о нема Ламбе, Војо, возачот и
компанијата, и се е мирно во државава, освен тоа што и натаму не се апсат,
или ако се апсат, брзо се пуштаат на слобода, под неразјаснети околности
некои "недефинирани криминалци и расчинети митролесци" кои киднапираат,
убиваат и тероризираат... А, во меѓувреме, во "трите коцки" од
крајвардарието се водат долги и беспоштедни битки за Буџетот, како да му се
скрои капата на македонскиот народ во оваа фискална година со најмалку пари!?
Доаѓањето на Франек Розвадовски од ММФ, е како да ти влегол дома лично -
Наполеон. И Гошев призна дека оваа недела ќе помине во чешлање на податоци и
ѕиркање "под јорган", да се открие евентуално "материјално-сексуалната"
страст на Македонецот во поглед на буџетската потрошувачка. Лошите момци од
ММФ не доаѓаат да не развеселат. Тие секаде кај што одат - кастрат!
Моето скромно знаење од економијата и разговорите на политичарите со
меѓународните "чувари" на парите, ми вели само да не сум во кожата на Петар
Гошев, оти можам да си "излезам од неа" како што тоа го направи гувернерот
Трпевски од споредната врата во преговарачката зграда.
Не знам што прашува Розвадовски, но знам да му го раскажам сценариото
како ќе се одвива "мојот живот во оваа година" во која како прво, според
Манасиевски, ќе ми го редуцираат и така редуцираното "социјално", ќе ми го
продолжат редот на чекање вработување во Бирото за (не)работа, ќе ја
отпуштат од "Кјуби Македонија" снаата како вишок, ќе му ја намалат платата
на син ми во Поштата, а на жена ми ќе & испратат честитка за доцнење на
пензијата.
Во таков постмакедонско-албански колорит, не е ништо чудно што стасавме
секој втор ден да имаме по едно убиство, и по неколку пљачки. Дали
Розвадовски го интересира како ја купија "Нова Македонија" и кому се продаде
"Семкорп"? Не, сигурно - не! Што има ММФ да бери гајле со какви белосветски
мангупи се фатила Македонија самата себе да се - упропасти!? Па нели збор
станува за "видни граѓани" и "успешни бизнисмени" од Марибор, брилијантен
глумец (Марк Гут) од Холивуд, чудесен банкар (Смиленски) од Берово итн, итн...
Се уште живееме во темница. Допрва ќе ни се разденува, се разбира, ако не
угрее и нас еднаш - Сонцето!
Што е најважно Буш, како кралот што & вети на кралицата дека ќе ја добие
војната, така тој & вети на нацијата дека ќе ја одбрани од - бандитите...
Само јас го молам да не го напаѓа Ирак, оти има илјади начини да се победи
Садам. Нека го прочита уште еднаш Александар Македонски, како тоа го правел
воинот од Пела со многу помудри факмани, водачи на поборбени племиња од
Хусеин, токму на тие простори меѓу Еуфрат и Тигар.
Некни во наше маало умре еден стар, умен човек. Знаете ли што му "порача"
на Буш? Ако не можам јас, речете му вие, некогаш старите Македонци мислеле
дека непријателствата се неисплатливи... Прашање е само кој прв од скараните
ќе побара прошка. Тогаш уште истиот ден викни го на ручек!!!
Добро, ама ми е страв оваа мудрост Буш да не ја разбере како профанисана
и да врати: "... Да бе, викни ги непријателите на ручек, за потоа да те
поделат како што вас ве поделија!".
Некаква забава ќе има, ама каква не знам. Светот одамна е еден глобален
театар со повеќе тажни, отколку со весели сцени... За Нова година пријатели
го виделе Ламбе на Родос, во кратки панталони, ама со "чаршаф на главата".
Мислеле оти се препознале. Рецепционерите во хотелот го потврдиле
идентитетот. Зошто Ламбе се крие?
Во Македонија многу ламбевци се кријат на различни начини и од познати
причини. Криењето меѓу малкуте луѓе, колку што сме, не е убава препорака и
за тие што сега се кријат и за оние што подоцна ќе се кријат... Григориј
Палама, Митрополитот на Солун со монашка смиреност, параболично тоа криење
како последица на алчноста вака го објасни: "Сунѓерот може да прими само
чаша - вода!".