ПОЛИТИКА

Нови сериозни закани за Балканот од големоалбанскиот експанзионизам

ОПАСЕН СИГНАЛ ОД ТЕРОРИСТИТЕ

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

  • Напнатоста што владее на Косово и тензиите што се активираат во Јужна Србија налагаат будно следење на состојбите во регионот од страна на безбедносните структури во земјава.
  • Зачестените киднапирања и уцени во кризните подрачја го наметнуваат прашањето дали навистина станува збор за криминални банди или добро организирана терористичка организација (АНА) која се повеќе се инсталира меѓу албанското население.
  • На оваа дилема Министерството за одбрана на Република Македонија одговори дека тоа се криминални банди, иако заканите за нова пролетна офанзива што ги упати т.н. АНА, не се наивна шега.

Неодамна на грчкиот остров Сирос беше развеано знамето на Ослободителната војска на Косово, чија препознатлива симболизација - двоглавиот црн орел - ја активира целокупната одбранбена грчка машинерија. На знамето пишувало "Чамерија", име што Албанците го употребуваат за северозападниот дел на Грција, на брегот на Јонско Море, кој влегува во мапите на "Голема Албанија" исцртани од албанските екстремисти. Знамето било подигнато на православната црква "Анастасиос" и можело да се забележи на сите страни од островот кој се наоѓа во Егејско Море, во архипелагот Киклади, околу 120 километри југоисточно од Атина, односно речиси 500 километри од Чамерија.

Големи албански апетити на Балканот

Жителите, етничките Грци на Сирос, веднаш го пријавиле инцидентот, по што силни полициски единици спровеле акција во која го симнале знамето и уапсиле стотина од вкупно 300 Албанци што живеат како имигранти на островот. Полицијата ги проверува документите на уапсените Албанци и ги испрашува дали тие имале врска со истакнувањето на знамето.

Уапсените Албанци тврдат дека знамето го истакнале "грчки националисти", кои сакаат да ги нарушат меѓунационалните односи на островот и да издејствуваат нивно протерување. Албанскиот весник "Шекули" за сериозниот инцидент има разводнет коментар.

Инцидентот не може да биде дело на Албанец, туку на некој што не го знае албанското писмо, бидејќи напишал "Чамурија" наместо "Чамерија".

Овој настан ги разбурка националистичките страсти кај Албанците во областа Чамерија, но и кај Грците. Сепак, случката не е така наивна, туку доаѓа во време кога се интензивираат апетитите на Албанците на Балканот. Косовските Албанци во обид да го амортизираат ударот од новата држава, односно лабавата федерација меѓу Србија и Црна Гора, се обидуваат да го фатат последниот воз за остварување на сонот - независно Косово, "Големо Косово" или :Голема Албанија". Повеќе од четириесет албански претставници во Парламентот на Косово подготвуваат терен за резолуцијата со која ќе ја прогласат независноста на Покраината. Истовремено македонската политичка врхушка се обидува да ја спушти топката на земја, бидејќи АНА се повеќе покажува заби на теренот што е под нејзина контрола. Станува збор за една третина од Република Македонија која всушност по воената криза од 2001 година и конфронтанциите со терористите на ОНА никогаш не беше вратена под целосна контрола на македонската полицијата.

СЛЕДЕЊЕ

Напнатоста што владее на Косово и тензиите што се активираат во Јужна Србија налагаат многу попретпазливо да се реагира на предизвиците, сметаат во бездбедносните структури во земјава. Но, зачестените киднапирања и уцени во кризните подрачја го наметнуваат прашањето - дали навистина станува збор за криминални банди или добро организирана терористичка организација (АНА) која се повеќе се инсталира меѓу албанското население. На оваа дилема, Министерството за одбрана на Република Македонија одговори дека тоа се криминални банди, иако заканите за нова пролетна офанзива што ги упати т.н. АНА, не се наивна шега. Оваа терористичка организација се закани дека со својата "Дивизија Скендербег" ќе започне пролетни активности за остварвање на целите на Албанците во Македонија. Меѓутоа, официјалните органи и натаму остануваат на ставот дека криминалните банди во поранешните кризни региони немаат поддршка од населението и затоа на нивно барањед МВР отворило неколку полициски станици во селата во Кумановско и Тетовско.

Терористите со софистицирано оружје

Вооружени албански банди на секој балкански чекор

Во врска со ова портпаролот на Министерството за одбрана, Марјан Ѓуровски, изјави: Во поранешните кризни региони е забележано присуство на помали криминални банди кои се обидуваат да добијат поддршка од месното население и засега не претставуваат закана за безбедносната состојба. Но, загрижуваат знаците од регионот кои наложуваат крајна претпазливост и подготвеност да се реагира. Тој вели дека граничниот инцидент кај Дебар, во кој граничарите убија еден шверцер, не значи дека е зголемен бројот на илегални премини, туку дека граничарите се добро подготвени и си ја вршат работата.

АРМ ја загрижуваат раздвижувањата и тензиите на Косово и во Јужна Србија, во реонот на Прешево, кои настанале по последните политички промени во поранешната СР Југославија. Засега не е зголемен степенот на борбена готовност на единиците на АРМ, но состојбата будно се следи, оценуваат во Генералштабот.

Жителите на селата од двата кризни региона побарале од македонската полиција да отвори станици за да го спречи "рекетирањето", односно малтретирањето на бандите. МВР во својата проценка тврди дека бандите немаат политички организирана платформа. Преземаме мерки за враќање на безбедноста и планираме активности за отворање полициски станици за да ги заштитиме граѓаните и нивниот имот и враќање на безбедноста во поранешните кризни региони, изјави Мирјана Контеска, портпарол на МВР најавувајќи сериозни акции против бандите.

Во меѓувреме тетовската полиција спроведе неколку акции за разбивање на бандите во Тетово и Тетовско кои секојдневно вршат убиства, разбојништва, организираат трговија со жени, уценуваат и рекетираат. Во две одделни акции, без отпор и без употреба на оружје, беа уапсени Наргим Хазбиу (26) од Мала Речица, Тетовско, и Гани Исмаили (26) од Тетово. Двајцата се дел од разбојничките групи во Тетовско составени од неколку десетици криминалци. Против Наргим Хазбиу веќе било покренато обвинение за сторено кривично дело убиство, меѓутоа Хазбиу досега не бил достапен за органите на гонење. Во 1999 година тој го убил Фадил Сејфулаи и по него била распишано потерница и во отсуство му бил одреден притвор. Гани Исмаили, пак, во текот на минатата година извршил две кривични дела. Тој го лишил од живот Миќаил Алили, а второто кривично дело е тешка телесна повреда. Против него била отворена истрага и донесено решение за притвор.

Според полициски извори, во Тетовско најекстремно дејствуваат четири криминални банди кои се служат со најразлични методи на тероризирање на населението преку убиства, разбојништва, уцени и рекети насочени, пред се, за изнудување пари. За легло на опасни разбојници се посочува селото Раковец и неговата околина што се наоѓа на пониските падини на Шар Планина, над селата Боговиње и Пирок. Добро упатени полициски извори сметаат дека оваа група е составена од над 15 криминалци, добровооружени во чии редови имало и платени убијци од Косово и од соседна Албанија. По некои од косовците УНМИК имал распишано потерници за сторени кривични дела убиства во Косово.

Според тврдења на месното население од Раковец, оваа криминална банда ноќите ги минувала во две-три неосветлени куќи во селото. Нејзиното дејствување најмногу е присутно во селата во подножјето на Шар Планина од Голема Речица, па се до Добри Дол, Гостиварско, каде што неодамна беа убиени три танчерки. Криминална група од пет-шест криминалци дејствувала и во поширокиот реон на Желино. Забележана била во селата Шемшево, Требош, Палатица, Озорниште, Горна и Долна Лешница, Стримница, Добарце и околината. Опасна банда била регистрирана и во околината на Нераште која, покрај во ова село, дејствувала и во соседните Одри и Доброште. Се тврди дека и во Тетово постои една банда која шири страв и неспокојство меѓу населението во поширокиот реон на Теќе, Мала Речица и станбениот блок 82. Полицијата тврди дека има потерници за нивно приведување и оперативен план за расчистување со ваквите банди, за што ја има целосната поддршка од населението.

БАНДИТИ ИЛИ

ЕКСТРЕМИСТИ?

Постоењето на бандите во кризните региони се факт, реалност. Но, тие беа дел од т.н. ОНА и можеби се припадници на АНА за која советникот на премиерот Црвенковски потврди дека постои, иако долго време македонската официјална политичка власт избегнуваше да ги идентификува како терористи.

На последната средба Црвенковски - Џинѓиќ во Белград, тоа беше и потврдено. Српската страна која се залага за побрзо враќање на Косово, истакна дека во Прешевската Долина се уште има екстремисти и терористи, додека македонската страна се обиде со дипломатски речник да ја амортизира сериозноста на проблемот. За македонските политичари тоа се бандити кои го уценуваат локалното албанско население и не претставуваат некој позначаен фактор за ново дестабилизирање на Република Македонија.

Меѓутоа, со последниот проглас на т.н. АНА за преземање на пролетна акција, не без причина беше упатен опасниот сигнал. Истото го тврдеше и претходната политичка гарнитура, па сепак се вовлече во воената машинерија. Новите политички поместувања, односно новата карта на Балканот и во соседството само ја потврдуваат информацијата за раздвиженоста на Албанците во регионот.

Двата дома на Сојузното собрание на поранешната СРЈ донесоа одлука за престанување на постоењето на досегашната држава и за формирање на државата Србија и Црна Гора. Во уставната повелба на новата заедница стои дека Косово и натаму е дел од територијата на новата држава. Тоа најверојатно е причината што преку ноќ зовре целиот регион и што тоа има реперкусии врз безбедноста на Македонија. Се претпоставува дека тврдиот неприфатлив став на меѓународната заедница околу Резолуција за независност на Косово, која се подготвува во косовскиот парламент, е директна причина за појавата на екстремистите на Косово кои најверојатно повторно ќе се обидат интегрално да го решат албанското прашање во регионот. Меѓународните претставници во Македонија се обидоа да го амортизираат влошувањето на ситуацијата на Балканот.

Нема да има нова војна во Македонија, ниту пак постои реална закана за безбедноста во земјата, порачаа претставниците на меѓународната заедница во Македонија.

Тие се свесни дека се уште има групи во регионите на Тетово и Куманово кои им создаваат проблеми на локалните жители, но сметаат дека тие не се реална закана за безбедносната состојба во земјата.

Демократската унија за интеграција нема никакви сознанија за постоење сили на т.н. АНА во поранешните кризни региони, изјави портпаролот на партијата, Ермира Мехмети. Според неа, незадоволни од Рамковниот договор ќе има секогаш и тоа од двете страни. Ставот на ДУИ, вели Мехмети, е дека охридскиот Договор претставува основа за започнување изградба на вистинско демократско општество, во кое припадниците на сите заедници ќе ги уживаат истите права и слободи.

СТАРИ ИДЕИ

Албанското прашање на Балканот не е лесно решливо. Но, последниве две ипол децении Албанците во регионот, односно нивните екстремисти, упорно работат на неговото разрешување кое се темели врз база на стратегијата на Албанската академија на науките во Тирана. Во неа прецизно се определува за што се борат Албанците: за независност на Косово и Дарданија, за специјален статус на Албанците во Црна Гора, за конститутивност во Македонија и културна автономија во Грција.

Историската стратегија се темели врз т.н. "Албанска лига" од 1878 година која ги утврди основите на "Голема Албанија". Таа воскресна во основната национална стратегија којашто во 1998 година ја изложи Албанската академија на науките во Тирана. Во неа јасно се прецизирани целите и задачите на Албанците во регионот. Тие треба да се борат за: независност на Косово и Дарданија, т.е. Источно Косово со Прешево, Бујановац и Медвеѓе; за специјален статус на Албанците во Црна Гора, поточно за областа Малесија во која влегуваат градовите Рожае, Плав, Гусиње и Улцињ; за статусот на конститутивен народ во Македонија, односно албанска "Илирида", што е име за западниот дел на Македонија; како и за културна и просветна автономија за чамериските Албанци во Северозападна Грција со градот Јанина.

Околу десет осто од населението во Грција го сочинуваат имигранти од разни земји. Од нив 400 до 500.000 се Албанци, кои за време на сезонските работи се зголемуваат уште за 200 до 250.000 лица.

Што бараат Албанците во Грција? Легализирање на нивниот статус, разни права за работа и престој во Грција. Отворање на училишта и културни центри на мајчин јазик. Но, некои бараат дури отцепување на областа Чамерија од Грција и припојување кон Албанија.

Многу аргументи одат во прилог на ова сценарио, бидејќи се интезивираат т.н. ослободувачки активности на Албанците во регионот. Пред некое време повторно во Бујановац се сретнаа министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Бучковски, и потпретседателот на српската Влада и претседател на Координативното тело за Косово, Небојша Човиќ, кои разговараа за актуелната безбедносна состојба во регионот. Тоа доволно говори дека нешто се подготвува за што се информирани и највисоките раководства на двете држави. До средбата, на толку високо ниво, не би дошло, ако се разбира не се забележливи раздвижувања на албанските екстремисти во регионот кои го откопуваат скриеното оружје и се подготвуваат за решителна акција. Сега останува на Република Македонија соодветно да се подготви за предизвикот кој, веруваме, нема биде пречекан со скрстени раце.


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"