о овие стихови, како вовод, се
обрати неодамна еден обичен човек, граѓанин на Германија, добар познавач на
јазикот и лингвистиката, а уште подобро упатен во "Македонцките работи",
особено во "проблемите со јазикот" до еден обичен човек, граѓанин на
Македонија.
Причините се многу стари колку што е стар и македонскиот народ, но повод
и вистински предизвик за моето реагирање се јазичните провокации што се
појавија во Македонија по изборите во 2002 година, во работата кај
албанските избраници во сите институции на државата. Особено ме поттикна, а
и ме разгневи, јазичната нејаснотија само за албанските претседатели на
парламентарните комисии што ги "оневозможи" да одржат, до денеска, ниту една
седница!
А непосреден повод за моево обраќање е предлогот на госпоѓата Дорис Пак
за "јазичен компромис" што го објаснува понатаму, со тоа што, дека во
Охридскиот договор треба да постои простор за одредена дарежливост за
користење на јазикот на состаноците на Парламентот и во комисиите.
Со тоа, европарламентарката им се "придружи" на Албанците, не во промена
на границите на државата, туку во нивните чести обиди за поместување на
начелата од Рамковниот договор!
Наместо вистинската практика во насока на современите цивилизациски
достигнувања на Европа добивте, со предлогот за некаков "специјален рецепт
за јазичен компромис и даржливост", уште еден бисер на апсурдите што ја "разубавуваат
и стабилизираат" Република Македонија, во последната деценија од 20 и
почетокот на 21 век.
Но, сепак, врвен дострел во логиката на апсурдите и крунски "сведок",
доказ, за поместување на начелата од Рамковниот договор е подготвеноста на
Владата да донесе Закон за употреба на јазиците!
Ако парламентарната демократија во државите на Европа и ЕУ максимално ги
користи современите придобивки во спрега со природните потреби и законитости,
како изграден и општо прифатен морален кодекс за брзо, едноставно, оптимално
комуницирање и врз таа основа, претседавачите на сообранијата и собраниските
тела ги водат состаноците на јазик разбирлив за мнозинството (со возможно
обраќање на дискутантите на свој мајчин јазик), зачудува и фрапира
индолентноста на меѓународната заедница кога е во прашање употребата на
македонскиот јазик во такви и слични официјални пригоди.
Да продолжам со лајт мотивот (максимата) на воведот. Во оваа пригода не е
битно да се каже кој ги напишал овие стихови (и тие што ќе следат), туку од
суштествена важност е укажувањето на органската поврзаност на јазикот (како
ДНК) со народот, како природна законитост експлицитно, но и суптилно
содржина во стиховите на "јазикот".
Овие стихови се појавија во македонската литература веднаш по
завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, и симболично ја
покажаа судбинската поврзаност на народот со јазикот во макотрпната историја
на Македонецот:
"Годините матни текле
народот се в'огин пекол
а јазикот гаснел венел
к'о осамен зелен даб.
(по 1945)
Сега пак тој зеленее
лисјата му цутни пеат
и к'о река полска тече
в'централниот дијалект.
Елмази му Велес рони
бисери му Прилеп лее
Битола му краси чело
А Охрид му полни век.
Цела земја му е стреа
в'жилите му Вардар шуми
орлите на Пирин греат..." итн.
За крај прашањето:
Кого, од кого, зошто и дали го дели македонскиот јазик некого, во
државата Македонија?
Одговорот на ова прашање обичниот човек, граѓаните на Македонија и Европа
го знаат... можеби е содржан и во мојот лајт мотив, воведот.
На прашањето треба да одговорат "другите"..., го завршува обраќањето,
обичниот човек од Европа.