ПОЛИТИКА

Зоран Вранишковски повторно во предавничка акција

РАСКОЛНИКОТ "ПЛАЧЕ" ПО ЛИНЧ ОД НАРОДОТ!

Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

  • Кулминација на вештачката духовна сплотеност со Господа, однароден од Македонците и од сите православни христијани во земјава, во градот на конзулите се случи најголемиот битолски срам по ТАТ. Триесетина загрижени штипјани, сведоци на неговите недела во Брегалничката епархија, најблиски роднини и пријатели на 22-годишната Анита Иванова, искушеничка во т.н. монашко сестринство што го формирал битолчанецот Вранишковски (поранешен владика Јован), а предводени од нејзините родители, се обидоа да се пресметаат со расколникот.
  • За манастирот што Вранишковски планира да го гради наскоро под Пелистер, неговите сограѓани велат дека тоа е само илузија на еден изгубен монах, бидејќи ако и на таквиот обид не реагира САС на МПЦ, тогаш работите во свои раце ќе ги земат сигурно голем број граѓани на Битола.

Самонаречениот "српски егзарх" на Охридската архиепископија, битолчанецот Зоран Вранишковски, поранешен владика Јован, но се уште нерасчинет од Македонската православна црква, уште еднаш успеа да ги разбранува срцата на православните христијани - Македонци. Неговиот дрзок начин на комуницирање со верниците и со јавноста пред се ја покрива вистинската намера на Вранишковски, а тоа е уништување на МПЦ.

Ако Светиот архиерејски синод на МПЦ, поточно одделни митрополити мудро молчат, односно премолчено го поддржуваат неговиот несејкодневен атак врз Македонската црква, тоа верниците не можат да го соџвакаат. Нивното трпение е при крај. Она што го прави Вранишковски не се мери со ништо и затоа се очекува да му пресудат, онака како што велешани им направија на тројца владици -одродници.

Последните примери, со божемната искушеничка Анита Иванова од Штип и најавите за градење на туѓи конаци во недрата на Пелистер, само ја влошија и подгреаја замислата за негово физичко линчување и остранување од македонската почва. Но, верниците најмногу се иритирани, па дури и драстично огорчени и револтирани од односот на Светиот архиерејски синод на МПЦ кон расколникот. Тие на Вранишковски му оставија ептен доволен простор за маневрирање и за манипулирање со верниците и со јавноста. Неговата жилавост нема да биде толку опстојана и храбра ако не собира сила од странските донации што пристигаат од Грчката и од Српската православна црква. И затоа можеби во моментов може да се чувствува дека е "православен рицар", но таквата положба нема уште долго да трае, бидејќи "сезоната за отстрел" кај верниците е најавена. Нема да се чека одлуката на МПЦ. Неговата казна може да послужи за поука и за митрополитите на САС на МПЦ.

ПРЕСМЕТКА

Неодамна како кулминација на неговата вештачка духовна сплотеност со Господа, а однароден од Македонците и сите православни христијани во земјава, се случи најголемиот битолски срам по ТАТ. Триесетина загрижени штипјани, сведоци на неговите недела во Брегалничката епархија, најблиски роднини и пријатели на 22-годишната Анита Иванова, искушеничка во т.н. монашко сестринство што го формирал битолчанецот Вранишковски (поранешен владика Јован), а предводени од нејзините родители, се обидоа да се пресметаат со расколникот.

Тие ја блокираа неговата зграда каде што живее и се обидоа "разумно" да се пресметаат со него. Поранешниот владика кој јавно се одроди од својата Македонската православна црква и канонски се зближи со "ѓаволот", го спаси блиндираната врата што му го обезбедува станот, а потоа и битолската полиција која ги спречи намерите на лутите штипјани.

Имено, за да не дојде до поголем инцидент, СВР Битола пред зградата на ул. "Кочанска" број 2 испрати една група полицајци кои го извлекоа Зоран Вранишковски од станот, гарантирајќи им на разгневените родители на Анита Иванова дека тој сам ќе отиде до својата викендичка под Пелистер и оттаму ќе ја доведе девојката на средба со родителите што таа требаше да се одржи во зградата на битолската полиција. Меѓутоа, атмосферата беше мирна и стабилна се до оној момент кога станало сосема јасно дека Душанка и Стојан Иванови, родители на "грабнатата искушеничка", залудно чекале во полициската зграда. Очевидци велат дека било тажно и многу мачно да се гледа како несреќните родители ја губат контролата над самите себе и си ги удирале главите од ѕидот на зградата, а роднините ги полевале со вода и се обидувале да ги смират.

Драмата за да биде поголема и позаплеткана, кулминираше во оној миг кога пристигнатата револтирана група од Штип сфатила дека во станот на Зоран Вранишковски останале затворени штипјаните Симо и Тони Попдимитрови и Тони Велков. Роднините на Анита Иванова нив ги обвинуваат за шурување со Вранишковски и за долгата серија матни бизнис-зделки на релација Македонија, Грција и Србија. Револтираните граѓани, го посочуваат Тони Велков како најдиректен учесник кој го организирал "киднапирањето на Анита Иванова и нејзиното предавање во т.н. монашко сестринство на Зоран Вранишковски". Но, пресметката и со нив ја спречила полицијата која со кордон го обезбедила нивното излегување од станот на Вранишковски, а безбедносното излегување од Битола било проследено со моторизирана придружба.

По сето ова родителите на Анита Иванова, чија голгота и натаму е присутна, прокоментираа дека самите ќе му пресудат на Зоран Вранишковски. Не изманипулира дури и полицијата, а само побаравме непосредна средба со нашата ќерка и нејзино подложување на лекарски преглед, бидејќи сме уверени дека неа во "манастирот" на овој изрод ја чуваат дрогирана, истакнаа родителите на 22-годишната штипјанка, Душанка и Стојан Иванови. Тие и нивните роднини уште еднаш порачаа дека повеќе нема да размислуваат лично да му пресудат на Зоран Вранишковски.

РЕАКЦИЈА

Зоран Вранишковски, подолго време ги демантира тврдењата на родителите на 22-годишната штипјанка Анита Иванова дека тие немале поим за одлуката на својата ќерка да се приклучи кон монашкото сестринство што тој го формирал. Отфрлајќи ги обвинувањата на Душанка и Стојан Иванови дека им ја завел ќерката, Вранишковски вели дека тие сосема знаеле за контактите што нивната Анита континуирано ги одржувала со "единствениот македонски владика кој не е расколник", а особено за посетите што таа му ги правела во манастирот кај Неготино, кој беше привремено сместен по протерувањето од Велешко-повардарската епархија. Тој исто така потенцира дека Анита Иванова е исклучително умна девојка, одличен студент на Технолошкиот факултет во Скопје пред дипломирање и дека таа се уште не е "црна", туку "бела" монахиња.

Таа се уште се облекува во сопствената гардероба и не стигнала до обврската еднаш засекогаш да ја облече црната монашка одежда, изјави Вранишковски. Според него, Иванова од денот кога нејзините родители насилно упаднале во станот на улицата "Кочанска" број 2-23 во центарот на Битола, веќе не престојува таму и контактот со неа практично е невозможен. Самонаречениот "егзарх Јован" неа и другите пет девојки од сестринството ги евакуирал во својата викендичка во Подпелистерието каде што, како што вели, секоја од нив има своја соба и одлични услови да му се посвети на Бога. Времето меѓу литургиите и молитвите, според Вранишковски, девојките го минувале во корисна работа со којашто бил решаван опстанокот на сестринството.

Тој исто така тврди дека во неговото јато има вкупно 15 припаднички на монашкото сестринство под жезолот на т.н. "српски егзарх на Охридската архиепископија". Вранишковски истовремено потенцира дека другите се распрскани во повеќе градови во земјава и живеат сосема нормален приватен живот, но со нетрпение го чекаат денот кога Зоран ќе изгради и манастир во Подпелистерието, па сите тие, конечно да можат да се соберат на едно место, се разбира како типични монахињи во црна монашка одежда. До тој момент сите тие редовно, два-трипати седмично, ќе продолжат да патуваат во Лерин каде што учествуваат во тамошните богослужби и, наводно, учат византиско пеење.

Црното сценарио на одродникот Вранишковски започна многу повеќе да се заплеткува со неговата наводна најава за градење манастир на Пелистер. Самонаречениот српски егзарх во Македонија, поранешен владика Јован, Зоран Вранишковски, прејудицира дека со големи пари и со грчки проект, на третиот ден од Велигден, со помош на своите ктитори, зафатени македонски бизнисмени, ќе почне да гради голем манастирски комплекс на Пелистер. Манастирот ќе го носи името "Свети Јован Златоуст".

Веќе купивме плац од 1.000 хектари, меѓу селата Дихово и Нижополе. Проектот го изработија истакнати грчки архитекти. Пари имаме, изградбата ќе почне веднаш по Велигден. Манастирскиот комплекс ќе има 7.200 квадрати на три ката. Ќе го носи името "Свети Јован Златоуст", бидејќи јас го носам името по него. Ова ќе биде еден од најсовремено изградените манастири во светот, изјави Вранишковски.

Ваквите негови дејствија остро ги осудуваат и битолчани кои веќе се наоѓаат на границата на своето трпение.

Зоран го злоупотребува нашето трпение, но всушност го користи молчењето на Светиот архиерејски синод на МПЦ. Не веруваме дека највисокото тело на која било црква во светот би останало толку индифирентно ако некој туѓ владика или егзарх, или како уште би се нарекол, им дојде да им попува дома. Синодот на нашата Црква веќе почнува да губи барем во очите на битолчани, бидејќи луѓето веќе почнуваат да се сомневаат дали и другите владици имаат доволно чисти раце за да расчистат со еден расколник. Ете, владиката Петар, на пример, одржа речиси цело предавање за тоа дека никој во неговата Епархија не може да богослужби без негова дозвола и ништо повеќе од тоа. Ниту на Зоран око да му трепне, ниту, пак, Петар потоа со прст да мрдне. Така, без проблеми продолжува да живее единствената "црква", или "манастир" што функционира во обичен стан, коментираат соседите на Вранишковски, во зградата број 2 на улицата "Кочанска".

Во врска со манастирот што Зоран Вранишковски планира да го гради наскоро под Пелистер, неговите сограѓани велат дека тоа е само илузија на еден изгубен монарх, бидејќи ако и на таквиот обид не реагира САС на МПЦ, тогаш работите во свои раце ќе ги земат сигурно голем број граѓани на Битола.

Очигледно на Македонците, православните христијани им е преку глава од мајтапењето на Вранишковски. Тие очекуваат соодветна остра реакција од Синодот на МПЦ. Но, ако таа изостане, или ако по навика се премолчи, ќе му пресудат како и на сите одродници што ги стигна соодветната казна. Таа му виси на вратот и ако продолжи со ист интензитет да се кочопери и да си игра со нервите и со религиските чувства на Македонците, тој не ќе може да се скрие дури во ниту една дупка. Но, како што тргнал нема уште многу долго да лае и да каса, туку најверојатно ќе згасне онака како што фитилот од свеќата догорува. Него ќе го елиминираат Македонците, а можеби први во таа акција ќе се вклучат и ќе го казнат соседите!?


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"