осподине Таковски, се јавувам
поради вашата изјава во весникот "Дневник" од 06.01. 2003 година под наслов
"Верници за празник, но не и за делник" т.е. колку сме религиозни? Вие
господине заклучувате дека вистинска вера е кога црквите ќе бидат полни за
време на неделните литургии, а верниците редовно ќе се исповедат и
причестуваат.
Тоа зависи од Државно-Црковната љубов кон народот сиромашки. Невработени
со мизерна социјална помош или вработен, а не примил плата неколку месеци,
тоа е македонскиот народ. Овој народ го моли Господ да опстане во месецот
затоа оди само на Божиќ и Велигден заради љубов кон Господ. Ако сакате полно
народ на неделните литургии зошто не направите народни кујни по сите градови,
а не само во Скопје?!
Да се исповедуваат верници пред свештеници тоа е добро за срце и душа,
зашто според Господ Исус сите луѓе се грешни. Јас мислам дека сум еден од
најголемите исповедници во Македонија. Се исповедував во два Божји храма.
Сакав лично да се исповедам кај покојниот г.г. Михаил во Митрополијата.
Меѓутоа, секретарот Вичко не ме прими со образложение дека г.г. Михаил не
прима верници, зашто имал слабо срце и не верувал во заклетви и во соништа.
Логички неговата заклетва кон Господ, Црква и народ се формална церемонија.
Се исповедав писмено до покојниот г.г. Михаил и на седмото писмо имав
одговор мајтапски што е контра од Новиот Завет. Ист мајтап и од Републичката
комисија за верски односи.
Покојниот г.г. Михаил е погребан во неосветен манастир "Св. Наум" во
Радишани, Скопско. Неговите најблиски сакале моштите да му се во дворот на
црквата "Св. Димитрија". Здравје Боже на пролет да му ги откопаме. Јас би
сакал ако моштите се свети да го прогласиме за ангел Божји или светец.
Сакале или не, МПЦ треба да има три мирјани јасновидци за спас на државата,
црквата и народот од демони наши и странски. Што ако е Божја промисла јас да
ви носам Божји глас, а вие од МПЦ не примате совети?! Има една народна
поговорка: "Земја и Небо не држат тајни". Кога тогаш се откриваат тајните.
Владиците Јован и Кирил се открија. Јавно се исповедаа пред МТВ какви
господови слуги се. Бог да не чува и брани. Преостанатите владици се открија
во весникот "Вест" од 30.06. 2002 година кој од кого со поголеми Црковни
законски злоупотреби. Поглаварот г.г. Стефан и г. Тимотеј со 10 дена монашки
стаж владики, г. Агатангел и г. Горазд без монашки стаж. Со такви владици не
е чудо што нема црвени крстови пред најголемите Господови и богородични
празници. Ако се вистински пастири, зошто не ги продадат луксузните коли и
џиповите за да се спаси сиромашкиот народ.
На крај верниците ги критикувате што веруваат во бајачки и јасновидци што
според вас е чист сатанизам. Колку што ми е познато, во Библијата и во
Светите житија има јасновидци (пророци), а сега вие фактички критикувате се.
Од лично искуство знам кога бев болно дете, од луѓе не од Господ, прво
сум одел по доктори. Кога не најдов лек, одев со мајка ми по цркви,
манастири и свети води. И на крај кај јасновитка и бајачка од Паланечко. Бог
душа да & прости, најдов лек, зашто сум имал век. Што си е за доктор за
доктор си е, а што си е за црква за црква си е, а што се за јасновидци и
бајачки, доктори и црква не лечат 100 отсто, сигурен сум.
МПЦ и државата се најрелигиозни во целиот свет. На банкнотите имаме лик
со божицата Изида, Архангел Гаврил, Богородица со Господ. Оттогаш се се
продава за евтини пари на странци. Уште и народ да продадат на Амери и за
Гинис ќе бидеме заедно со Милениумскиот крст со сијалици. Кој ќе плаќа
струја за Крстот - државата, црквата или народот?
Среќен би бил, јавно преку некоја ТВ куќа, да се најдеме во дуел јас -
јасновидец и вие господине Таковски со Светиот синод на МПЦ на 15 или 16
февруари 2003 лето Господово. Ќе отвориме Нов ако треба и Стар Завет и други
божји свети книги - кој е за критика со аргументи и кој е во право, јас или
вие и еднаш засекогаш да се знае.
Амин!