акедонската одбојка деновиве ја
доживува својата ренесанса. Најзаслужен за моменталната актуелност и
повторното оживување на одбојката во Македонија е клубот Работнички Фершпед
кој со своите игри во Топ Тим купот како да не потсети дека во Македонија
постои и одбојка.
И навистина, ако не беа успесите на клубот Работнички Фершпед вниманието
кое во Македонија ќе го добиваше одбојката ќе беше уште помало и ќе се
создадеше впечаток дека одбојката во Македонија навистина живурка и дека не
е спорт кој може да ни овозможи радосни моменти, постигнувајќи успеси.
Но, Екипата на Работнички покажа дека и во Македонија сериозно и
професионално се работи и дека може да се постигнуваат резултати со кои на
одбојкарска Европа ќе & покажеме дека и во Македонија се игра одбојка.
ЗАСЛУЖЕНО ПРВИ!
А, екипата на Работнички оваа година ја раздрма Европа со своите блескави
партии и со тоа што на колена ги стави едни од најсилните екипи во Европа во
натпреварувањето кое по квалитет е веднаш по Лигата на шампионите. Токму
поради тие впечатливи партии за одбојкарска Европа, екипата на Работнички
важи како најпријатно овогодишно изненадување кое успеа како квалификант да
го освои првото место во групата оставајќи зад себе екипи од земји кои биле
европски и светски прваци.
Имено, екипата на Работнички оваа година по трет пат учествуваше во
квалификациите за да учествува на Топ Тим купот, натпреварување кое по
квалитетот е веднаш зад Лигата на шампионите, и го освои супериорно првото
место во квалификационата група со што си овозможи да влезе во групите на
Топ Тим купот. Во групата екипата на Работнички беше заедно со екипите на
Дунафер, Пит Зомерс како и екипата на СЦЦ Берлин. Иако беше сметана како
аутсајдер, сепак на изненадување на сите екипата на Работнички го освои
првото место и зад себе го остави еден СЦЦ Берлин од Германија, земја која
важи како место каде одбојката има голема традиција, како и холанскиот Пит
Зомерс кој доаѓа од земја на европски и светски првак. Токму одличните игри
и освојувањето на првото место во групата го сврти европското внимание кон
одбојката во Македонија и Работнички моментално важи за најпријатно
изненадување во Европа. Со освојувањето на првото место во групата
македонската клупска одбојка го постигна најголемиот успех досега поради тоа
што за прв пат успеа една македонска екипа да влезе помеѓу шеснаесетте
најдобри екипи во Европа.
НОВИ ИСКУШЕНИЈА
Во осминафиналето Работнички за противник ќе ја има екипата на Омниворлд
од Холандија. Значи, повторно екипа која доаѓа од земја каде одбојката е
еден од водечките спортови и кој била европски и светски првак. Тоа
претставува предизвик и вистински тест за да видиме до каде ни се
моменталните можности сега и до каде сме отишле во нашиот очигледен напредок.
Вистинското прашање кое сега сите го поставуваат е дали овој успех на
Работнички е случајност или пак тоа е разултат на континуирана професионална
работа во Клубот? Веднаш да кажеме дека успехот на Работнички е резултат на
една континуирана и професионална работа во самиот клуб.
Само да потсетиме дека најдобриот тренер за минатата година во Македонија
е прогласен Јошко Миленковски, тренерот на Работнички Фершпед. Треба да се
спомене дека токму Јошко Миленковски беше прв кој во својата работа почна да
употребува современи начини на тренирање како и современ начин на водење на
статистика во текот на натпреварот, техника која се покажа како доста
успешна и продуктивна затоа што во многу помогна за подигање на квалитетот
на самата игра на Работнички. Исто така, Работнички од година во година го
градеше својот тим не штедејќи пари за да донесе квалитетни засилувања, така
што сега располага со еден навистина силен играчки кадар кој е вкомпониран
во една целина која функционира повеќе години заедно и која токму сега го
достигнува својот зенит жарејќи и палејќи по терените во Европа. Со една
таква паметна клупска политика и овие резултати кои сега се постигнуваат и
кога екипата влегува во шеснаесетте екипи во Европа, не се ниту изненадување,
ниту коинциденција.
Ваквиот импулс и ваквата еуфорија која моментално владее во Македонија
треба спортските одбојкарски работници да ја искористат на најдобар можен
начин. Што би значело тоа? Тоа би значело дека сега е моментот кога треба да
се соберат силни спонзори кои би вложиле пари во нашата Лига и кои би се
искористиле за создавање на неколку силни клубови помеѓу кои би постоело
определено ривалство што би допринело за подигање на квалитетот на самата
Лига, а со тоа и квалитетот и на македонската одбојка воопшто.
Искрено се надеваме дека и во иднина македонската одбојка ќе ги полни
салите како сега и дека резултатите ќе бидат константни и континуирани. На
одбојкарите на Работнички им посакуваме да продолжат со добрата и
професионална работа и да покажат дека сето ова не е случајност.