ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Светлина која пребрзо дојде од небото

ИЗГРАДЕН "СВЕТИ АТАНАСИЈ" ВО ОРИЗАРИ

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Оваа златна црква во стилот на македонското црковно обележје и архитектура за една неполна година се изгради и веќе се служи во неа и таа за нашиот главен град претставува реткост.

Беше само еден голем Крст. Беше еден сон за јаве. Беше еден чекор до небесните двери и тука да светне црква, а тој камен во крст да се преобрази, во Господов храм. И така беше.

Тоа свето оризарско место се претвори во една Господова рамка и приказна што ја имаше со желбите на верниците - тој Црковен одбор на населбата Оризари, сплетен како едно јаболко со неизмерна љубов, саможртвено со собирна акција, со пари, спонзори, добротворци, ктитори, клекнаа пред својот вљубеник, заштитник на населбата, ги удрија темелите на ова место и за еден кус рок изградија чедо Господово и му го всадија срцето на таткото патрон "Свети Атанасиј Велики".

НЕИМАРИ

Почна градбата. Црковниот одбор го изгради овој храм со целиот жар и љубов кон светецот и кон својата населба заедно со своите верници, со љубовта на парохискиот соборен храм, "Свети апостоли Петар и Павле", со таткото на овој парохиски центар, со координаторот протојереј ставрофор и старешина отец Харалампие Ангелковски и матичниот старешина на новиот храм, отец Мирче и преостанатите раце кои се врежани во градбата на храмот. Оваа златна црква во стилот на македонското црковно обележје и архитектура за една неполна година се изгради и веќе се служи во неа и таа за нашиот главен град претставува реткост затоа што се уште имаме цркви во градба и по неколку години и се уште не се готови, а некои не се ни започнати, а само местата се осветени. Тоа претставува на голема слабост и неодговорност.

Иницијативниот одбор за изградба на храмот со Поглаварот на МПЦ

Архиепископот г.г. Стефан со дел од верниците

Црквата на Свети Атанасие во населбата Оризари во "Ѓорче Петров 1" е пример не само за пофалба, туку еден голем чин на љубов и мудрост. Златните раце на градителите и каменоресците се од Мала Преспа, Македонци од соседна Албанија. Сите мудреци и творци на овој храм со истиот архитект - градежниот инжинер кој ја проектираше матичната соборна црква "Свети апостоли Петар и Павле".

ЗАЕДНИЦА

Целата црква е обложена со специјален камен и сега се уредува внатре, а ќе се фрескослика и ќе се постави нова камбанарија. Ќе се уреди дворот со големата трпезарија во чии рамки се наоѓа и администрацијата. Одборот на црквата го носи епитетот на хомогена братска заедница и оваа црква стана една од најубавите сестри на матичната соборна црква, сега убавица, втор плаошник во нашата земја, манастир на сесилната љубов кон бога, кон небесните двери, кон херувимите. Со изградбата на оваа црква во еден многу кус период & се отвори простор на човечката храброст и на љубовта на нашиот Спасител Господ Исус Христос и патронот Свети Атанасиј Велики.

Се славеше званично и светна патронот на црквата на ден 31 јануари 2003 лето Господово и така ќе биде секоја година. Празнувањето во оваа преубава црква се одвиваше со многу верници, со голема веселба, музика и игри, многу молитви и богата трпеза на љубовта. Тоа траеше се до доцна во вечерта, домаќините беа вистински љубезници кон верниците и гостите и се беше во ред.

Големата прва архиерејска божествена Света литургија ја одржа Неговото Блаженство г.г. Стефан со бројно свештенство, ѓакони со хорот од матичната црква. Овој ден ќе биде забележан како ден на посебна почест кон светецот и кон овој голем празник. Со завршувањето на се уште неизградениот преубав и голем храм "Света Злата Мегленска" во населбата Сарај овој светол крај на ѓорчепетровската Парохија фактички станува македонски втор Ерусалим.


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"