Јован Влавот и Куманите навлегоа
во земјата на солунскиот маркиз (Бонифациј Монфератски, з.м.)" (исто,
стр. 420). Кларк ги дава и следниве податоци за владеењето на Калојан:"Значи,
Влахија е земја која му припаѓа на императорот (византиски, з.м.)"(исто,
стр. 479).
Најневеројатно е тоа што некои византиски писатели (како, на пример,
Македонецот Јован Кантакузин кој, откако доброволно се откажал од
византискиот престол, ја напишал својата "Историја" во втората половина на
14. век, т.е. во последните децении од т.н. Втора бугарска држава)
продолжиле Бугарија да ја нарекуваат Мизија, а нејзиниот народ - Мизи, иако
таму веќе не живеел еден народ, туку шест засебни племиња: Печенези, Кумани,
Татари, Власи, Трако - Словени и незначителен број Бугари. Така, на пример,
кога Кантакузин ја спомнува смртта на бугарскиот цар Светослав, пишува: "Светослав,
царот на Мизите, умрел од болест." (исто, стр. 433). Во врска со походот
на Михаил Шишман, во 1323 година, овој писател, запишал: "Во тоа време,
царот на Мизите Михаил, навлегол со целата своја војска во земјата на
Ромеите" (исто, стр. 434). За последниот бугарски владетел, Кантакузин
ги дава следните сведоштва: "Срацимир... води потекло од Мизи и од Кумани"
(исто, стр. 443).
Уште поинтересно е дека самите бугарски владетели од 13. век, себеси се
претставувале како "господари на Власите". Така, на пример, архиерејот на
тогашната Бугарска црква, епископот Василиј, во едно од своите писма до
папата Инокентие Трети, откако настојува да му се задоволи желбата на
Калојан да добие царска круна, пишува: "Тој (Калојан, з.м.) и
целото негово царство, како наследници на римската крв, имаат добро чувство
на преданост кон Римската црква." (ЛИБИ, т. 3., стр. 314). Врз основа на
што епископот Василиј тврдел дека населението во т.н. "Втора бугарска држава"
носело во своите вени римска крв, а освен тоа, видовме и дека западните
хроничари ги нарекувале Калојан и неговиот народ Власи?
КОГА ИСЧЕЗНАЛЕ ВИСТИНСКИТЕ БУГАРИ?
Уште во првите години по уништувањето на бугарската држава, кога
поголемиот дел од Бугарите исчезнале, на нивно место се населиле пред се,
најблиските околни етникуми. Бугарското население исчезнало затоа што, уште
за време на првото и второто навлегување на Светослав (968 и 969 година),
загинале многу Бугари. Според сведоштвата за таа војна, во неа загинале
многу бугарски војници. Подоцна, за време на навлегувањето на Византија, во
971 година, повторно загинале многу Бугари, посебно за време на одбраната на
престолнината Преслав. Кога се видело дека византискиот цар Јован Цимскиј
почнал да ја добива војната, стравувајќи дека бугарската аристократија би
можела да се одметне и да побара од императорот сепаратен мир, Светослав ја
избил речиси целата бугарска аристократија и сите високи воини (околу 300 до
350 души). Дел од бугарската војска биле пленети и продадени во ропство, а
добар дел избегале кај своите сојузници - Унгарците и Печенезите. Згора на
сето тоа, во согласност со средновековната практика, населението од
престолнината, поради стратешки причини, било раселено. На нивно место биле
населени Даки (Власи) и Словени од племето Севери, кое пред тоа живеело во
источниот дел на Стара Планина. Сепак, тоа не го имале предвид Калојан и
епископот Василиј, кога тврделе дека во нивните вени тече римска крв.
Објаснувањето на ова стигнува до еден постар период. Во помнењето на Власите
(што значи и на бугарските првенци), се уште живеел споменот дека тие и
навистина имаат одреден процент римска крв, што впрочем се гледа и од
латинските зборови во денешниот романски јазик. Оваа римска крв и лексика
кај Власите дошла од први до четврти век од нашата ера, кога Скитија (земја
околу Дунав), служела за заточение на илјадници престапници од Рим (политички
и криминалци). Скитија за Рим била тоа што за Руската империја бил Сибир. Да
се потсетиме дека еден од најголемите римски поети Овидиј бил заточен во
оваа област. Тој податок го искористиле Калојан и Василиј, за да ја
придобијат довербата на римскиот папа и за да добијат - едниот, царска круна,
а другиот титула на патријарх.
Од изложениве соопштенија на византиските и на западните хроничари, како
и од бугарските документи, неспорно се потврдува дека, по 972 година,
бугарскиот етникум бил заменет од нови дојденци: Власи, Печенези, Кумани,
Татари, Трако - Словени, а имало и одделни групи од аспаруховите Бугари, кои
сега биле наречени Гагаузи. Имајќи ја предвид ваквата етничка слика, се
поставува прашањето: Како може овој народ денес да го носи името Бугари? Ако
се држиме до реалните факти и до процентуално многу поголемиот дел на
споменатите етникуми, во однос на вистинските Бугари, овој народ никако не
може да се нарекува бугарски народ, туку најправилно би било да се нарекува
турко-влашки народ. Но, денешниот народ во Бугарија себеси се нарекува
бугарски народ, според името на некогашното племе кое таму имало своја
држава. Значи, денешниот бугарски народ свесно го носи политичкото име на
аспаруховите Бугари.
Да заклучиме дека името на еден народ, не секогаш соодветствува со
неговата етничка припадност и во такви случаи се вели дека тој народ го носи
своето второ (политичко) име. Но, затоа таквиот народ секогаш има право да
си го смени своето име, како што направија Печенезите и Куманите кои, иако
се Турки, не се чисти Турци, па сепак се декларираат како Турци.
СЛАВИНИЈА И СЛАВИНИИТЕ
Појавувањето на Словените во Македонија и нивната политичка положба под
Византија исто така е покриено со густа магла. На обичниот граѓанин во
Македонија, му е наметната хипотезата дека Словените, откако се доселиле во
Византија, станале нејзино потчинето население, кое ја загубило својата
општествена и лична слобода. Но, во суштина, работите биле многу посложени.
Најпрвин, треба да појасниме дека по населувањето на деветте словенски
племиња во Македонија (Марваци, Смолјани, Стримонци, Рихнини, Драговити,
Берзити, Сагудати, Вајунити и Велезгити), византиската власт имала различна
административна и општествена моќ над племињата во источна Македонија (Марваци
и Смолјани), во однос на оние од западна Македонија, а тоа се преостанатите
седум од наброените девет племиња.
Во земјите источно од реката Струма и падините на Стара Планина,
Византија целосно ја зачувала својата политичка власт. Административно и
воено таа била вистински господар на политичкиот и стопанскиот живот во оваа
област.
Но, во западна Македонија, со исклучок на престолнината Солун и блиската
околина, Словените имале своја внатрешна автономија. Тие на Византија и
плаќале само определен данок, иако повремено, поради едни или други причини,
откажувале и тоа да го прават. Секој кнез од седумте племиња (Рихнини,
Стримонци, Драговити, Берзити, Сагудати, Вајунити и Велезгити) потпишувал
соодветни договори со империјата, со кои биле определени, како општиот данок
плаќан на империјата, така и царинските такси на продадените стоки. За овие
договори имаме сведоштва кај неколку византиски извори. Така, на пример, во
"Чудата на Свети Димитрија Солунски", се потенцира дека Словените
потпишувале вакви договори. Овде читаме: "Затоа што, често спомнуваните
Словени, соседи на тој, спасен од Бога, град (Солун, з.м.), го чуваа
мирот само привидно" (ГИБИ, т. 3. стр. 143). Ова се потврдува и од
зборовите на рихнинскиот кнез Пребонд кој во 645 година бил наклеветен дека
подготвувал војна против Византија, поради што византискиот император, кога
тргнал во војна на исток против Арапите, наредил Пребонд да биде уапсен.
Така Пребонд, кој пред тоа слободно се движел низ Солун, еден ден бил уапсен
и одведен во Цариград, каде што бил поставен под надзор на едно од високите
лица на византискиот двор, се до враќањето на императорот. Во тоа време
Пребонд се вклучил во некаков заговор, но бил откриен и уапсен. Потоа
избегал, но повторно бил фатен. Тогаш Пребонд изјавил дека ако се врати во
својата земја, ќе водел повеќе сметка за мирот. (исто, стр. 144).
Има уште нешто поважно во врска со словенските кнезови во Македонија. Тие
потпишувале договори помеѓу себе за заемна помош, а можеби и за трговија.
Така, на пример, во едно од"Чудесата на Свети Димитрија" (заштитникот на
Солун), се вели дека една од причините за неуспехот на Словените да го
преземат градот, било тоа што Струмјаните одбиле да го потпишат претходно
направениот договор за водење на војната. Овде читаме: "Затоа што дојдоа
и тие (Струмјаните, з.м.) според склучениот договор помеѓу нив, на
околу три милји од нашиот, од Бога чуван, град (исто, стр. 151).
САМОСТОЈНИ КНЕЖЕСТВА
Се случувало при некои од нападите на Солун, некои од племињата да не
учествуваат, т.е. да останат неутрални, а во други случаи некои од нив дури
биле и сојузници на Византија. Така, на пример, за време на една подолга
опсада на Солун, во втората половина на 7 век, солунчани се нашле во таква
криза за храна, што почнале да бегаат од градот и да одат кај Словените. Во
таков критичен момент, градските управници решиле да испратат делегација и
флота кај Велезгитите кои живееле во југозападните краеви на Македонија и
Тесалија, за да купат храна од нив. Агиографот - хроничар, во врска со ова,
запишал: "Тогаш управниците на градот решија да ги испратат во областа на
Тива и Димитријада, кај народот на Велезгитите, преостанатите чунови, заедно
со споменатите десет кораби за да ја донесат храната (исто, стр. 150).
Во продолжение читаме: "И така, по неколку дена, оние кои отидоа кај
Велезгитите, се вратија со жито и варива, откако беа заштитени од
застапувањето на победоносецот (Свети Димитрија, з.м.)". (исто, стр.
154).
Словените во западна Македонија биле толку самостојни што во 799 година,
кнезот на Велезгитите Акамир, се обидел да ги ослободи од затвор во Атина
синовите на починатиот император Константин, за да го прогласи едниот од нив
за цар на Славиниите. Акамир одлично знаел дека едно кнежество може да биде
прогласено за независно само доколку најде лице од царско семејство кое ќе
биде признато од двата тогашни политички центра - Рим и Цариград. Во
недостиг на вакво лице во средновековието, било исклучително тешко, дури и
невозможно, да се признае царска круна дури и на официјално призната држава,
како што бил случајот со бугарскиот кнез Симеон.
Автономните кнежества на словените во западна Македонија и го дале новото
име на оваа област. Византиските императори и писатели од средината на 6 век,
западна Македонија ја нарекуваат со новото име - Славинија (Склавинија).
Така, на пример, кога Теофан Исповедник известува дека византискиот цар
Констанс Втори во 667 година ги нападнал југозападните словенски кнежества,
веројатно поради тоа што одбиле да плаќаат данок, го користи ова име за
кнежествата. Тој пишува: "Во оваа година императорот се упати против
Славиниите, каде што плени и потчини многу народ." (ГИБИ, т. 3. стр.
260).
Јустинијан Втори во 685 година превзел поход откако ја поделил војската
на два дела. Едниот дел го испратил против Бугарија, а вториот против
Рихнините на полуостровот Халкидик и Солунскиот регион. Теофан Исповедникот
и овојпат го користи името Славинија. Тој пишува: "Во оваа година
Јустинијан превзел поход против Славинија и Бугарија". (исто, стр. 265).
Во врска со походот на Константин Петти Копроним, во 759 година, истиот
хроничар пишува: "Во оваа година Константин ги придобил Славиниите во
Македонија, а преостанатите ги покорил (под "преостанатите" се мисли на
оние кои биле на територијата на денешна Грција, з.м.)." (исто, стр. 270).
(Превод од бугарски: Александар Донски)
(Продолжува)