(Повод: Писмото на господин Андовски, "Македонско сонце" бр.446, стр.38,
во рубриката "Писма", со наслов "Ослободете се од омразата")
"Има многу лидери и лидерчиња меѓу кои е и господинот Игор Аврамовски за
кој луѓето кои го знаат велат дека повеќе личи на сончоглед отколку стабилен
водач на Македонците. Не сакам да навивам ниту за една страна. Христијанин
сум од мајка Македонка и татко Македонец, па според тоа сметам дека не треба
да се зачленувам во ниедна црковна општина. Ги почитувам нашите црковни
личности, но исто така не сум член на ниедна општина која функционира како
приватна компанија, преку која се вршат нечесни економски зделки. Не
очекувајте дека ќе се дознае вистината".
Почитувана Редакцијо, сметам дека како Македонец и македонски православен
верник има потреба да му се одговори на г. Андовски на неговото писмо (ако е
негово!?) со кое бескрупулозно го напаѓа угледот на господин Игор Аврамовски.
Од првиот параграф се гледа од месечина дека човекот воопшто не ги
познава состојбите во Македонската заедница во Австралија како и во
Епархијата.
Прво, со терминот "христијанин" не доведува во заблуда и незнаење дали
станува збор за личност која е припадник на Македонската православна црква
или пак припадник на "саботарите", "јаховистиите" или "протестантите"!?
Второ, за да бидеш почитуван, треба да почитуваш. Во Вашиот случај, ние
не можеме да почитуваме личности како "миленикот" твој г. Петар кој е
потписничар на "Нишкиот договор" од 17 мај 2002 година каде се направи
невиден скандал и предавство на МПЦ. Потоа, знаете ли дека самонаречениот
егзарх српски за Македонија, г. Јован предавникот, стана митрополит на МПЦ
само по заслуга на митрополитот Петар кој го завладичи како рамнотежа во САС
на МПЦ, иако претходно беше завладичен митрополитот Агатангел по предлог на
митрополитот Тимотеј? Знаете ли дека тој истиот српски егзарх на Македонија
ја приклучи Велешката епархија во канонско единство со СПЦ и со тоа ја
разнебити МПЦ ? Знаете ли дека митрополитот Петар се уште го нема признато
Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и
Македонски, г.г. Стефан, и дека по изборот се закани дека со сите свештеници
од Преспанско-пелагониската епархија пешки ќе отиде во Скопје и со сила ќе
го смени изборот оти наводно бил наместен?
Сигурно не Ви е познат и фактот дека на живот беше протеран од Поглавар
на МПЦ Блаженоупокоениот г.г. Гаврил и тоа под силен притисок токму на
митрополитот Петар кој сослужуваше уште тогаш со српските владици за денес
да ја донесе МПЦ до ова дереџе.
Господине Андовски, Поглавар во православието не се менува спрема Светите
канони и Светото писмо. Но, кај нас се е можно, нели? Исто така Ви е познат
фактот дека откако стапна Петре во Австралија потроши невидени милионски
суми, се со цел да ги земе имотите.
Е, сега, да не ја шириме многу, бидејќи не Ви се јасни работите ќе Ви
кажам која е целта и отпорот на Игор Аврамовски и поголемиот дел на
македонските православни верници против владиката Петар!
Според законот што го наметнува владиката Петар, имотите автоматски одат
под негова комплетна контрола со право да може да ги продава, разнебитува
или наменски да ги употребува! Поучени од историјата дека во 1988 година
бугарскиот владика г. Андреј Велички судски ни ја зеде црквата во Мелбурн "Св.
Кирил и Методиј" и поучени од големото предавство на расипникот Јован, Игор
се бори против поединци, а не против македонскиот народ. Дедо Петре, пак, се
бори против своите (ако ги смета негови) верници како и предавникот Зоран
Вранишковски. А во Австралија ако не сте финансиски член на локалната црква,
може да се случи група луѓе (христијани) лесно да ја одземат црквата со сите
нејзини придружни имоти. Е, за да не дојде до тоа и, не дај Боже, да дојде
во Австралија за владика Јован, тогаш брате Андовски нашите цркви за 24 часа
"отидоше" под српската шајкача и извртените опинци. И тоа законски и без
проблеми. Затоа Игор Аврамовски се бори. Тоа што е наше да остане во нашите
раце, а немој да мислиш дека Игор профитира од тоа! Тој има своја работа
како адвокат која му носи доволно финансиски средства. Црквите нам ни служат
за крштевки, венчавки и други религиозни потреби. А најмногу како главен
елемент на посебноста на македонскиот народ во Австралија.
м-р Ицо Најдовски
Македонски.
Според тоа, со или без претседателска палата, сме на мислење и иницираме
акција за градење на импозантен споменик на Скопското Кале од околу стотина
метри висока фигура на Александар Македонски, а ако тоа е комбинирано со
претседателска палата од антички стил (што е наша иницијатива) сметаме дека
тоа ќе биде најмаркантната градба - симбол на Македонија и нејзината
државност. Ние Македонците и Македонија тоа го заслужуваме.
Евентуалното политизирање на истото од страна на други етникуми не би
било основано затоа што Александар е единствената светска личност кој го
освојувал светот за да го обедини со признавање на сите култури и нации.
Според тоа, споменикот би бил гордост за секого во Македонија и самите
Албанци не би можеле да изразуваат негодување. Тие немаат аргументи за
манипулирање, бидејќи како ќе можат да докажат дека еден Македонец од Долна
Преспа (не Мала Преспа како што досега се пласираше), денес во границите на
Р. Албанија, немуслиман, им е татко на нацијата. Истото би важело и за Кемал
Ататурк - Македонец од Долна Преспа.
Александар е богатство кое му припаѓа на целиот свет. Од друга страна кој
било аргумент за една ваква работа не е основан, затоа што без разлика на
потеклото на владетелите,треба да се гледа што тие сториле за државата и за
нацијата која ја воделе. Ред е Македонија да си ги користи своите историски
придобивки. Време е Македонија да почне да си ја покажува својата древна
убавина, гордост и благородност, т.е величина и визионерство за човештвото,
со сјај кој ќе го просветли светот. Време е за вистина, хуманост, разбирање,
прошка, прогрес. Да го паметиме, славиме и да се учиме од минатото, да
живееме посреќни во сегашноста, за да ја креираме нашата посветла иднина, за
нас и за сите идни генерации. Александар Македонски е вратата на сето тоа
неповторливо светско богатство излезено од Македонија на кое Македонија
порано или подоцна мора да му се оддолжи на исклучителен начин достоен за
почит. Претседателска палата со антички стил со амбиент во кој ќе доминира
импозантна фигура на Александар Македонски е тоа што на Македонија и светот
и тоа како му недостига. Тоа е нешто што мора да се направи и тоа не само во
главниот град на Р. Македонија, туку насекаде каде за тоа има можност. Се
надеваме дека овој историски предлог ќе биде добронамерно прифатен и
реализиран.
Васко М. Најдовски