Светскиот македонски младински конгрес за употребата на терминот "македонски Словени" на веб-страницата на Претседателот МАКЕДОНСКИ ЛИДЕРСКИ АНОМАЛИИ Пишува: Гоце ДУРТАНОСКИ
Н а 17 јануари 2003 еден од најпознатите и најтиражни весници во Кралството Холандија "Де Волкскрант" објави напис за Македонците под наслов "Македонците се само Македонци" по упорното (и судско) спротивставување на Светскиот македонски младински конгрес (СММК) и Македонската заедница во Холандија за детерминирање на Македонците како "Славо-Македонци".Во целата процедура за бришење на овој термин од холандските весници СММК и Македонците во Холандија ги застапуваше правен експерт. АРГУМЕНТИ Прво СММК се обрати до директорот на Заводот за статистика на Република Македонија со следните прашања: Дали во Македонија според пописните резултати постојат "Македонски Славјани" или "Славомакедонци"? Дали на пописите воопшто се имаат декларирано лица како "Македонски Славјани" или "Славомакедонци" и колку? Според резултатите од пописите во РМ во кои податокот за националната припадност се прибира во годините 1953, 1961, 1981, 1991 и 1994 година, нема лица кои според националната припадност се изјасниле како "Македонски Славјани" или "Славомакедонци" - се вели во официјалниот одговор од Заводот за статистика на РМ потпишан од директорот на Заводот, Благица Новковска, заверен на 17 мај 2002 година, кога официјално е покрената постапката против холандските медиуми. Во текот на јануари 2003, СММК доби писмено известување за промената на уредувачката политика на холандските медиуми што значи тие го прифатија острото спротивставување на Македонците во детерминацијата на нивниот идентитет. ЛОШО ФУНКЦИОНИРАЊЕ Веб-страницата на Претседателот на РМ е само уште еден доказ за лошото функционирање на оваа највисока институција во државата. Кабинетот на претседателот Трајковски и македонското Министерство за информации (сега Агенција за информации) најверојатно "не стоеле добро" уште од првите денови на "претседателствувањето" на Трајковски: во 2000 година Министерството (Агенцијата) го издаде редовното издание "Факти за Македонија" на македонски и англиски јазик каде евидентна е разликата за почетокот на македонската државност која таму почнува во 8 век пред нашата ера, со македонскиот крал Каран, а според веб-страницата на претседателот Трајковски од 10, односно 11 век од новата ера со "македонските Словени". Ваквата некоординираност помеѓу институциите (Кабинетот на претседателот и Агенцијата за информации) во која првата не го пропуштила задолжителното спомнување на "Словените", е истото она што не беше пропуштено во текот на двата мандата на поранешниот претседател Киро Глигоров, кој всушност прв ја "етикетира" нацијата за "славомакедонска". Друг показател за лошото функционирање на Кабинетот на претседателот Трајковски (потврдено и од дипломатски извори) е и тоа што на веб-страницата се уште фигурираат лицата од поранешниот состав на неговиот Кабинет (не ја користат практиката да одговараат на дописите), а скандалот со "историската страница" е само потврда за нелојалноста кон сопствениот народ и држава и соучество во бришењето на историјата на македонската античка држава. Во врска со овие македонски лидерски аномалии најдобар пример и лекција за ваквата непрофесионалност би била изјавата на францускиот сенатор и експерт по право д-р Роберт Бадинтер кој вели: Идентитетот е јасно дефиниран со оглед на тоа што вие сте Македонци. Не постои монопол или ексклузивност за името од страна на некој друг. Суверена Македонија не е територијално цела, но таа историски гледано е, всушност, пак дел од некогашната голема "македонска империја". Веб-страницата на Претседателот на РМ, актуелниот и следните, сега или во иднина, по логика на фактите и по барање на сопствениот народ, мора да ја вклучи македонската античка историја под гранката (линкот) "државност". Актуелните информации на веб-страницата на Претседателот се видливи и транспарентни во интерес и во фокусот на нереалниот и неуспешен Рамковен договор од Охрид и немаат никаква рефлексија врз заштитата и афирмацијата на македонската држава. Авторот е претседател на Светскиот македонски младински конгрес (СММК) и шеф на Постојаната мисија на Светскиот македонски конгрес (СМК) при Советот на Европа во Стразбур Драги Стојковски, претседател на "Обединети Македонци" од Канада за веб-страницата на Трајковски "БИСЕР" НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ П очитуван претседателе Трајковски, честито за убаво опремената интернет-страница и за Вашата желба преку неа да одржувате врска со народот. Разгледувајќи низ страницата, бев непријатно изненаден од самиот почеток од историскиот дел за државноста на Македонија, па решив да Ви го пренесам моето видување.Како може да си дозволите тој дел да започне со следната реченица: "Зачетоците на државноста на македонските Словени датираат од крајот на X и почетокот на XI век, со создавањето на Самоиловата држава". Значи, нашата македонска древнотворна историја започнува на крајот на X век. Па, ова е полошо и од грчката пропаганда, бидејќи тие сепак велат дека сме се доселиле на Балканот во VII век, што значи ни даваат триста години повеќе историја од македонскиот Претседател!Би сакал да верувам дека ова е пропуст на подготвувачот на страницата, но не и Ваше лично мнение. Во тој случај се надевам дека во најскоро време ќе биде поправено со додавање на сета македонска историја, од времето на првите македонски цареви, преку Филип и Великиот Александар Македонски, па Клеопатра, разните владетели по неа, па потоа можете да продолжите со Самоил. Ние, господине Претседателе, сме првенствено Македонци, а не македонски Словени. Сега не ме чуди зошто некои наши "пријатели" воопшто не не нарекуваат Македонци, туку едноставно Словени. Па, кога ние така сме наречени на страницата на Претседателот на македонската држава, зошто да се жалиме кога непријателите така не нарекуваат? Борбата за македонското достоинство и опстанок на македонската земја зависи од сите нас. Се разбира, водачите на државата имаат најголема одговорност и затоа мора да внимаваат на секој збор кој ќе го изговорат и кој ќе го напишат или други ќе го напишат во нивно име. Во оваа прилика нема да Ви давам историски урок, бидејќи нашите понови историчари и историчарите од светски ранг, веќе се согласни и отворено пишуваат дека древните Македонци биле токму тоа - Македонци. Па, зошто и ние, денешните Македонци, да не се гордееме со нашите славни предци? Се гордеам со сета наша историја и се сметам за потомок на сите досегашни Македонци, вклучително и на древните Македонци. Би сакал да верувам дека и Вие така се чувствувате. М-р Ицо Најдовски, Мелбурн, Австралија, за "македонските Словени" на Трајковски НИЕ НЕ СМЕ ДРВО БЕЗ КОРЕН! Н аписот на веб-страницата на Борис Трајковски според кој денешните Македонци се "македонски Словени", а нашата прва држава била Самоиловото Царство предизвика лавина од реакции во Австралија. Ваквата наука на Претседателот е во целосна спротивност со ставовите на официјалната македонска историографија.Зошто Словени? Внимателно ги прегледавме веб-сајтовите на Португалците, Италијанците, Французите, Романците и Шпанците и никаде нивните претседатели не пишуваат дека тие се италијански Латини, француски Латини итн. Тие не го употребуваат зборот Латинци воопшто! Исто така, и претседателите на Хрватите, Србите, Полјаците, Русите, Чесите, Белорусите не тврдат дека се хрватски Словени, руски Словени, чешки Словени. Вие сте единствениот претседател што го негира својот народ и неговото име - Македонци. НЕГАТОРИ Тој термин "македонски Словени" го употребуваат денес само негаторите на Македонците. Нели? Господине Претседателе, Ви подарив книга на нашата средба во 2000 година (магистерски труд) "Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија". Магистерскиот труд е остра критика и порака до австралиските федерални власти кои во 1994 година не прекрстија во "Славомакедонци". Потоа, зарем не стигна до вашите уши судот што го водевме со Премиерот на Викторија г. Џеф Кенет, кој го преименува македонскиот јазик во Славомакедонски? По неколку години по судовите на Австралија, на крајот го добивме судот за јазикот, но не и за името. Како претседател на Република Македонија, заедно со сите вработени во Кабинетот, не смеевте да ја направите оваа историска грешка. Нема потреба ние што сме преку "барата" да им се лутиме на Грција, Австралија и Америка кога не викаат "Славомакедонци" затоа што тие поаѓаат од Вашата веб-страница. "Шлаканици" ни удираат преку носот во Австралија на состаноците со австралиските политичари кога ја бараме правдата. Со вакви ставови и непознавање на сопствената историја, во очите на другите народи, едноставно сме како полноглавци во бара кои се без'рбетници, а главата им е полна со тиња. Од полноглавци што може да се добие? Се разбира, само некоја крастава жаба која ќе ја пренесува крастата и ќе ја шири понатаму. КОНТРАДИКТОРЕН Ставот на Претседателот на државата е контрадикторен со Уставот на државата и со Уставот на Македонската православна црква. Со вакви изјави само продолжува разнебитувањето на Македонците и давање кораж на непријателите да се гордеат со нашето име и историја. Нормално е дека со леснотија неколку држави на САД целокупната наша историја, култура, јазик и името им го дадоа на Грците по барање на организацијата "Панмакедоники". Нека не ни биде криво што Грците имаат силно лоби преку "барата". Нека не ни е криво што лобито на Грците во Америка донира 4 милиони американски долари за изградба на ликот на Македонецот Александар Македонски. Нас не не "танталите" за пет пари, ниту за совет, ниту за соработка! Едноставно за Вас и за владите на Македонија Македонците од дијаспората се непријатели. Македонците преку "барата" никогаш не биле, не се, и нема да бидат непријатели на својот народ и на својата Татковина. Напротив, ние Движењето и Лобито за Македонија го гледаме и негуваме како нашите деца. Ништо помалку! Ако малку ни подадевте рака, Македонија денес можеше да биде Хрватска, Ирска, Чешка, Еритреја, Изреал, Грција, Мексико... каде што нивното Лоби е интегрален дел на матичната држава. Но, за жал, ние Македонците мораме да се помириме со судбината на меѓусебното уништување и потценување. На крајот, господине Претседателе, никој не Ви даде право да не викате Словени, барем не Македонците. Затоа час поскоро на веб-сајтот напишете: "Македонци со библиско потекло". Нема потреба да ги бараме корените на создавање на модерни национални држави. Ние не сме дрво без корен.
|
|