е го запаметиме денот 15 февруари,
празникот Сретение Господово 2003 лето Господово кога во цветниот
реконструиран храм на Ѓорчепетровската парохија се славаше еден висок чин на
една мошне хумана прослава.
Верниците ја наполнија црквата. Тука беа пензионираните свештеници, а
токму оваа Света архиерејска литургија ја служеа тројца архиереи и тоа:
Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство г.г Стефан, Митрополитот брегалнички,
г. Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј. Токму оваа служба
беше посветена на тие заслужени пензионери- свештенослужители кои согореа на
своите свети места за благодарноста и љубовта кон Господа, за паматењето и
светлината на нашата света македонска црква и нашите предраги верници.
БЛАГОДЕТНИ МИГОВИ
Овој преубав храм т.н. втор Плаошник преполн од верници се претвори во
една оаза на голем вознес. На овој убав ден преблагиот и мошне стар, високо
во Бога кренат, заљубениот во младенецот Исус Хритос, ја примаше молитвата и
го држеше во раце Младенецот. Тоа е светиот старец Симеон кој надживеа 100
години и бараше од Господа да живее, да не умре се додека не го земе во раце
малиот Младенец Исус Христос. Кога тоа го стори Св. Симеон му рече на
Господа: "Во моите раце се наоѓа спасителот на светот на воскресението и
вечноста и сега Господе можеш да ме земеш". Тоа беа зборовите на овој голем
светец и вљубеник во Бога.
Богослужба на Поглаварот, г.г Стефан, во црквата "Свети
апостоли Петар и Павле"
Ете токму на овој ден беше оваа голема и убава богослужба. Беседата ја
одржа Митрополитот Агатангел. Како владика со сиот свој плам е еден од
најсилните духовници кој успеа во храмот да ги стопли срцата на верниците.
Нешто слично зборуваше и Поглаварот на МПЦ, г.г Стефан кој исто така беше
топло примен од сите верници.
Сите пензионирани свештенослужители на оваа голема молитва му се
заблагодарија на Бога, на своите архиереи и на своите верници за довербата,
за љубовта, за целиот вознес кои тие му го подарија на небото и небесниот
цар на севишнот престол.
МИРОЉУБИВА ПОРАКА
Ете во една таква положба црквата на овој прекрасен празник беше
восхитена. Камбаните биеја, а во тоа биење се раѓаше љубовта, да се сака
силно нашиот Господ. Да го уништиме гревот и со добрината да го земеме во
прегратка човекот-верник без разлика дали е богат или сиромашен. Сите сме
ние Божји деца и за Бога нема ни висок, ни кус, ни богат ни сиромав, само
човек создаден од Господ Бог.
Човекот живее на оваа земја и се бори да ја спаси душата и да му служи на
Господовото дело и да умре оти тоа е законот кој Господ го соѕидал во нашите
души и во Светото писмо кое вели: "Сите сме ние земја, ќе бидеме земја и таа
земја ќе ја претвориме во живот оти Господ ни подари воскресение, живот
вечен".
Така течеше целата оваа богослужба. Сите бевме радосни и не смееме да
заборавиме дека љубовта што ја имал Св. Симеон кон Господа треба сите ние да
ја имаме. Кога заврши богослужбата се одржа трпеза на љубовта во парохиската
административна зграда и на таа света трпеза на љубовта учествуваа голем
број верници. Салата се претвори во една слатка напивка на радост и се
слушнаа многу убави песни. До доцна навечер храмот живееше со овој голем
настан. На сите голема благодарност за помошта и поддршката. Меѓу сите овие
беше најзаслужениот, домаќинот и организаторот, протојереј ставрофор отец
Харалампие Ангелковски.
За многаја лета и со благослов кон Господа и кон Св. Симеон.