ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА

Годишни екуменски средби

ЗБЛИЖУВАЊЕ КОН ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Пишува: Драган ЗАФИРОВ

  • Не можеме да бидеме рамнодушни кон разните расцепкувања на некои вери и верчиња. Нам ни треба вистинско христијанство како што Господ ни го дал преку Светото Писмо.

Овие денови се одржаа познатите екуменски христијански средби. Се започна со учеството на Македонската православна црква, на Римокатоличката и Евангелско-методистичката црква. Три дена се одвиваше таа средба, а првата се одржа во Евангелско-методистичката црква, потоа во Римокатоличката, а на крајот во Соборниот храм на Македонската православна црква.

Овој добронамерен христијански чин претставува едно зближување кон нашиот заеднички спасител Господ Исус Христос. Во сите три храма се чувствуваше една вистинска духовна Господова светлина која претставува и еден голем епитет за христијанската фамилија. Овој екуменски чин во себе носи и едно длабоко размислување за вистинската хомогенизација кон вредноста на едно обединување кон христијанската парабола и кон целта кон која не води екуменизмот. Мораме да бидеме реални, доследни мисионери и ренесансата на едно битие да биде апостолска и вистинска божја алтернатива за едно целосно облагородување на нашето христијанско битие.

ВИСТИНСКА МИСИЈА

Се уште, за жал, се среќава тој чин на недоверие. Меѓу верниците владее една фама и таа носи плод за некакво соединување - главниот чинител на христијанството токму сега во овие наши бурни времиња во кои владеат и многу блудни секташки превирања кои се обидуваат да му нанесат разгром на христијанскиот цврст блок кој има цел да ја деградира фамозната секташка луциферска генеза на убијците и самоубијците на тој клет сатански свет. Екуменството е парабола на еден голем обид на христијанството, чисто и обединето, да застане пред својот Спасител за да ја парадира вистината на духовната слава и љубов и силната платформа на вистинските апостоли на љубовта. А гневот останува за едно мистично размислување на тие кои не можат да го разберат и да го спроведат онака како што тоа ја заслужува својата вистинска цел. Сите овие наши заеднички цркви - Православната, Римокатоличката и Евангелско-методистичката во кои може да се разговара и за едно размислување и за некои други христијански заедници, токму за вистинското христијанство за нашиот творец и создател, Спасителот Господ Исус Христус. Целата оваа генеза не пренесува во една историско-филозофска мистика во која треба да ја согледаме како и со каква цел екуменизмот може и треба да ја изврши својата вистинска мисија. Оти светот во кој живееме е полн со некакви ситни недозреани верски групи кои се грабаат за името Исус како единствениот Господ и создател на христијанството и како небесен цар се обидуваат на сметка на тоа погрешно учење да направат присвојување, приватизација на една недозволена мисија да се разделува христијанството. Не можеме да бидеме рамнодушни на разни расцепкувања на некои вери и верчиња. Нам ни треба вистинско христијанство како што Господ ни го дал преку Светото Писмо.

НЕПОБЕДЛИВО ХРИСТИЈАНСТВО

Овие три цркви за овогодишните екуменски средби ни ја потврдуваат вистината и богатството за братството и обединувањето на нашето целосно непобедливо христијанство. Такви беа годинашните екуменски средби, такви беа и минатите години и треба да ја постигнеме целта кон вистината за која се бориме и се борат овие наши вистински цркви носители на христијанството.

Се одржаа средбите, богослужбите. Беа богати, разновидни, со молитви и богослужење. Висок белег на организација и одговорност. Средбата во свечената сала на Соборниот храм "Свети Климент Охридски" беше полна со верници, со извонредни предавања, беседи, со фантастичното пеење на соборниот хор "Свети Климент Охридски". Тоа не тера да ја видиме вистинската убавина во која се раѓа реалноста на екуменизмот. Така беше и во Римокатоличката црква која исто така имаше дел од Светата богослужба, читање на Светиот апостол и Евангелието. Организацијата, хорските композиции, беседата на старешината на црквата, рецитирањата, преубавите пеења на целиот црковен хор и одличниот дует на извонредните солисти ни ги претставија во висините на Бога сите оние песни и молитви кои ги изведоа членовите на Евангелско-методистичката црква која беше полна со верници.

И целиот комплекс од овие заеднички средби и скромните трпези на љубовта завршија со таа блага трпеза во која се изнесоа мошне богати пријателски и братски дискусии само со една цел и една желба - екуменството и оваа година да се претвори во желба и остварување на тој голем христијански идеал. Да дојдеме до вратите на небесните двери и да му се заблагодариме на нашиот заеднички Спасител, нашиот Господ Исус Христос.


 

Gore

 

Copyright © 2003 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"