Брисел забележува прогрес во Македонија

Акциониот план или Годишната национална програма на Македонија на Македонија за членството во НАТО, пред неколку дена во Брисел, беше презентирана пред Високиот политички комитет на Алијансата и, според дел од учесниците на средбата, таа е оценета како видлив прогрес на Македонија на патот кон НАТО.

Западот не дозволува насилство во Македонија

Оваа година е значајна за реформите во Македонија на економски, политички и безбедносен план. За реформите треба трпение. Меѓународната заедница нема да дозволи повторно да се користи насилство и не смее да се изрази нетрпеливост, рече Алексис Брунс, специјалниот пратеник на ЕУ при средбата со градоначалниците од тетовскиот регион.

Бошковски извисен од партијата

Никола Груевски е новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Марјан Ѓорчев кој и досега ја извршуваше функцијата втор човек во партијата на Георгиевски. Новите имиња на Извршниот комитет се: Ганка Самоилова - Цветановска, Љупчо Балковски, Марјан Додовски и Ден Дончев.

Меѓу новите членови не се најде името на Љубе Бошкоски.

Странци повредени во вооружен инцидент

Непознати сторители за време на викендот во стан на улицата "Коста Кирков" во центарот на Скопје со специјално оружје за фрлање рачни гранати се обиделе да убијат тројца странски државјани. На повредените им е укажана лекарска помош, додека МВР трага по сторителите.

Закон за двојазичноста

Законот за употреба на јазиците на етничките заедници ќе биде во функција на олеснување на состојбите, бидејќи во себе ќе ги аплицира сите ситуации кои хипотетички би можеле да доведат до различни толкувања, нагласува портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, по повод најновата владина иницијатива за подготовка на ваков законски Проект, чиј носител ќе биде Министерството за правда.

Во МВР со фалсификат дипломи

Во Министерството за внатрешни работи работат луѓе со фалсификувани дипломи. До ова сознание МВР дошло по акцијата и апсењето на неколку лица кои биле замешани во мрежата за фалсификување дипломи и разни други исправи.

Узурпација од ВМРО-ДПМНЕ

Поголема група граѓани од стариот дел на Охрид најавуваат дека преку Црковниот одбор на црквата "Свети Никола Геракомија" ќе поведат иницијатива за дислокација на клима-уредите од партиската вила на ВМРО-ДПМНЕ кои се поставени во црквата. Според граѓаните, климатизерите го нарушуваат амбиентот и пречат во одржувањето на црковните обреди.

Штрајк во образованието

Вработените во образованието повторно ќе стапат во штрајк ако јануарската плата ја добијат по 20 февруари. Последните две плати јавната администрација ги доби со задоцнување, но последни за исплата биле просветните работници.

Хуманитарна помош

На 28 минатиот месец во Иден Ресепшион, Томастеон, Викторија, се одржа прес-конференција на која се зборуваше за активностите на Хуманитарната организација "Австралиска хуманитарна помош за Македонија", за активностите на единицата на Македонската заедница при австралискиот Црвен крст, како и за апелот "Заеднички да & помогнеме на Весна". Во името на австралиската хуманитарна помош за Македонија зборуваше господинот Живко Брсаковски кој информираше за досегашните активности и резултати на оваа организација, како и за зацртаните програми и планови за оваа година.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"