Формирано долгоочекуваното Здружение на прволигаши ТОПКАТА ВО РАЦЕТЕ НА КЛУБОВИТЕ Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
В етувањето кое на почетокот од своето претседателствување го даде новиот претседател на ФФМ (Фудбалската федерација на Македонија), Харалампие Хаџиристески, се оствари: во многу краток рок се одржа конститутивна седница на која се формира долгонајавуваната и долгоочекуваната унија или Здружение на прволигаши. Ваквото негово формирање, иако беше очекувано и нагласувано како едно од најбитните за прогрес на мак фудбалот и како фактор кој во многу ќе придонесе за елиминирање на сите сомнителни ситуации и работи кои десет години го измачуваат мак фудбалот, сепак од досега неразјаснети околности и само на поединци јасни прилики, се очекуваше цели дванаесет години. Но, мора да се констатира дека првиот чекор е направен, здружението е формирано, и сега треба да ги очекуваме резултатите од неговото функционирање.Димитар Циев е избран за прв претседател на Здружението Меѓутоа, прашањето за сите оние кои го следат фудбалот е: што добива македонскиот фудбал со формирањето на едно вакво Здружение на прволигаши и дали тоа во овој момент може целосно и подготвено да одговори на задачите кои стојат пред него? ШАНСА ЗА УСПЕХ Може да се каже дека формирањето на едно вакво Здружение всушност значи и дека во иднина организацијата на самото првенство и сето она што ќе се случува околу него ќе зависи исклучиво и само од тоа како ќе биде организирано од самите клубови, а бидејќи во корист на клубовите е да се има регуларно првенство во кое секој би бил рамноправен и во кое секој би ја гледал својата шанса за успех, тогаш можеме да кажеме дека ова Здружение во иднина треба да изигра мошне значајна улога во побрзиот прогрес на мак фудбалот. Почетокот на практичното функционирање на Здружението, како што е договорено на седницата на ФФМ, треба да биде од први март. Овој датум земен како почеток на функционирањето на Здружението е прифатен со резерва од страна на некои членови на ФФМ затоа што, според нив, се смета дека е тоа пребрзано и дека ваквото непотребно брзање може да доведе до последица по една година истото ова Здружение, кое толку време беше најавувано и конечно сега формирано, ќе бара да се врати во ФФМ. Предлогот што тие го дадоа е почетокот на функционирањето да биде паралелно со почетокот на новата фудбалска сезона, а во тој временски интервал да се решат некои многу важни прашања од значење за самото функционирање на Здружението, како што е прашањето за неговото финансирање. ФИНАНСИСКИ ВАРИЈАНТИ Прашањето за финансирање на Здружението кое е едно од најважните прашања за да може тоа да се одржува во живот, се уште не е решено и навистина е чудна одлуката за едно такво прашање да се одлучува во од! Имено, постојат две варијанти со кои е предвидено финансирање на Здружението. Според првата, Здружението би обезбедувало средства од тоа што клубовите пред почетокот на сезоната би плаќале определена котизација, односно износ од кој потоа би се одбивале барањата на клубовите за плаќање на жолти и црвени картони. Втората варијанта е таа којашто предвидува парите кои би се добивале од плаќањето на жолти и црвени картони да се слеваат во касата на Здружението. Како и да е, ова е мошне значајно прашање кое не може да се остави да се решава во од затоа што би било навистина несовесно и премногу аматерски кога Здружението кое треба да го унапреди македонскиот фудбал да не може да најде финансиски средства за да функционира. За прв претседател на ова Здружение е избран деканот на Факултетот за физичка култура, Димитар Циев, а во првиот одбор се уште и членовите Коста Костовски, Александар Забрчанец, Добре Иванов и Серјожа Марков. Очигледно е дека новоформираното Здружение на почетокот ќе боледува од детски болести и се до решавањето и формулирањето на сите статусни проблеми нема да можеме да очекуваме тоа да профункционира онака како што сите посакуваме. Меѓутоа, гледано на долг рок сите се надеваме дека резултатите што ова Здружение ќе ги постигне ќе бидат видливи и благотворни за македонскиот фудбал во иднина. Балкански фудбалски турнир во Германија НАЧЕВСКИ НАЈУСПЕШЕН СТРЕЛЕЦ Пишува: Гоце ФИДАНОВСКИ Н а 13 јануари се одржа традиционалниот Балкански турнир во мал фудбал во градот Гелсенкирцхен, СР Германија. Меѓу 20-те екипи за прв пат учествуваше и една македонска екипа. Екипата е составена од Македонци меѓу кои и познатиот Митко Начевски, кој неодамна играше за повеќе прволигашки клубови во Македонија. Сега Начевски е на привремен престој во Германија, каде и покрај тешката операција повторно се активира во спортот. Како прв чекор кон поранешните успеси Начевски на турнирот ја доби наградата за најуспешен стрелец. |
|