о Есхиловиот Агамемнон на
гледачите требало да им се покажат телата на трагично загинатите јунаци
надвор од сцената. Како? Старогрчката драматургија го измислила - екиклемот...
Ковчег на тркала! И кога ќе поминел од едниот до другиот крај, морници
вибрирале меѓу присутните. Тоа не било никако случајно: опуштениот дух за
татковината која е секогаш во опасност, мора да се собере на едно место и со
една цел - таа по секоја цена да се одбрани, зашто никому нема да му побегне
- "екиклемот"!
Нашето однесување на прагот на 21 век за Македонија е како властелините
во Франција кога кралот Луј 14 ја изговорил онаа прочуена: "... Не владеам
со Франција, ами одгледувам дебели телиња!". Неодамна имав чест да
разговарам со еден висок функционер од судската власт, човек за почит со
акрибиска точност, кој разговорот го почна со неизбежната грижа како и колку
да се обезбедат пари за - судството!?
Чуден си, му велам на високиот судски функционер. Па вие токму сега имате
најмногу - пари! Знаете ли дека во една друга констелација, со друго
поведение на судството, тие привилегии ќе ги изгубите... Седете си "мадро",
како што веле Баце Стојан!
Македонското судство е толку закостено, толку тромо, толку во дебел лој
завиткано, дури ни услугите на Херкул, да ги исчисти Авгиевите пондила, нема
да ни помогнат. И се обидувам со еден, со два, со пет, со педесет примери од
трагичните судбини на луѓе и семејства да му објаснам дека во нашите судови
"почнаа и тужбите и жалбите да не се читаат, ами пресуди да се донесуваат
како оној Ѓуша шивачот кој на селаните од око мера им земал"!
Од другата страна, кај што седеше високиот функционер, ме дочека
констерниран поглед. Човекот ми заличи на генерал што ја заборавил својата
војска на "бојното поле".
Ме уверуваат дека во Македонија не се суди според Закон. Тоа ми го
потврди една госпоѓа судика која левтерно без око да & трепне вели: "... Ами
кај нас се уште на судиите им даваме МИСЛЕЊА како да судат!!!".
Аман госпоѓо, & велам!?
Нема "аман". Тоа е - тоа... И што по тоа? Моли го Господ да не те донесе
во судските аули.
А, последната надеж на малиот, добар граѓанин е токму судот. Кога ќе се
изгуби довербата и во него, следува "слегување во ковчегот на тркала".
Од старите сум слушнал дека кога судот рака сече, рака не боли, ама
според Закон важечки за сите, а не според МИСЛЕЊЕ што ќе се применува за
едни, а нема да се применува за други. И конечно: кој ќе цени и почитува
држава во која судството се "потпира" на МИСЛЕЊЕ, не на ЗАКОН?
Во стариот Рим не еднаш Сенатот си ги "поткасувал муцките" за грешки во
законодавството, но никогаш не дозволил над Законот да го стави Мислењето на
Цезарот, оти и најлошиот Закон треба да се замени пак со - Закон!
Господи, па кај живееме ние денеска? Има ли во оваа земја луѓе што ќе го
жртвуваат својот комодитет, за еднаш да се тргне како што треба! На високиот
функционер и добрата дама судика, заборавив да им ја раскажам приказната за
манастирскиот искушеник кој на грб пренесувал една убава жена од едниот на
другиот крај на реката и на игуменот му тврдел дека не само што не ја
погледнал колку е лична, туку и дека во мислите не помислил ништо лошо!
Што мислите, игуменот му поверувал на искушеникот? Одговорот задржете си
го за себе, оти нека не ве уверуваат дека живеете во демократска земја...
Македонија далеку е од редот и поредокот.