.
ДОЛГОГОДИШНА КАРИЕРА
За причините не треба многу да се зборува затоа што веќе се познати -
треба да се вложат многу финансиски средства до кои на денешно време тешко
се доаѓа, па макар станувало збор и за пејач од калибарот на Кате.
Во последно време замре народната музика и не знаеме колку ќе ни се
исплати сега да финансираме на нов проект, вели Кате. Меѓутоа, имаме
зацртано една цел, а колку тоа ќе се реализира, ќе видиме. Сакаме да
направиме едно дупло
Групата "Нели ти реков" постои од 1990 година, што значи функционираат
веќе12 години. Всушност, нивната музичка кариера ја започнаа токму со
забавните песни, меѓутоа тогаш не покажаа голем успех во тоа, зашто во
времето кога се појавија беше на цена народната музика од која многу повеќе
се заработуваше.
Со преминувањето од забавни мелодии на народни всушност ние го
постигнавме нашиот успех, додава Кате. Иако сум повеќе наклонета кон
забавната музика, сепак не сакам целосно да ја напуштам народната затоа што
ја засакав и неа, особено старата македонска народна песна. Во
последните две години сме со нов состав. Искрено да ви кажам се уште не знам
која беше причината за поделбата на нашата група на уште една со исто име,
но со друг вокал. Во тоа време поради мојата бременост не пеев редовно, така
што и не сум замешана во причините на разединувањето на членовите и моите
колеги со кои дотогаш работев. За мене беше тешко да одлучам во која
половина да отидам, затоа што немаше некоја посебна причина. Но, се одлучив
за оваа половина со која сметам дека одлично функционираме. Меѓутоа,
постојат две групи со исто име што доведе до забуна кај луѓето. Затоа
чувствувам потреба да им појаснам на луѓето дека се разликуваме така што
пред името на нашата група го ставивме и моето име.
По ова подвојување групата ја сочинуваа тројца членови, но сега кон овој
состав се приклучи и Дуле кој е пратечки вокал. Автори со кои соработува "Нели
ти реков" од почетокот беа Глигор Копров, Дамир Имери, Кристијан Габровски,
но сега претежно е застапен Сашо Ѓорѓиев, басист во групата.
ЗА ЕСТРАДАТА
Во почетокот групата која ја формиравме го носеше името "Калипсо", а во
нејзиниот состав беше и сега познатиот пејач Мишко Крстевски, објаснува
Кате. Идејата беше јас да се појавувам само на забавни фестивали, додека
Мишко беше задолжен за народните. На Мишко името "Калипсо" не му одеше во
спој со народното, па така тој ни даде предлог "Калипсо" да премине во "Нели
ти реков" што беше прифатено и од преостанатите членови. Во почетокот
додека се пробивме, немаше многу фестивали. Настапувавме на "Валандово", "Цветници"
и "Охридски трубадури". Во тоа време беа само тие фестивали кои беа доволни
во текот на една година. Потоа се намножија, но сега забележувам дека еден
по еден како да замираат.
Кате од многуте фестивали го издвојува "Рос" фестивалот затоа што се
разликува од другите, по тоа што нема награди, нема натпреварување.
За да се настапи на другите фестивали треба пејачот да се изложи на
дополнителни трошоци - за гардероба, за песна, аранжман, музика - сето тоа
се плаќа, објаснува Кате. Добро е да постојат повеќе фестивали по
теркот на "Рос" фестивалот затоа што се отвора можност за откривање на млади
таленти. Ги поддржувам фестивалите на кои се пее во живо. Кога станува збор
за купувањето на наградите за нас пејачите е шпекулација затоа што никој со
сигурност не може да го потврди тоа.
За квалитетот во естрадата можам да тврдам дека има поквалитетни пејачи
на народни песни отколку на забавни. Тие можат да се избројат на прсти,
додека на забавната сцена се појавија многу млади пејачи на кои не им е
местото таму, додава Кате. Кај нив можеби повеќе преовладува желбата
да се пропее отколку талентот. Го поздравувам обидот на Иво Јанковски од "Трето
уво" и Дарко Димитров со реализирањето на Проектот
Кате и "Нели ти реков" имаат добиено голем број награди - награда од жири,
награда од публика на "Тетовски фолк фест", за интерпретација... Имаат
настапувано и надвор од Македонија - во Германија, во Австралија, во Канада.
Меѓутоа, Кате не се радува многу на свирките надвор од Македонија, иако има
повеќе заработувачка.
Сакам да пеам во Македонија. Порано можеше да се живее од музиката, но
сега е малку потешко знаејќи ја ситуацијата во државава. Покрај немаштијата
и војната што не снајде, на народот не му е до песна.