порано сме пишувале за човекот,
свештеникот и духовникот отец протојереј Зоран Стамен-ковиќ кој сега е
старешина во несомнено светиот храм кој си има историја - "Св. Ѓоргија".
Оваа црква е мошне привлечна со посебната духовна топлина која воскресна
во 1924 година. Пресветото име што го носи овој Господов дом е "Св.
Великомаченик Ѓоргија", синоним на најпознатата скопска населба - "Чаир"
една од најстарите во нашиот град.
Токму отецот Зоран Стаменковиќ кој сега е старешина во оваа црква ужива
впечатлив авторитет. Тој со својата благородност, скромност и љубов се
обидува секогаш да биде во срцата на своите истомисленици. Тој е мошне драг
помеѓу верниците и целото братство на црквата. Неговата свештеничка
скромност го прави не само добар свештенослужител со посебна смиреност и
добрина, туку и посебен божји угодник.
СВЕТИ ХРАМОВИ
Господин Зоран живее со луѓето, браќата и верниците и ретко ќе го видите
намрштен. Со секојдневната насмевка тој е вистински народен свештеник. Тој
го носи вистинскиот свет, миризливата китка која не воодушевува. Имаме чест
да гледаме вистински божји служител кој со сета размисла и топла молитва не
само што ја потврдува смислата на примерен свештеник, туку и благодатта на
душата.
Отецот господин Зоран Стаменковиќ прави се што може да ја разбуди
поентата и величината на црквата. Така е и со "Св. Никола", една мала
велелепна црквичка која се наоѓа во скопската населба "Скопје Север". Оваа
мошне привлечна црква за која отец Зоран прави се да ја заврши нејзината
креативност, се уште чека на свечениот ден. Да се надеваме дека камбаната со
своето ехо ќе ги повика своите чеда да дојдат на првата литургија со која не
само црквата, туку и населбата ќе се сплоти во една божја угодност и
смирение. Овој благоугоден свештеник прави се изградбата на овој храм
конечно да биде завршена. Недостигаат средства за нејзиното довршување, а со
помош на верниците, спонзорите и Скопската митрополија да се надеваме дека
името на Св. Никола ќе засветли во овој крај и со тоа оваа златна црквичка
ќе стане вистинска света парабола на нашиот град.
МОЛИТВИ СО НАДЕЖ
Отецот протојереј и старешина господин Зоран Стаменковиќ со сета љубов,
добрина и смиреност е велик координатор на верската парабола и во славниот "Чаир"
и во населбата "Скопје Север". Прекрасното пеење на богослужбите овој
свештеник уште повеќе го зближува до верниците и ја има сета нивна поддршка.
Господинот Зоран ужива голема љубов и почит од верниците, свештениците, од
неговото братсво и од Митрополијата.
Да заклучиме: Секоја средба на Поглаварот г.г Стефан со овој возљубен
храм завршува со подадената рака на овој наш Поглавар за света и духовна
соработка. Да им се поклониме на сите кои на овој храм му подаваат рака на
љубов, со што тој станува светилник не само за сите верници и
свештенослужители, туку и за идните поколенија. Целиот овој божји бисер е
синоним на небесна слава кон херувимите. Сите заедно чекориме кон божјата
љубов, а со нас и нашиот старешина богоугодник, отецот Зоран Стаменковиќ, со
молитви за среќа, љубов и благосостојба на овие простори.
Амин