СПОРТ
Кометал Ѓорче Петров срамно елиминиран од клупското натпреварување
ДЕБАКЛ НА ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН!
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
- Изданието на Кометал Ѓорче Петров беше бледо и под секое ниво на еден
европски шампион. Нашиот миленик колабира и не ја одбрани титулата.
- Првата глава веќе падна - тренерот си даде оставка. Дали ќе паднат и
некои други глави, останува да видиме. Во секој случај треба да се биде
трезвен и самокритичен и да се анализираат што побрзо грешките за другата
година да не се доведеме до една ваква незавидна положба.
М акедонската гор-дост е повредена.
Европскиот шам-пион, Кометал Ѓорче Петров, е елиминиран срамно од
понатамошните натпревари во најелитното женско клупско натпреварување.
Начинот на кој нашата екипа беше елиминирана никој не го очекуваше и дојде
премногу брзо, но мора да се констатира дека според игрите кои беа прикажани
од страна на се уште актуелниот европски шампион елиминацијата беше и повеќе
од заслужена. Навистина изданието на Кометал ЃП беше бледо и под секое ниво
на еден европски шампион. Треба сега да се соберат сили и да се одигра
достоинствено на последниот натпревар во Лигата на шампионите, да се
сумираат резултатите и да се анализираат причините за ваквиот крах на една
одлична екипа.
Кои се причините за ваквата срамна елиминација на европскиот шампион во
првата фаза од натпреварувањето? Дали ќе се успее да се направи трезвена
анализа и дали ќе се соберат сили за самокритика или постојано ќе ја
префрламе вината на други?
ПРИЧИНИ
Факт е дека оваа година екипата на Кометал ЃП имаше амбиција да го
повтори успехот од минатата натпреварувачка година и повторно да се најде во
самата завршница на натпреварувањето во Лигата на шампионите, поради што и
самата управа направи се да се доведат квалитетни играчки имиња така што
барем по имиња оваа година екипата на Кометал е далеку посилна од таа што се
натпреваруваше лани. И успехот кој го постигна освојувајќи го Супер-купот ги
елиминира сите наши сомневања дека ете оваа година нема да стигне далеку
поради тоа што не е уиграна. Едноставно докажаа дека и со преполовена екипа
станува збор за вистински професионалки. И токму кога се доби впечаток дека
првата фаза од Лигата на шампионите ќе мине без поголеми проблеми и дека
единствено прашање е само со колку голови разлика ќе изгубат нашите
противници, бевме елиминирани. Една од причините за елиминацијата треба да
се бара во неочекуваната и докрај неразјаснета смена на првиот тренер Леонид
Евтушенко кој ги водеше подготовките на екипата и со кој беше освоен Супер
купот. Евтушенко беше сменет и на неговото место беше доведен Милатовиќ,
тренер со беспрекорно тренерско минато. И токму таквото негово минато беше
доволно јавноста да не ги бара вистинските причина за смената на Евтушенко и
да верува дека екипата и со новиот тренер ќе ги постигнува врвните резултати.
Но, некако се како да тргна наопаку. Иако ја имаше целата екипа на
располагање се чувствуваше дека екипата е раштимувана и дека не е се како
што треба. Новите задачи како да не се вклопија во рамислувањата на играчите
па често пати на натпреварите јавноста се прашуваше всушност кој е
авторитетот во тимот и дали воопшто тренерот ја води екипата. Вербалните
расправии на релација играч - тренер барем досега не беа познати во екипата
на Кометал и беа недозволиви.
Друга причина за раната елиминација треба да се бара во психолошкиот
притисок кај играчите од фактот дека се европски шампиони. Изгледа дека тој
притисок на шампиони беше преголем за нашите ракометарки и тие не успеаја да
го издржат. Фактот дека треба да се одбрани титулата некако беше многу голем
и сите се однесуваа индолентно. А, и големиот број на насловни страници
интервјуа и појавувања на телевизии, односно статусот на ѕвезди како да беше
поважен од самиот тренажен процес и комплетното посветување на него.
ВИНА
Не се откажуваме од нашата цел и нашите амбиции и ние ќе продолжиме да го
градиме Ѓорче како голема екипа - беше изјавата на газдата на Кометал Трифун
Костовски кој и најспортски и најтрезвено ја прими елиминацијата и беше
единствен кој не ја бараше вината на друго место освен во потезите влечени
во Клубот. Ваквата изјава треба да влијае смирувачки затоа што единствениот
услов за една македонска екипа да функционира е да не се изгуби спонзорот,
односно човекот кој вложува во неа. Овој пат Трифун Костовски не се откажа
од Ѓорче. Исто така треба да се поздрави изјавата дека ќе се преиспита
кадровската политика на Клубот и дека во иднина секој потег ќе се
преиспитува по двапати.
Првата глава веќе падна - тренерот си даде оставка. Дали ќе паднат и
некои други глави, останува да видиме. Во секој случај треба да се биде
трезвен и самокритичен и да се анализираат што побрзо грешките за другата
година да не се доведеме повторно во една ваква незавидна положба.
|