|
ВЕРАТА НАША РИСЈАНСКА
Поклонување на Чесните Вериги на Светиот апостол Петар
ВЕРАТА И ЉУБОВТА НАША ЌЕ ГО ПОБЕДАТ СВЕТОТ
Пишува: аџика Живанка ФИЛИПОВСКА
- Во затворот, за поголема сигурност, го поставиле Петар да спие меѓу
двајца војници. Но, Св. ап. Петар и во затворот не губи вера. Тој е убеден
дека Господ не ги остава Своите избраници сами. Бог му испратил ангел.
Силна светлина го исполнила затворот: "Ангелот го потчукна Петра по
ребрата и го разбуди, па му рече: Стани брзо! И веригите му паднаа од
рацете негови".
- Некои христијани успеале тајно да ги земат Веригите, ги чувале кај
себе, достојно ги почитувале, им се поклонувале. Веригите имат силно
лековито дејство. "Петровите вериги, затоа што беа припиени на неговото
тело, исцелуваа од болести и ги изгонуваа злите духови".
С вети апостол Петар, силниот
проповедник на Светото Евангелие кој поттикнува чувство и размисла за
проверка на нашата вера, бил прв од Христовите ученици кој ја исповедал
својата вера во Господа Исуса Христа: "Ти си Христос Син на Живиот Бог". Тој
е цврсто уверен дека верата и љубовта наша се тие добродетели кои ќе го
победат светот. И како затвореник во окови и како слободен Божји угодник,
продолжува од небото на христијаните како Новозаветен Божји народ да го
проповеда Христа: "...Христос пострада за нас... Он не направи грев, ниту
пак во устата негова се најде измама;... Он сам ги изнесе нашите гревови на
дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата:
преку Неговата рана се исцеливте".
Светата Црква го одредила датумот 29 јануари по нов календар, за празник
на "Поклонување на Чесните Вериги на големиот Христов апостол Св. Петар", во
негова чест и спомен, а за слава на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Значи, овој ден се слави заради Веригите во кои бил окован храбриот Христов
ученик, од беззакониот цар Ирод, а кои при појавата на ангелот Господов во
затворот, паднале од него.
СТРАЖА
Цар Ирод го фатил Св. ап. Петар и окован во две Вериги го фрлил во затвор.
Тој мислел, за да им угоди на Јудејците, веднаш по Пасхата да го изведе пред
народот. Во затворот, за поголема сигурност, го поставиле Петар да спие меѓу
двајца војници. Пред вратата на затворот поставиле стража "четири четворки
војници". Но, Св. ап. Петар и во затворот не губи вера. Тој е убеден дека
Господ не ги остава Своите избраници сами. Бог му испратил ангел. Силна
светлина го исполнила затворот: "Ангелот го потчукна Петра по ребрата и го
разбуди, па му рече: Стани брзо! И веригите му паднаа од рацете негови".
Ангелот му рекол да си ги обуе чевлите, да ги облече своите алишта и да
тргне по него. Св. ап. Петар не знае што се случува со него. Си мисли да не
е тоа привид. Заедно со ангелот ја поминуваат незабележливо првата и втората
стража и доаѓаат до железна порта која води кон градот. Портата сама се
отвора и тие излегуваат низ неа. Преминуваат низ една улица. Тогаш ангелот
го снемува. На Петар му станува јасно: "Сега разбрав навистина дека Господ
го пратил Својот ангел да ме избави од рацете Иродови и од се што очекуваше
јудејскиот народ". Св. ап. Петар сам го продолжува патот. Се упатува во
куќата во која живеел Марко. Чукнува на вратата. Слугинката Рода наслушнува
на вратата. Го позна гласот на Петра. Се втрчува да им јави на присутните
Христови ученици. Тие ја отвораат вратата. Го гледаат Петра и се зачудуват.
Им раскажува како Господ го извлекол од затворот и ги замолува да му
соопштат за тоа на Јакова и браќата. Утредента во затворот меѓу војниците
настана голема збрка. Ирод бара стражарите да му го предадат Петра.
Разгневен, издава наредба да бидат казнети и заминува од Јудеја во Кесарија.
Ирод "...не Му воздаде слава на Бога. И изеден од црви, тој умре. А словото
Божјо растеше и се распростануваше". Св. ап. Петар не се појавува во
Ерусалим. Заминува во други краеви на светот да го проповеда Евангелието.
ЦРКВИ
Некои христијани успеале тајно да ги земат Веригите, ги чувале кај себе,
достојно ги почитувале, им се поклонувале. Веригите имат силно лековито
дејство. "Петровите вериги, затоа што беа припиени на неговото тело,
исцелуваа од болести и ги изгонуваа злите духови". Значи, тие се осветиле од
неговото тело. Чесните, Свети и Чудотворни Вериги на Св. ап. Петар се
предавале од поколение на поколение, родителите на своите деца, а тие на
своите наследници. Предавајќи ги од род на род, Чесните Вериги стигнале до
Св. Јувеналиј, патријарх Ерусалимски. Тогаш во Ерусалим стигнала
Богољубивата царица Евдокија (сопруга на византијскиот цар Теодосиј Втори
Млади). Таа во Ерусалим подигнала многу цркви. Патријархот Јувеналиј & ги
подарил Чесните Вериги на Евдокија која ги однела во Цариград. Едната Чесна
Верига ја дала во Цариград, во огромната Соборна црква "Св. Софија". Другата
Света Верига & ја испратила во Рим на својата набожна ќерка Евдоксија.
Царицата Евдокија со неизмерна љубов и благодарност кон Бога и апостолот, за
примениот "скапоцен дар", во име на Св. Петар, подигнала Црква на
Ексквилијската гора и во неа ги положила овие Чесни Вериги "заедно со Оние
во кои беше Петар пред својата смрт окован од цар Нерон".
|