Спас за Македонија ќе биде ТОМ 2003!

Македонската држава треба еднаш и засекогаш да повлече црвена линија! Линија која ќе загарантира спокоен живот и подобро утро. Со мојот став сметам дека се согласуваат поголем дел од граѓаните на Македонија, но поради директни или индиректни причини молчат.

Секој кој живее во Р. Македонија треба да ја почитува како своја татковина, да ја гради и негува. Секој кој отстапува од ова правило треба да одговара пред судот на правдата. Ако е потребно да биде казнет и со смрт. Не случајно рекле "стравот го чува лозјето", па според тоа ако оваа смртна казна еднаш се примени, верувам дека правниот поредок ќе ја оствари својата цел: безбедна и демократска земја за сите граѓани без разлика на нивниот социјален, верски и национален статус. Затоа драги мои браќа и сестри, време е еднаш да се освестиме и да ги отвориме заспаните очи, пред ѓаволот да не донесе на работ на гробницата, ископана од странските и домашните политичари.

Некој можеби ќе праша зошто и од домашни.

Последните 12 години од осамостојувањето на Македонија даваат сосема јасен и очигледен одговор каква е ситуацијата во државата. Немојте да мислите дека македонскиот народ не е способен. Напротив, јас го кажувам следното. За половина година експертската влада ги постави темелите на суверена македонска држава. Донесоа Устав, знаме "и тоа право знаме" и добри закони. Но, што се случи? Се вратија голем број политичари од СФРЈ и се договорија со политичарите кои беа слуги на југословенскиот врховизам во Македонија.

Но, се појавија паметни луѓе кои политички беа протерани од Македонија и ја обновија мирната борба против непријателите со формирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Таа партија почна да твори и да создава само со голи раце, но со голема љубов кон државата. Затоа кажав дека мака имавме од домашните политичари. Стравот беше голем, бидејќи повеќето сметаа дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, тогаш ќе коли и ќе бесе. Мислам дека сега се согледа грешката која иницијаторите, односно основачите на ВМРО-ДПМНЕ ја направија. Власта ја препуштија на млади и неискусни политичари кои беа послушни на старите волци од СФРЈ. Се сеќавам дека во 92/93 година таа партија добиваше совети, кратенката ВМРО да остане, но ДПМНЕ да се промени само како демократска, но не и како национална.

Во секоја држава постои национална партија која се бори за напредок на државата, но никаде не е напишано или кажано.

Затоа треба да бидеш мудар политичар, а не да чекаш на готово, и да бидеш вечен лидер на некоја партија како што тоа го прави Љубчо Георгиевски. Тој со неговото работење ја донесе партијата во пропаст. Дај Боже да не биде така, затоа што и јас бев нејзин приврзаник до 1998 година, но бев наклеветен, затоа што го кажував моето искрено мислење. Накратко речено, се додека се караат СДСМ и ДПМНЕ нема да имаме бериќет во државата.

Време е за "Третата опција за Македонија 2003".

Мало појаснување за партијата: Иницијативниот одбор што ќе го сочинуваат 12+1 член ќе бидат истите тие кои ќе ја водат партијата, чии членови не смеат да бидат избрани за министри или заменици во случај на добивање на следните избори. Во раководството на партијата ќе бидат само чесни луѓе, познавачи на повеќе од два светски јазици и луѓе со познавање на својата стручна област, а не избрани од вујковци владики. Седиштето за почеток ќе биде во с. Јабланица - Струшко, а ограноци ќе има во секоја општина.

Секој заинтересиран може да се обрати на адреса: TOM 2003 POSTFACH 210439 - 80674 MUNCHEN DEUTSCHLAND или преку интернет,

TOM 2003 MK.@hotmail.com, или факс: 00389 89 70099688. За почеток доволно е копија од лична карта или патна исправа и моментална адреса на живеење, телефон и лична изјава.

Насто Палиоски

 

Селанската буна се уште трае!

Она што се случи во Македонија во 2001 година е нејасно за многу историчари, политичари, но и за обичниот човек. Едни велат дека имало војна меѓу Македонците и Албанците. Други зборуваат за проширување на човечките права на Албанците со воени средства. Трети за воена игра на некои моќници, па за режирана војна итн. За мене останува селанска буна на косовизираните Албанци. Оваа "дијагноза" и денес по две години се потврдува како точна.

Селанскиот бунт започна со удари врз државата, точно во столбот што ја држи една држава: убивања на полицајци и војници. Благодарејќи на тогашните властодршци од ДПМНЕ и ДПА тој столб и од внатре беше разнишан. Требаше мала надворешна сила за "добро" да се затресе. И така направи ОНА. Го организираше бунтот во селата од северозападниот дел на Македонија каде доминантно влијание имаат косовизираните Албанци. Бунтот не ја зафати целата албанска заедница. Власта наместо да го загуши бунтот, го распламтуваше (палењата во Битола и Прилеп). Ако не интервенираше меѓународната заедница, буната ќе прераснеше во воен конфликт. Апсурдот во македонската политика го достигна максимумот со потпишувањето на охридскиот Договор каде главните актери - бунтовниците не беа ниту спомнати. Со други зборови, вистинската терапија за селанската буна не се употреби и наместо да се загуши буната, таа се маскираше со таканаречените акции за собирање на оружје, се ограничи и се препушти на времето спонтано да изгасне.

Како аргумент ќе употребам две тези. Едната (А) соопштена од портпаролот на ОНА кој вели дека во "војната" се убиени 70 - 80 Албанци. А другата (Б) од господинот Фрчкоски кој вели дека по "војната" се убиени 90 Албанци. Тезата А е производ на државните безбедносни сили, а тезата Б е производ на бунтовниците кои се уште се активни на истиот терен каде и ден-денес македонската држава нема пристап.

Тезата Б е многу значајна!

Ако беше нула или некоја занемарлива вредност, тогаш со голема веројатност можеше да се зборува за "војна" во Македонија. Тезата Б е многу голема, а со тоа и се потврдува дека селанската буна се уште трае! Тезата Б остава големо сомневање дека побунетите Албанци започнале вооружен бунт за проширување на човечки права на Албанците во Македонија кога сега на истиот терен им се скратува основното човечко право: правото на живот.

Живко Даскаловски

 

Нови преговори за името?

Почитувани наши!

Наскоро нашите во Владата треба да дадат некаква кукавичка согласнот за некакво име за нашата држава, но каква? Усна или писмена согласност? О Боже мил, кој е тој најхрабриот што ќе стави потпис за новото име?! Од овие две малоумни работи првата е поприфатлива.

Ве молам за вашиот став во врска со ова прашање.

Алекс Јакимоски


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"