КУЛТУРА Книга за животот и делото на Милош Шуковиќ БОРЕЦ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПРАВА Пишува: Милева ЛАЗОВА
А втор на книгата "Македонија е Македонија" е познатиотновинар и публицистСлободан Дончевски, а книгата е во издание на "Проарт" од Скопје. Книгата е посветена на Милош Шуковиќ кој по потекло не е Македонец (Црногорец), но целиот живот го поминал во Македонија борејќи се за Македонија.За него и за неговиот животен пат како и за револуционерната и културно-просветната дејност досега било пишувано маргинално, иако требало да се пишува многу повеќе. Затоа авторот Слободан Дончевски во нему својствен стил успеал да ги проучи животните патеки на овој голем револуционер Милош Шуковиќ. Дончевски ни открива една личност и едно време, еден борец за македонските национални права, личност со исклучително богата биографија исполнета со македонска содржина. Книгата е пребогата со податоци кои се земени од тетратката што му била дадена на авторот од сопругата на Милош Шуковиќ како и со други текстови од негови соборци, соработници, пријатели. Во неа многу сликовито е пренесена неговата значајна учителска дејност во повеќе места во Македонија, потоа неговите средби со Методија Андонов - Ченто, Пенко Здравковски, Бане Андреев, Борко Темелковски, неговата дејност во текот на НОБ во Македонија како и неговата целокупна општествена дејност по ослободувањето. Во едно од поглавјата во книгата насловено како "Македонија не е српска бановина" авторот го издвоил мислењето на Милош Шуковиќ за Македонија уште кога бил ученик: "Милош знаел нешто за Македонија, но бил воспитуван дека тоа е српска бановина, а Македонците биле "јужносрбијанци". Кога дошол во селото Фариш од тие предзнаења немало ништо. 'Режимот' настојувал Македонците да ги посрби, но Милош сфатил дека Македонија е Македонија". Прва поетска збирка на Ратка Андонова ТИШИНАТА И МОЛКОТ КАКО ИНСПИРАЦИЈА Пишува: Милева ЛАЗОВА
В о издание на "Македонски духовни конаци" излезе од печат книгата-поезија "Говорот на тишината" од младата авторка Ратка Андонова. Оваа збирка поезија е прва книга на Андонова, но таа тука не запира, туку и натаму твори. Прашање е само на време кога ќе ја објави и втората книга. Таа со литература се занимава од најрана возраст, а нејзината поезија е објавувана во повеќе списанија - "Лоза", "Современост", "Стожер" и "Портал".Книгата содржи 27 лирски исписи на тишината на говорот во 33-те песни во проза. Главна тема на сите песни во книгата е говорот на тишината како што самата книга е насловена, 27 пати ги сретнуваме молкот и тишината содржани или изделени. Зошто токму тишината и молкот авторот ги зема за централни инспиритативни зборови може да се открие кога ќе се прочита целата збирка поезија. |
|