ФОРУМ

МАКЕДОНСКОТО АНТИЧКО БОГАТСТВО

Васко М. Најдовски, Австралија

Почитуван господине Бошески,

Не постоело друго попогодно и вистинско време од денешново за Македонија да почне да си ја открива својата древна мудрост, филозофија, начин на живеење, својата визија за иднината на човештвото како Универзално Братство - македонски сон, а волја Господова, а уште повеќе да & ја даде на светот својата светлина, како во астрално енергетските форми на едно комуникативно колективно несвесно така и буквално светлината од Алшар за иднината на човештвото.

Не случајно Македонското Сонце/Ѕвезда има сина боја во средината. Погодувајте, тоа е Лорандитот, затоа што само тој е во "срцето" на Сонцето/ Ѕвездите, не цвеќето Здравец ниту пак водите македонски. Ова го зборувам многу долго, но прикриено. Чувствувам и правам ова да излезе на виделина токму сега затоа што како што пишував многу одамна: "… Кога Господ ја создаваше земјата, тој ја создаде Македонија и стави свој печат на неа во вид на буквата М со точка". И извика "ОВА Е МОЈА МАКЕДОНИЈА…", да - Халкидик со островот Тасос... И така би. Најсвето место на планетава е точно Халкидик - Македонија. Само во Македонија има нешто што ја чува земјата од најстрашното, и прашањето е: Како Македонија се уште е цела!? Ова нешто на разни начини беше проектирано во грчки официјални кругови, така што и господинот Мицотакис на среде Солун викаше: "Ова е моја Македонија, Македонците сега ни го бараат Халкидик и островот Тасос...", во својата светска промоција на Македонија за време на неговиот мандат, за што доби наша благодарност. Денес веќе е повеќе од очигледно дека со Алшар и буквално Господ ја создал Македонија како негова. Неодамна иницирајќи го ова да стане поинтересно и не така скриено, во допис некаде во UN/USA, пишувам: "…И немојте да се изненадите ако далеку во некоја Галаксија, во вселената видите светлосен град, тоа е благодарение на Лорандитот кој го има само во Македонија". Тоа доби публицитет и огромен интерес. И ова е вистинско и можно. Од другата страна на светот некој како мене (како неколкупати порано), му ја враќа вербата за светла иднина со што тој би се надживеал самиот себе и би ги надживеал своите самоуништувачки карактеристики. Ова е увод во она што вие го пишувате, а јас тврдам дека е тоа така и тоа токму сега – неминовно и тоа како морална одговорност на националните институции кон својот напатен народ и самата држава со својот претседател.

Со напред наведеното посебно за Алшар, како и неодамнешните ДНК тестови, а и многу друго како Библиотека Александрина, потоа фактот дека на веќе пронајдената надгробна плоча од Царот Самуил на своите родители, тој вели дека тоа било лето Господово 5603 или слично, од почетокот на светот (а било околу 998 година н.е.), што во ден се вклопува со нашиот Византиски - старомакедонски календар (Византија = Македонија на поголема површина од етничката Македонија каде се разбира службен јазик е коине - македонско есперанто "ковано" уште од Александар.. што е поблиску до македонскиот јазик, отколку до кој било друг, иако сличности има, на пример, со италијанскиот: come stai = коме/каде… стаи/седиш... и слично, потоа ma ce suceso = ма ке слуцесо = што се случи,… feno = сено, vino dela masa = вино за на маса; шпанско-португалски: tacu lafe (влашки) = доца лафис итн. Оваа година би одговарала со денешната 6705 (!? или приближно слично), што пак како настан се поклопува со потопот и дедо Ное (Ное - Нове - Нов). Ова пак зборува за древноста на нашата Македонија и Македонците со тоа.

Со овие и многу други факти Македонија би морала конечно како држава да застане на здрави нозе и да се бори поагресивно на еден културен цивилизациски дипломатски пат за своето изгубено место на светската сцена.

Македонската држава е постара од МПЦ, но изгледа дека и покрај сите ујдурми во МПЦ таа докажа, со градењето на Милениумскиот крст на Водно и со споменувањето на Таор и Јустинијана Прима како континуитет на МПЦ низ вековите, што е и која е Македонија од религиски аспект. Државата со градење на споменик на Александар III - Големиот Македонец требало да предничи во таа смисла пред црквата, но испадна обратно. Денес нашата држава - со овие аргументи - мора да го надомести изгубеното. Повеќе нема кој и зошто да ја уценува. Тоа е минато, а минатото е друга држава, денес ние одиме во иднината и светлината, а таа е на страна на Македонија, Македонците и лица како вас. Државата како Претседател, националните институции како МАНУ како и националните невладини институции мора да предничат во сето ова. Тука спаѓа и вашата НУБ.

Дека мора да се изучува антиката како македонска веќе нема дилема. Дилемата е како денешната славистика која се претвора во Македонистика, т.е. како тоа оваа Македонистика да стане еден вид наука за македонската филозофија, начин на живот, култура, цивилизација и се подразбирливо во таа смисла би му се помогнало на светот, а Македонија би си го нашла своето место во светската арена и тоа онаму каде што отсекогаш припаѓала - на врвот. Ова не е некојси сентиментализам или национализам, т.е. нарцисоидност…, не, ова е чиста вистина.

Со оглед на здравиот живот на Ханзите во Пакистан како најдолговечни луѓе, традиционално си ја задржале древната македонска теофилозофија и начин на живот, со оглед на учењето и сличноста на културите, симболите, клучните зборови во древните мистични книги, Александар како син на Господ и Господ самиот тој прогласен од други, Орелот, Лавот и Сонцето (орелот и лавот во Европа - нема старо кнежество без овие симболи, посебно лавот во онаа форма каков што го имаме, сонцето на исток…) итн…, даваат една генерализираност и се оформуваат како целина која се вградува само во Македонија. Значи вие би требало од повеќе стручен аспект тоа да го разработите и со наведените институции постапно да го спроведете во дело. Време е, зарем не?! Со ова од денес вие и самите, како и оние околу вас, веќе вршите богословена работа. Затоа бидете благословени (во наредните денови ќе добиете CD, кое мислам дека & припаѓа на Македонија, со моите активности во врска со наведеното, а Вие имате моја дозвола да го умножите за потребите на НУБ, како и за напред наведеното, но никако за комерцијални цели). Можеби имате претстава за што станува збор… Ова е поголемо од еден човечки живот - век, поголемо од животот, затоа што е живот самото за себе - љубов, вистина и светлина!

Има уште доста да се зборува, но да оставиме нешто и за друго време и место. 


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"