ЕКОНОМИЈА

Нов тарифен модел на "Мобимак"

МАРАТОНСКА ДОСТАПНОСТ СО РОЗОВИОТ ПРИ-ПЕИД ПАКЕТ

Пишува: Милева ЛАЗОВА

Со новата Маратон Моби картичка, корисникот е достапен 300 дена.

  • За задржување на Маратон Моби картата потребно е пред истекот на 300-те дена да се активира нова Маратон моби карта. Во спротивно системот автоматски го префрла корисникот на Моби+ Ден и ноќ тарифата.

Со почетокот на новата 2003 година "Мобимак" повторно го продолжува забрзаното темпо. Од 20 јануари својата богата палета ја збогатува со уште еден тарифен модел наречен Маратон Моби+ пакет.

Овој при-пеид пакет содржи нови Моби карти со вредност од 750 денари без вклучен ДДВ со сина и розова боја. Овој тарифен модел е наменет за посебна група корисници кои сакаат Моби картичката да им трае подолг период.

РОЗОВА МОБИ КАРИЧКА

Разликата помеѓу сината и розовата Моби карта е во тоа што сината е како и обичната Моби карта и со нејзиното активирање корисникот добива 750 плус 45 денари т.е. вкупно 795 денари. Наспроти сината Моби карта промовираната розова наречена "Маратон" и покрај основните има и дополнителни бенифиции, затоа што со самото нејзино активирање корисникот го активира новиот тарифен модел - Моби Маратон. За секоја активирана розова Маратон Моби карта корисникот на својата сметка има на располагање 1.000 денари, односно 750 плус бонус 250 денари кои ќе може да ги искористи парцијално во временски интервал од 300 дена.

Посебноста на овој нов тарифен модел е во тоа што со иницијалното активирање на Маратон Моби картата на сметката на корисникот се активираат 100 денари. По истекот на 30 дена повторно се активираат уште 100 денари. Истото се повторува десет пати. Ако корисникот целосно не го искористи кредитот од 100 денари во определениот период, истите средства му се префрлаат во наредниот. Ова важи за новите корисници на услугите на "Мобимак". Додека корисниците кои веќе имаат пост-пеид тарифен модел и активираат Маратон Моби карта, автоматски ќе се префрлат на Маратон тарифата и остануваат корисници на истата до истекот на времетраењето на на Маратон Моби карта.

300 ДЕНА ПОВРЗАНИ

Временската важност на активираната Маратон Моби карта зависи од датумот на активирање и од периодот на преклопување со веќе активираната Маратон Моби карта - до најдоцниот датум. Корисниците на Маратон тарифата може да ја дополнат сметката со која било друга Моби карта на "Мобимак". Доколку претходно имате активирана Маратон Моби карта, и при тоа се активира обична Моби карта од 500 денари која има важност 90 дена, истата ќе има важност до истекот на Маратон Моби карта. Поволноста на Маратон Моби картата е во тоа што доколку нејзината вредност се потроши пред истекот на 300 дена, корисникот сепак ќе биде достапен. Ако по определениот период на истек на Маратон Моби картата наместо Моби Маратон се активира обична Моби карта, корисникот автоматски се префрлува на Моби+ Ден и Ноќ тарифниот при-пеид модел.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"