Јазичното, културно, древно македонско наследство не може да се мери на
кантар, бидејќи е бесценето и вредно колку што постои векот. Тоа му припаѓа
на овој македонски народ, нивните наследници и идните поколенија. Затоа
секое лажно припојување или присвојување на македонската исконска култура,
не може да помине незабележано и неоткриено од вистинските толкувачи и
бранители на македонската цивилизација.
Присвојувањето и негирањето на целокупната македонска култура одамна
прават дружба и се пијанчат од лажната политика. Историскиот мамурлук е
краткотрајна состојба што се лекува со факти и архелошки наоѓалишта. А,
сполај му на Бога, ги има безброј. Од монети со ликот на Александар, па се
до Бакарната книга која многумина сакаа да ја скријат од очите на јавноста.
Тоа никогаш не им успеа оти на "козеријата & се кратки нозете".
Против таквата политика се борел Александар Македонски и успеал да ја
посрамоти хеленистичката утопија. Докажал дека само вистински владетели
имаат лавовско срце кое не стравува од своите непријатели, туку ги
надградува сите доблести на неговата ера. Затоа стравуваат Грците и се
обидуваат да го заборават овој период кој за нив бил вистински залез на
хеленистичката култура. Во таа рововска борба никој не им ја негира
историјата на градовите (полиси), но не може да мине неаргументираната
негаторска политика дека Александар Македонски, син на Филип ИИ и Олимпија,
цар над царевите, освојувач на Персиското (Вавилонското) царство и на Индија,
бил припадник на Елините по крвна лоза. Ако бил нивни владетел, тогаш зошто
си го нападнал и ги покорил сопствениот народ? Зошто атињаните (кои по род
биле Елини) не го мирисале, а за нив бил варварин? Или, впрочем, зошто ги
уништуваат сите археолошки локалитети околу древната македонска престолнина
Пела?
КОКИЧИЊА
Вистината секогаш боли. Таа е непобитен факт на македонската лоза чија
култура, јазик и писменост била на далеку позната. Затоа секое прикривање на
македонското писмо не може вечно да трае. Вечни се само делата. Тие ја
одмотуваат замрсената историска топка. Неа ја правеле поробувачите, но и
домашните без'рбетници кои работеле против македонскиот народ. Затоа имаме
безброј неразјаснети убиства, но и продажби на македонските археолошки
артефакти кои чмаат во музеите во Белград, Софија, Атина или Истанбул.
Но, сепак, се уште во Република Македонија има вистински луѓе. Што
научници, што вљубеници во археологијата. Тие се вистинските двигатели и
чувари на древното македонско наследство. Полека, но сигурно нивната борба
се исплатува. Секој чекор, секоја трага ја исполнува празнината во
македонската исконска историја. Таа е една богата книга која никогаш не се
затвора, туку се надоградува и надополнува. Постојат многу скриени духовни
богатства, но еден ден тие из'ртуваат како кокичиња што се предвесници на
пролетта. Затоа оваа древна македонска книга која е изработена од бакар не
не изненадува. На неа се впишани и изгравирани знаци и букви со коишто се
споменува името на големиот Македонец Александар, најголемиот македонски цар
кој си ги остварил своите соништа за најголемата империја за сите времиња.
Радоста да биде поголема, книгата се уште е добро сочувана, но сега со
неа ќе мора да се позанимава и науката која ќе треба да го согледа
целокупниот историски опус на знаци и букви. Нивното значење со децении
одредени македонски научници го прикривале, плашејќи се за себе оти со неа
паѓа во вода тезата за панславизмот, односно за словенизирањето на
Македонците. Таа одамна умре, бидејќи нема факти што се базираат врз некои
арехолошки наоѓалишта или пишани документи од задкарпатието. Затоа конечно
треба јасно и гласно да се стави крај на тие небулозни тврдења за доаѓањето
на Македонците од задкарпатскиот предел. Нашиот начин на живеење, јазик и
култура потекнува од овие краишта. Од Беломорска Македонија, па се до
вавилонските кули и драчките порти. На оваа територија лежи македонската
култура, јазик и писменот.
ЖИВОТВОРНОСТ
Распространетоста на македонската култура е голема. Таа е цврсто вкопана
в земја, но и заслоена врз темелите на богатата цивилизациска придобивка.
Оттаму, мораме да се гордееме со нашата големина и величественото дело. Тоа
не можат да си го дозволат ниту далеку побогатите земји во светот кои имаат
проблеми со сопствената идентификација. Развојот, односно тајната на
македонската култура и писменост лежи во македонскиот бодар народ, кој
остана витален и покрај сите црни премрежја што ги доживеа.
Македонската цивилизација памети многу напади; од Демостеновите ораторски
шила па се до современите кавгаџиски сопки (внатре) во македонскиот народ.
Тој успеа да се одбрани од канџите на ропствата и филствата, благодарение на
својата животворност. Затоа во иднина ние мораме и натаму да бидеме будни,
но со далеку подотворени очи. Притоа, ќе треба да се присобере сиот научен и
разумен памет кој ќе се позанимава на доистражување на македонската историја,
култура и писменост, која до денес беше под силно политичко влијание на
одредени моќни центри во соседството. Таквата моќ мора да згасне оти не води
во погрешни води.
Заблудите се страшна работа, но уште потешка работа не чека. Големи дупки
постојат во македонската историска "библија". Тие временски дупки се одраз
на едно време во кое никој не смееше да им противречи на самопрогласените "научни"
авторитети. Затоа теренот за шпекулации, придобивки и присвојувања на
македонската култура, беше погоден за странските агитатори. Сега нивното
време заврши. Дојде време кога треба да се копа и открива, а се она што ќе
се пронајде ќе треба да се обработи и изложи пред македонската јавност.