убовта, тој феномен кој се раѓа
во душата на секој човек, кој умее да го вреже вистинскиот орнамент на секое
човечко битие, кое умее да се претстави во една визија на трајноста, се
распрашува како нектарот и ја крева фамозната креативност за да може да го
обмисли својот гнев. Тука сме да размислуваме, а размислата е пред нас.
Зошто сето тоа како нектар се претвора во магична оска и се распаѓа во
вителот на магичноста и целиот негов менталитет полетува со едно време, со
мистичноста на гревот.
А во кругот на измислената парабола ги одбројува чудните мигови, зашто
токму таа љубов сака парадоксално да се претвори во еден недопустлив крик и
целата таа метафора го губи стилот и со чудна опсесија не може да се
облагороди вистината со која почнал тој за кој зборуваме - човекот да се
адаптира кон светлината која допира од длабините на гревот. Човекот по некој
пат станува убиец, ползи за своите гревови пеејќи пофалници, псалми за
убавото и се што е човечко самиот си го уништува.
Денеска сите зборуваме и се пофалуваме, се бендисуваме кога збоуваме за
таа вистинска љубов, а фактички ја отфрламе затоа зошто тежок е тој збор -
љубов. Како што вели Библијата - Светата книга, сите ние треба да се сакаме,
да се љубиме, братската чистота да ни биде во душата. Затоа што лагата, тој
вистински грев не обзема, не префрла во еден избезумен свет на некакви
издлабени недораснати визитерии, некакви пропагатори, некакви лажговци,
некакви ороводци. Велиме дека сме многу праведни, но праведноста ја
игнорираме и самите не знаеме дека навистина сме нешто стрвно, суво, студено
и инвалидно. Но, крајот повторно го бараме во мудроста, а од таа мудрост
далеку сме.
Пораката до мудроста не е чиста, туку се оддалечува од Господа и за неа
ќе ја платиме сметката, ќе го платиме целиот грев во она време кога ќе
заминеме од овој свет во Божјиот свет, во духовниот свет каде ангелите ќе го
мерат нашиот грев. Тие се одговорни пред Бога да ни ја отчитаат чесноста,
дали сме праведни и дали сме подготвени да го заслужиме најскапото,
најчесното, најубавото, бесмртното за сите времиња.
Во овој свет, во овие бурни времиња секогаш тргнуваме да ја бараме
молитвата во храмот, да клекнеме, да запалиме свеќа за здравје и милост, и
да ја побараме милоста на Господа за нашето спасение.
Секоја молитва е и разговор со Бога. Секоја молитва е и молба до Бога.
Секоја молитва е порака до Бога, зашто сите ние сме грешни. Безгрешноста во
човекот не постои, таа ја има само Господ. Тој може се да стори и да не
извлече од најтешките вериги на злото и да не награди со најскапоценото -
смирение и спасение.
Во Библијата сретнуваме еден цитат мошне важен кој вели: Можеме да бидеме
многу богати и среќни и несреќни и убави и преубави, но секогаш останува
најбитното прашање: А каде е љубовта? Колку е таа силна и што треба да
сториме за неа барем да ја добиеме така ситно во дланките и да ги посакаме
зборовите од Господа: "О, Господе, јас многупати и кога сум во сонот сакам
да го видам твоето лице да го слушам твојот збор, ја барам патеката до
твојот највисок престол, но за жал не успевам, можеби затоа што сум грешен.
Грешноста ја носам во мојата душа, бегам од сатаната, го мразам, ја сакам
вистината, но таа не ме разбира и затоа само ти можеш да ми помогнеш. Ако не
може во јаве, барем во сонот јави ми се со твојот ангел, односно мојот ангел
спасител да ме сочува и да ми помогне да излезам од вриежот на тој грев, да
му го свртам грбот на тој проклета сатана и да ја бакнам раката на ангелот,
на тој што деноноќно ме чува од многу гнасни, многу црни, но и добри мисли,
разбирања. Ако не сум храбар, ако не знам дека сум син, односно чедо на
Господа и иако грешно, надежта секогаш ми е тука со жед тој да не спаси".
Затоа денеска во овие избезумени, поцрнети, гнасни и извалкани времиња се
обидуваме да излеземе на виделина, да се кренеме со мислите кон небесата,
кон херувимите, оти лесно е да бидеш обичен човек, да зборуваш за многу
нешта добри и лоши, но себичноста и гордоста ти остануваат цврсто во рацете.
Се сакаш да имаш како да е целиот свет твој и со него битисуваш и навистина
еден ден ќе битисаш и ќе го напуштиш, но не размилуваш како. Себичноста ти е
водилка. Сакаш само ти да живееш, лагата ја носиш во твојата уста, душата ти
пакостува. Се обидуваш да го лажеш Господа дека си чист. Но, ако пред тебе
застане сиромашен, беден скитач или питач и ако ги гледаш неговите солзи и
неговата рака како се тресе да побара парче леб или милостина ти грубо се
однесуваш, со презир го гледаш тој чин и пакосно се свртуваш во себеси. Знај
дека веќе си го извршил злосторството. Пред портата на небесниот суд ти си
веќе осуден и ќе мораш да се покаеш, да се исповедаш мошне силно и нека со
твоите солзи, ако се од срце и од душа, биде попрскан оној пат по кој треба
ти да чекориш до највисокиот и најсветлиот час. Само така треба да го љубиш
Господа, да ја побараш неговата милост, да го сакаш твојот ближен како што
се сакаш себеси, а љубовта да не ти биде фама, да не ти биде еден залез,
туку со неа треба цврсто да победиш оти таа е најслатка, најсуштествена,
најскапоцена и само таа може да ти биде чин или молитва за да дојдеш до
вистината.