СПОРТ
Кометал Ѓорче Петров пред шампионски испит
ПОЧНА ОДБРАНАТА НА ТИТУЛАТА
Пишува: Дејан СТОЈАНОСКИ
- Дека одбраната на титулата нема да биде нималку лесна се покажа уште
на првите натпревари. Имено, на гостувањето во Валенсија наместо да го
вратиме долгот, ние одигравме катастрофално и загубивме со десет гола
разлика.
- Она што треба да не загрижува е големиот број на повредени играчи и
големиот број на рековалесценти. Тоа го оневозможи тренерот на Кометал,
Милатовиќ, на подготовките да ги има сите ракометарки на располагање и да
одржи нормални подготовки.
Е вропскиот првак Кометал ЃП ја
почна одбраната на титулата европски првак која ја освои лани триумфирајќи
во најелитното женско ракометно првенство - Лигата на шампионите. Патот за
одбрана на титулата ќе биде тежок и многу понеизвесен отколку тогаш кога се
освојуваше титулата затоа што сега на сите предизвик ќе им биде да играат и
да го победат европскиот првак.
Кометал ЃП во овој циклус на квалификации се наоѓа во една тешка група
каде се наоѓаат уште и екипите на Лада Тољати која е првак на Русија, потоа
екипата на Подравка која е првак на Хрватска и екипата на Валенсија, првак
на Шпанија. Сите овие екипи се на некој начин поврзани со екипата на Кометал
ЃП, бидејќи кон сите имаме определени долгови и со сите сме се сретнале и
сме играле во претходните циклуси на Лигата на шампионите.
МОТИВ
Екипата на Подравка е единствената екипа која успеала да го победи нашиот
шампион во македонскиот ракометен храм и местото каде беше освоена титулата
- салата "Кале" во Скопје. Тоа треба да претставува доволен мотив за нашиот
шампион во овој циклус на натпревари да го врати долгот. Екипата на
Валенсија е исто така голем должник на Кометал ЃП поради тоа што таа е
екипата која не елиминира на убедлив начин од натамошното натпреварување во
Лигата на шампионите во еден претходен циклус на натпреварување. Се уште
боли онаа убедлива разлика со која бевме елиминирани. Ова треба да биде
одлична можност да ја надминеме Валенсија и да покажеме дека сепак ние сме
европски прваци. Лада Тољати ја запознавме на неодамнешниот супер Куп кој се
одржа во Скопје и на кој успеавме со тешки маки да ја победиме Лада.
Она што треба да не загрижува е големиот број на повредени играчи и
големиот број на рековалесценти. Тоа го оневозможи тренерот на Кометал,
Милатовиќ, на подготовките да ги има сите ракометарки на располагање и да
одржи нормални подготовки. Но, треба да се каже дека на тој начин на овие
подготовки шанса добија ракометарките кои досега не ја добиваа заслужената
минутажа како на пример Клара Боева. Но, треба да се истакне дека станува
збор за врвни професионалки и дека факт е оти нема да им треба могу време за
да се уиграат. Општо е мислењето дека оваа година составот на Кометал е
посилен од оној лани кој ја освои титулата.
МЕРКИ
Но, дека одбраната на титулата нема да биде нималку лесна се покажа уште
на првите натпревари. Имено, на гостувањето во Валенсија наместо да го
вратиме долгот, ние одигравме катастрофално и загубивме со десет гола
разлика. Наша шанса за рехабилитација беше натпреварот со екипата на
Подравка на кој мораше да победиме за да покажеме дека сепак ние сме
европски прваци, дека поразот во Шпанија беше само лош ден и лоша игра која
може да му се случи секому. Добро е што и сопственикот на Клубот, а и самото
раководство презедоа итни мерки и им ставија до знаење дека треба да го
бранат името и реномето на Клубот и дека треба да се однесуваат како
европски прваци. Тоа очигледно даде резултат и на натпреварот со Подравка го
видовме европскиот првак во светло во какво што сме навикнале да го гледаме
- шампионско. На овој натпревар јасно се виде дека екипата на Кометал нема
ниту едно слабо место и дека во иднина можеме да очекуваме дек пред време ќе
го обезбедиме нашиот пласман во понатамошното натпреварување во Лигата на
шампионите.
Им посакуваме на ракометарките на Кометал да прикажат добра игра и да ја
исполнат целта која за оваа година си ја има поставено раководството на
Кометал, а тоа е влез меѓу четирите најдобри екипи во Европа, а зошто да не
и повторно освојување на титулата.
Ракометарите се пласираа во баражот
Со победите извојувани против репрезентациите на Бугарија и Летонија
машката ракометна репрезентација го обезбеди пласманот во баражот за ЕП во
2004 година. Останува уште да бидеме подобри и во двомечот со екипата на
Швајцарија и со тоа да се избориме за да бидеме носители на група што
автоматски ќе значи дека ќе добиеме полесен противник, а со тоа ќе ни се
зголемат и шансите за наш пласман на европското првенство со што ќе прекине
повеќеѓодишниот пост на наше неучество на големите светски натпреварувања.
Оваа генерација се смета дека е доволно созреана за големи достигнувања и
дека заедно со нејзиниот предводник, Кире Лазаров, ќе успее да се пласира и
да постигне резултат за почитување.
|