КОМЕНТАР

Сито и Решето

ПОТКУПЕНИ ЕВРОПСКИ ЕМИСАРИ

Од Редакцијата

Горопадната Дорис Пак, смислениот изрод на дипломатскиот кор, уште еднаш покажа дека не доаѓа во Република Македонија да не контролира како галопираме со реформите кон Европската унија, туку да соли памет прикривајќи ги туѓите интереси. Нејзиниот хир уште еднаш скапо не чини. Покажа дека секој третокласен дипломат може да ни се меша во внатрешните работи, а притоа ние му приредуваме пречеци и ручеци што прилегаат на приемите во царските елизабетијански дворови. Сепак не треба поради овој настан да рониме крокодилски солзи, туку конечно треба да извлечеме поука дека нејзиното сателитско појавување во Македонија е всушност сигнал за некои идни несразмерни акции на домашните и странските непријатели.

Лобирањето во политиката не е тајна работа. Но, зачудува фактот што молчеше претседателот Трајковски, кој како ескпонент на македонската надворешна политика требаше соодветно да реагира и наместо него тоа го стори првиот парламентарец во државава, Никола Поповски. Така наместо да ја уништиме "дарежливоста" на европарламентарката Пак, ние впрочем им подаривме рака на силите што ја уништуваат нашата држава.

Таквата небрежност многупати крваво не чинеше, бидејќи зборовите понекогаш се поскапи и посилни од човековиот живот. Тие ја одредуваат судбината и развојот на регионот и на соодветната држава. Вакви примери во поновата историја на македонскиот народ има безброј, но оттогаш ништо нема сменето во карактерот на домашните политичари. Тие и натаму се подлизурковци и неранимајковци.

НЕКАЗНЕТО

Врбувањето на Дорис Пак покажа колку се силни и моќни лажните душегрижници на Република Македонија. Ако успеаја да ја отворат челичната порта на дотичната дама, да го "претплатат" нејзиното срце, тогаш можат да се вовлечат и во креветот на далеку помоќните дипломати, канцелари, преимери и на претседатели на држави. Ако, впрочем, во овој момент и нив не ги контролираат!?

Лобито на Албанците во Европа и Америка, кое се финансира од дрога, оружје и проституција, веќе е доволно силно и разгрането по светот што во секој момент може да ја контролира ситуацијата на Балканот. Истакнувањето на знамињата на Република Албанија во срцето на Грција, не може така лесно да помине неказнето. Тоа ги загрижува и најитрите грчки политичари кои со стотици години го негуваат националниот дух. Затоа предлогот на европарламентарката Дорис Пак во врска со јазичниот спор во Македонија, кој според неа може да се реши по примерот на белгискиот модел, а од се срце беше поздравен од албанските политичари, не треба да се занемари, иако македонските претставници умерено ја осудија намерата на дамата што спротивно размислува од сугестиите на Европската унија.
Спикерот на македонскиот Парламент, Никола Поповски, беше најјасен во однос на дипломатскиот испад на госпоѓата Пак.

Охридскиот договор не е документ за "дарежливост" и би ја повикал Дорис Пак попрецизно да се изјасни и во иднина да доаѓа поподготвена, изјави претседателот Поповски кој смета дека предлозите на европарламентарката се спротивни на препораките од ЕУ.

Слично реагираше и Чедо Краљевски, заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ. Тој рече дека нема услови за дарежливост кон некои на кои веќе премногу им е дадено. Ако се земат предвид секојдневните случувања во државата, премногу се бара од едната страна да биде дарежлива, додека другата премалку одговара на таа дарежливост.

СУВЕНИР

Дорис Пак не е единствениот пример на промашената македонска дипломатија која не умее да лобира, или не знае да се бори против растечкиот експанзионизам. Специјалниот пратеник на НАТО за смирување на војната во Македонија, Питер Фејт, во својот плакар како сувенир ја чува униформата на водачот на терористичката ОНА, Али Ахмети, сега водач на коалицискиот партнер ДУИ. Фејт беше клучниот човек што ја издејствува призренската декларација на Ахмети, Арбен Џафери и Имер Имери, која подоцна беше преточена во Рамковниот договор и во уставните измени.

Нешто поспецифичен беше специјалниот пратеник на САД во Македонија сега амбасадорот во Софија, Џејмс Пердју, кој ги повикуваше пратениците во македонското Собрание, без оглед на етничката припадност, да гласаат за уставните амандмани, вклучително и за последната верзија на Преамбулата на Уставот на РМ. Подоцна неговото непримерно и дрско однесување беше манифестирано во полициската кујна во Идризово. Дали нему му пречеа лажиците и вилушките, или сакаше да укаже колку ја цени и почитува нашата гостопримливост. Досега никој од македонските политичари што денес седат во парламентарните клупи не одговори на соодветната реакција на дипломатот. Таквата лесноумна и понижувачка реакција на официјалната македонска политика подоцна се покажа како погрешен потег, бидејќи истиот дипломат несоодветно се однесуваше за време и по акцијата за ексхумацијата на киднапираните Македонци во близината на село Требош - Тетовско. Тогаш Пердју инсистираше подготовките за ексхумација да се решаваат на две нивоа: на состанок на експерти во Центарот за менаџмент на кризи и во Координативното тело. Потоа незадоволно мавташе со шемата на МВР за посочената локација, со образложение дека тоа не е доволно за почеток на спроведувањето на планот. Но, откако во разговорите со државниот врв Пердју не успеа да го блокира планот, организираше свој состанок со европскиот пратеник Ле Роа и со помошниците, на кој падна последната одлука на Американецот којашто беше проследена со зборовите: Нема да испраќаме никаква логистика. Ќе ги оставиме сами, за да ја научат лекцијата. Во тој момент асистентите на Пердју веднаш добија налог да го информираат "кризниот терен" за доаѓањето на полицијата. На тој начин терористичката ОНА од прва рака беше информирана за акцијата на македонската полиција.

Ваквиот третман на официјалните македонски државници не може повеќе да се толерира. Бидејќи, ако ја загубивме првата битка за името во ООН, потоа несоодветно реагиравме за време на кризата во Македонија, повеќе не треба со спуштена глава да се проследуваат дипломатските испади на одредени странски амбасадори и советници. Тоа негативно се одразува врз угледот и иднината на Република Македонија.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"