роектот Made in Macedonia е
тригодишен Проект во вредност од 1,8 милиони долари финансиран од Амбасадата
на САД преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). Техничката помош во
вид на деловна обука, развој на производите и маркетинг ќе биде обезбедена
за локалните производители со тоа што тие ќе се здобијат со потребните
вештини за генерирање и одржување на продажбата и по завршувањето на
Проектот.
Покрај преостанатите цели, во Проектот е наведена и целта да се генерира
продуктивно вработување во секторот на изработка на ракотворби преку
соработка со организации на занаетчии и ракотворци за да се создадат
квалитетни производи наменети за пазарот и да се подобрат производните
капацитети. Со тоа занаетчиските претпријатија ќе можат успешно да одговорат
на нарачките.
КОРИСНИЦИ
Исто така во целите е потенцирано и да се воспостават локалните
капацитети, трговските модели и индустриската рамка потребни за одржување на
пазарниот континуитет и по завршувањето на програмата и да се обезбеди
трговија со ракотворби која би останала долгорочен извор на вработувања и
економски растеж во заедницата.
Целните корисници на Проектот се широк круг од секторот на изработка на
ракотворби, вклучувајќи ги руралните и урбаните занаетчиски
микро-претприемачи и нивните семејства, управувачите и вработените во малите
и средни претпријатија, здруженија и организации на занаетчии, како и
извозници на занаетчиски производи.
ТРАДИЦИЈА
Македонија изобилува со стари занаети и ракотворби, како значаен сегмент
од богатата традиционална култура што се развивала на овие наши простори,
кои покрај функционалните, поседуваат и ликовно-естетски особености кои
претставуваат посебни содржини во сферата на нашето народно уметничко
творештво. Копаничарството, изработката на килими, самари, носии, грнци се
дел од нашата богата културна традиција за која, во услови на обезбеден
пласман на ваквите ракотворби, постои можност да остане долгорочен извор на
вработувања и економски раст во државата.
Копаничарскиот занает е со традиција во Република
Македонија
Копаничарскиот занает
е со традиција во Република Македонија
Покрај преостанатите цели во Проектот е наведена и целта да се генерира
продуктивно вработување во секторот на изработка на ракотворби преку
соработка со организации на занаетчии и ракотворци за да се создадат
квалитетни производи наменети за пазарот и да се подобрат производните
капацитети, така што занаетчиските претпријатија ќе можат успешно да
одговорат на нарачките. Исто така, во целите е потенцирано и да се
воспостават локалните капацитети, трговските модели и индустриската рамка
потребни за одржување на пазарниот континуитет и по завршувањето на
програмата и да се обезбеди пласман за ракотворбите со што оваа традиција би
останала долгорочен извор на вработувања и економски растеж во државата.