ште од самите почетоци на
излегувањето на македонскиот национален весник "Народна волја" од
Благоевград, помеѓу другите публицисти, посебно се истакнува името на
македонскиот историчар од Бугарија кој се потпишува со псевдонимот "Сариса
Параос".
Секој што ги читал неговите историски трудови (објавувани пред се во "Народна
Волја"), во кои овој историчар открива нови хоризонти за македонската
историја, успешно спротивставувајќи им се на странските шовинстички
историографии, ќе сфати дека овој наш историчар и навистина дејствува како
вистинска "сариса"(борбено копје на Македонската фаланга) за
антимакедонските шовинисти. Во неколку продолженија на "Македонско сонце" ќе
приложиме дел од неговите трудови кои, специјално за "Македонско сонце", ги
добивме преку редакцијата на весникот "Народна волја" за што најискрено им
се заблагодаруваме.
БУГАРСКИ ШПЕКУЛАЦИИ И НЕВИСТИНИ
Тешко дека во светот можат да се најдат понечесни шпекулации со името на
еден народ од оние што бугарските историчари, политичари и идеолози ги
прават во однос на македонскиот народ.
Тие многу грижливо го негираат фактот дека името "Бугари" дадено на
северните Македонци во средновековието, претставува политичко (а не етничко)
име. Но, тие тенденциозно ја кријат оваа вистина. Тие исто така многу добро
знаат дека честопати разни народи носеле (а и денес носат) политички имиња
во кои не е содржана етничката припадност на дотичниот народ. Уште во
средината на минатиот век, англискиот мисионер во Турција А. Лонг изјавил: "Народите
обично имаат по две имиња. Едното си го даваат самите на себе, а другото им
се дава или им се наложува од соседните народи" (А. Лонг, "Славјаните
и Бугарите", Цариград, 1870, стр. 20).
Името кое народите самите си го даваат е таканареченото етничко име, а
второво е политичкото име кое се дава од соседните народи и кое претставува
одраз на одредени историски настани кои довеле до неговото наложување. Да се
потсетиме дека, пред да се појават од устието на Дунав, Бугарите биле
нарекувани со општото име "Скити". Византиските автори со ова име честопати
ги нарекувале Бугарите се до крајот на постоењето на нивната држава, во 972
година. Така било и со Византија. Името на оваа империја не е етничко име,
кое се однесува на еден народ, туку тоа е политичко име, наследено од
Римјаните. Државата Византија била основана од (родениот во Ниш) Тракиец
Константин Велики, во 330 година, и таа го носела своето име според името на
тракискиот цар Визас, кој во антиката направил Босфор да биде град којшто (според
своето име) го нарекол Византион. Во оваа империја не живеел еден, туку
повеќе народи, како на пример: Тракијци, Македонци, Илири, Елини, Ерменци,
Грузијци, Сиријци, Египјани и други. Поради тоа, оваа империја го носела
политичкото име "Ромејска", а народите во неа биле нарекувани со заедничкото
име "Ромеи". Од своја страна, етнонимот "Ромеи" значи Римјани, па во
случајов испаѓа дека Византијците (иако не се Римјани), го носеле етничкото
име Римјани. Дури и цели три векови Византијците зборувале на официјалниот
латински јазик, но и тој факт, исто така не значи дека тие станале етнички
Римјани. Одвај околу 615 - 640 година, императорот Ираклиј (610-641) го
заменил латинскиот јазик со грчки, јазик кој и за време на Римската империја
во југоисточна Европа и во Мала Азија бил пораспростанет од латинскиот јазик.
Значи, еве како народите на една голема империја, без да имаат каква било
етничка врска со Римјаните, во текот на едно цело илјадалетие, го носеле
името Римјани (Ромеи) како свое етничко име.
Во денешно време ист е случајот со Французите. Нивното етничко име е
наследено од етничкото име на германското племе Франки, кои, на крајот од 5.
век, на територијата на месното население во Франција (Галите) основале
своја држава. Оваа држава, на месните Гали, им го наложила своето име -
Французи. Но, овој народ не го заборавил своето етничко потекло и име, ниту
пак се обидува да докаже дека тие се Гали, а не Германци. Поради ова, никој
денес не вели "Француски петел", туку - "Галски петел".
Иста е состојбата и со денешните Руси. Според своето етничко потекло тие
се чисти Словени. Но, во 862 година, варјашката орда, предводена од Рурик и
од неговите браќа, го основала т.н. "Новогородско царство". Токму ова
варјашко племе им го оставило на североисточните Словени името Руси. Денес,
меѓутоа, никој не тврди дека Русите се "Варјажи" (скандинавци), туку, како
Русите, така и преостанатите народи, знаат дека тие се Словени.
Историскиот развиток на македонскиот народ исто така придонел, во
Средновековието, извесно време да ни биде наметнато туѓото име "Бугари". Но,
тоа име е политичко, а не етничко име и тоа не докажува дека ние имаме каква
било врска со етничките Бугари (Турко-Бугарите).
Овде ќе се обидеме хронолошки да ги проследиме периодичните промени на
името на западна Македонија и на дел од северна Македонија, кои се во тесна
врска со промените на името на Бугарите и на Бугарија, за на тој начин да ги
откриеме факторите кои ни помогнале во 19 век посигурно да го востановиме
нашето сопствено етничко име - Македонци.
Ќе видиме дека и Бугарите низ својата историја носеле неколку туѓи
политички имиња, во сообразност со промените во политичкиот живот на
Полуостровот.
КАКО БУГАРИТЕ СТАНАЛЕ МИЗИ?
Од основањето на бугарската држава во 681 година, па се до нејзиното
уништување во 972 година, таа го носи етничкото име на својот народ (Бугари
и Бугарија). Но, од 972 година, на овој народ и на нивната земјата им е
дадено ново, политичко, име кое исто така претрпува извесни промени.
Византискиот писател Лав Ѓакон е првиот што сведочи за промената на името
Бугари во името Мизи, а на нивната земја Бугарија во - Мизија. Во врска со
превземениот поход на византискиот император Никофор Фока против Бугарите во
968 година, Лав Ѓакон за прв пат го употребил новото име за Бугарите. Тој
пишува: "Кога Никифор стигнал пред падините на Стара Планина... тој ја
разгледал земјата и скалестите предели, бидејќи, за да се изразиме поетски,
во земјата на Мизите, само зла извирале... и за да не ја предаде (својата
војска, з.м.) на Мизите да ја исколат..." тој го прекинал походот. (ГИБИ,
5. том, стр. 247).
Во врска со навлегувањето на Русите во Бугарија во 968 и 969 година и
разбивањето на бугарската војска, Лав Ѓакон пишува за смртта на бугарскиот
цар Петар, па вели: "Велат дека тогаш водачот на Мизите Петар... соочен
со неочекуваната несреќа, добил апопклептичен удар и недолго потоа го
напуштил овој свет" (Исто, стр. 248-249).
Од овие цитати гледаме дека уште пред уништувањето на бугарската држава,
на Бугарите им било дадено ново, политичко, име, па нивниот последен реален
цар кој 42 години владеел со Бугарите од "цар на Бугарите" наеднаш се
престорил во "цар на Мизите".
Шест децении по Лав Ѓакон, Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето
од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година,
исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од
Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува: "...
Печенезите го преминале Истар и ја опустошиле Мизија" (исто, стр. 299).
За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото
име на оваа земја, па вели: "Печенезите повторно ги нападнаа Мизија,
Тракија и Македонија" (исто, стр. 200).
Друг византиски писател - Скилица Кедрин (11 век) исто така пишува за
Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).
Да заклучиме дека од последната година на постоењето на бугарската држава
(972 г.), па се до 1235 (значи, речиси три века), за Византија и за
византиските писатели нема Бугари и Бугарија од онаа страна на Стара Планина.
Наместо нив, постојат имињата Мизи и Мизија.
По населувањето на Печенезите во источната дунавска рамнина и по нивното
покрстување од страна на Византија, административното име на оваа земја било
Паристрон (Подунавие). Јован Зонара кој ги следел настаните околу
населувањето на Печенезите предводени од Кеген (кои го убедувале
византискиот император да му се спротивстави на Тирах - водачот на
преостанатите 14 племиња Печенези, кој се наоѓал од другата страна на Дунав),
соопштил: "Бидејќи престојувал во паристрионските области, тој (Кеген,
з.м.) ја преминал реката (Дунав, з.м.) и ги поразил луѓето на
Тирах." (ГИБИ, том 7., стр. 198). Ова административно именување на
Бугарија било употребено и во врска со востанието на тамошниот византиски
управник Нестор, кој пред тоа му бил роб на императорот: "Еден роб на
таткото на императорот (Константин Десетти з.м.), по име Нестор, по
чин вестарх, кој бил назначен за дука на Паристрион, се кренал со оружје
против императорот." (исто, стр. 202).
Најчудно е тоа што дури и откако Печенезите, Власите и Куманите ја
создале таканаречената "Втора бугарска држава" византиските писатели,
без да водат сметка за новиот етнички лик на населението од онаа страна на
Стара Планина, продолжуваат да зборуваат за Мизи, додавајќи ги и Власите.
Така, на пример, Никита Хонијат кој имал висока должност кај византискиот
император во својата "Хронографија", известувајќи за востанието на Петар и
на Асан во 1185 година, пишува: "Бидејќи Мизите јавно започнале востание
и на чело на тоа зло застанале... Петар и Асан..." императорот превзел
поход кон Стара Планина. И понатаму: "Императорот имал можност поради
недостаток од противдејство, да ја преброди цела Мизија и да постави
гарнизони во тамошните градови, од кои најмногу биле распоредени по Хемус"("Бугарската
воена уметност за време на феудализмот", 1953, стр. 437).
БУГАРИТЕ БИЛЕ НАРЕКУВАНИ И ВЛАСИ!
А, кога ги опишува нападите на Асан во Тракија (1189 година) Хонијат им
дава ново етничко име на народот од некогашна Бугарија. Тој пишува: "Значи,
Власите откако се возгордеале од непрекинатите победи над Ромеите, тие се
здобиле со големи богатства и секакви оружја од пљачкосувањето на Ромеите."
(исто, стр. 404).
Друг византиски писател (Георги Скутариот), кој бил современик на Петар,
Асан и Калојан, пишува за византискиот поход против нив во истата година.
Тој пишува: "Откако работите на запад (од Константинопол, з.м.)
станале лоши и Власите, заедно со Куманите, почнале да ја пљачкосуваат
ромејската земја, императорот презел поход против нив." (ГИБИ, т. 8. стр.
230). Во врска со бегството на Иванко, кое се случило по убиството на Асан,
Георги Скутариот соопштува: "И така Иванко кришум ја напуштил Мизија и
отишол кај императорот." (исто, стр. 255).
Да кажеме дека бугарските историчари денес името на владетелот на т.н. "Втора
бугарска држава" - Асан, го пишуваат како "Асен", што не одговара на
вистината, затоа што во византиските извори тој е запишан како "Асан", а не
како "Асен".
Но, не се само Византијците тие кои од 10 до 14 век го користеле
политичкото име за сите народи од онаа страна на Стара Планина (Печенези,
Кумани, Татари, Власи, Трако-Словени и неколку "островчиња" остатоци од
Бугарите, главно во Провадиско, Варненско и Добричко), туку тоа го правеле и
западните хроничари. Така, на пример, учесникот во Третата крстоносна војна
презвитер Магнус кога раскажува за преговорите помеѓу бугарскиот цар Петар
Втори и Фридрих Барбароса, пишува: "Власите се со нас!" (ЛИБИ, т. 3.,
стр. 215).
Друг учесник во оваа крстоносна војна - Ансберг во својата "Историја на
походот на императорот Фридрих Први" соопштува дека во дунавската рамнина:
"... владееја со своите Власи некој си Калопетар, кој бил Влав, и брат му
Асан (