|
АРХЕОЛОГИЈА
Водочкиот комплекс цркви "Свети Леонтиј"
ОЖИВУВАЊЕ НА СТАРОТО КУЛТНО МЕСТО
Пишува: Милева ЛАЗОВА
- Комплексот Водочки цркви изобилува со богат фрескоживопис, архитектура
и археолошки податоци.
- Откриени се остатоци од ранохристијанска базилика, три цркви (источна,
западна и средна), три фази на фрескоживопис и голема повеќеслојна
некропола.
Л окалитетот Водочки комплекс цркви
се наоѓа во истоименото село на околу 4 километри за-падно од Струмица. Во
последните четири децении на XX
век на локалитетот Комплекс Водочки цркви се изведувани кампањски и
систематски археолошки ископувања, конзерваторско-реставраторска работа и
превентивни заштитни интервенции.
Со систематските археолошки ископувања (1961 - 2000) е истражен простор
од 1.500 квадратни метри на кои се откриени над 700 гробови датирани од
крајот на XIV до
XX век. На
северозпадната, западната и југозападната страна под гробовите се откриени
градби од манастирските комплекси. Во него се откриени остатоци од
ранохристијанска базилика, три цркви (источна, западна и средна), три фази
на фрескоживопис и голема повеќеслојна некропола.
ИСТОРИЈАТ
За овој манастирски комплекс имаат истражувано и пишувано многумина
почнувајќи од 1961 до 2000 година. Во текот на конзерваторско -
реставраторските работи се наметнала потребата од археолошко доистражување
на внатрешниот простор на црквата и просторот околу неа. Ископувањата биле
доверени на стручна екипа на Завод - Музеј Струмица под раководство на
археологот Јован Ананиев. Со нив е констатирано постоење на ранохристијанска
базилика, а источната, западната и средната црква се детерминирани како
манастирски. Ископувањата резултирале и со откривање на богат движен
археолошки материјал во гробовите и објектите.
Ранохристијанската базилика е од V-VI
век, од неа се сочувани темелните партии и делови од декоративната камена
пластика, вели археологот Ананиев.
Источната црква е трикорабна купола, подигната во
VII-IX век, епископска,
оштетена и напуштена по пропаста на Самуиловата држава. Од неа денес се
видливи деловите од олтарната апсида, проскомидијата и ѓакониконот. Во
периодот од 1018 - 1037 година изградена е западната црква, мала крстовидна
купола, посветена на Богородица Елеуса - Воведение. Средната куполна црква
на водочкиот комлекс е подигната кон крајот на XI
век или во почетокот на XII
век. Таа е епископска, со синтронос во олтарната апсида, најголема, со
простран нартекс на западната страна и отворени тремови на
северната,западната и јужната страна.
Со текот на времето црквата била запоставена, а во почетокот на
XIX век сосема напуштена и
изложена на пропаѓање. Конзерваторско-реставраторските работи биле извршени
во периодот од 1975 - 1982 година.
ИСТРАЖУВАЊА
Археолошките ископувања на просторот околу црквата резултирале со
откривање на 972 гроба за кои се смета дека датираат од
XIV до
XX век. Под гробовите се
откриени градби кои припаѓаат на манастирски комлекси.
Од откриените градби досега се идентификувани дел од северниот ограден
ѕид, остатоци од стопански објект за кој порано се сметало дека е словенска
куќа, потоа бања I,
бања II, трпезарија
и два објекта чија намена допрва треба да се открие,
додава археологот Ананиев. На бања I
се регистрирани две градежни фази и три пренамени, а на трпезаријата три
фази на градење и исто толку пренамени.
Овие објекти се показатели дека источната, западната и средната водочка
црква биле манастирски. На источната црква & припаѓале бањата
I и трпезаријата,
западната водочка црква најверојатно продолжила да ги користи овие објекти,
а на средната црква III
фаза на бања I, II
фаза на трпезарија, бања II
и двете со непозната намена. Во објектите живееле и твореле монаси од
X до
XIV век.
ФРЕСКОЖИВОПИС
Следејќи го целокупното сликарство, од некогашниот комплетен
фреско-ансамбл во трите цркви во Водоча само во две од нив зачувани се
минимални фрагмети. Деталните стилски анализи јасно покажуваат дека станува
збор за високи сликарски квалитети на мајстори-зографи кои се врвни
познавачи на средновековното сликарство.
Зачувани се еден мал фрагмент - половина лице од неидентификуван светител,
датиран при крајот на X
век кој наверојатно припаѓал на најстарата источна црква во Водоча,
објаснува Ананиев. Во фрескоживописот во западната црква (Свети
Богородица Елеуса - Воведение) посебно внимание заслужуваат фрагментите од
сцените за Детството и Животот на Пресвета Богородица, Циклус на Главните
црковни празници, фигури на Светители, две фигури на ѓакони во цел раст
денес зачувани, Св. Исавриос и Св. Евплос. Св. Исавриос и Св. Евплос со
право се вбројуваат меѓу ремек-делата на средновековието не само во
Македонија, туку и во византиското сликарство воопшто. Од декорацијата на
средната водочка црква (без да се знае со сигурност нејзиниот патрон) денес
располага со остатоци од фрески од преставата на шест Архиереи и сцени
посветени на Св. 40 Севастиски Маченици.
Според стилските анализи постои мислење дека фреските во средната црква
се од првата половина на XII
век.
|