биства, престрелки и пресметки на
криминални бан-ди, киднапирања, бомби, бело робје, нарко-бизнис, кампови за
обука на терористи, величествени згради со скапи фасади, црни развеани орли,
закани за пролетна офанзива - тоа е во кратки црти описот за реалноста во
западниот дел на Македонија.
Војната во Македонија за некои е минато, но за многумина постои опасност
од нејзино повампирување. Тука и таму некои од албанскиот ешалон ќе се
заканат со прстот "ќе видите вие на пролет" во името на борба за човекови
права, а маскирајќи ги страшните криминални дејствија манифестирани во
трговијата со дрога, проституција и што ли уште не. Во ред е да се зборува
за човекови права, но не е во ред ако во тие права се скастрат горе
споменатите мафијашки дејности. Но, човекот од поранешната црна листа на
Џорџ Буш, терористот кој клонираше во миротворец, јасно и гласно вели дека
пролетна офанзива не е ни на повидок, контрадикторно со колегите од
албанската опозиција каде што се прелеаја дел од командантите на ОНА.
Безбедносната состојба е стабилна, нема опасност од нови судири,
тврдат во Министерството за внатрешни работи. И од страна на АРМ се
демантираат информациите и констатациите на екс-министерот Љубе Бошкоски
дека во Тетовско има кампови на АНА. Во АРМ потврдуваат за илегални
преминувања, но тоа според нив биле економски емигранти, а не вооружени
групи.
Според мое мислење, станува збор за тероризирање на јавното мислење што
се прави намерно. Малку е тешко да се открие кои се овие групи кои имаат цел
да шират шпекулации. Што се однесува до бившиот министер за внатрешни работи,
самото прецизирање на бројките 350, 650... наликува на филмска сторија,
изјави во едно интервју вицепремиерот од редовите на ДУИ, Муса Џафери.
На македонскиот народ веќе му е преку глава од закани, уцени, опасности
од евентуална војна, зашто повеќето од граѓаните се на улица и немаат
основни услови за егзистенција. А тоа некој таму се уште сака да си игра
војна!
ХРОНИКА
Новата 2003 година во западниот дел од државава започна со старите
проблеми, олицетворени во секојдневни убиства, пресметки, киднапирања, црна
хроника.
Во трите подшарпланински села Једоарце, Отуње и Сетоле, за време на
пречекот на новогодишната ноќ, пљачкашки банди насилно влегувале во куќите и
краделе се што ќе најделе. Според Борис Пауновски, координатор на месните
заедници на трите села, криминалците ноќта пристигнале со трактори и други
моторни возила. Ја товарале покуќнината од куќите и ја носеле кон низинските
населби. Во Једоарце биле опљачкани седум куќи од кои е однесено се што било
употребливо во домаќинствата. Во Отуње и Сетоле насилниците влегле во повеќе
куќи во кои имале сознанија дека сопствениците носеле покуќнина, а кои
претходно биле обновени. И како што вообичено се вели, полицијата трага по
извршителите.
Според Ахмети не би требало да се заплашуваме со
евентуална пролетна офанзива
Во селото Сараќино се крадело добиток. Во некои куќи сопствениците ги
откриле бандите кои потоа се дале во бегство. Но, сите ја немале таа среќа
да ги откријат. Така, семејството на Бобан Димитриевски за време на
новогодишната ноќ останало без единствената крава. Каков ли само почеток за
новата година за некои македонски семејства од овој регион!
Меѓу стариот и магистралниот пат Тетово - Скопје на просторот меѓу селата
Желино и Групчин, на први јануари околу 8,30 часот било пронајдено телото на
Фатмир Лика (28) од Тетово, кој би застрелан од огнено оружје. Според
полициски извори, Лика бил убиен еден ден порано. Имено, во Секторот за
внатрешни работи во Тетово околу 18,30 часот било пријавено дека дента по 13
часот кај Зелениот пазар во Тетово на бул. "Маршал Тито" Фатмир Лика бил
грабнат од тричлена криминална банда. Киднапирањето среде бел ден и на
најфреквентна улица било извршено под закана со оружје. Лика бил одведен пеш
во непознат правец. Со други зборови Тетово наликува на Чикаго од ерата на
Ал Капоне.
КОРПУС
Белата Куќа планира сериозно да го реформира Косовскиот заштитен корпус (чии
членови беа инволвирани и во војната во Македонија), да ги исчисти
криминалците и терористите од неговите редови, а потоа да му даде пошироки
овластувања.
Агенцијата СЕНСЕ јави дека Националниот совет за безбедност на САД
разгледува план за промени во КЗК. Оваа формација беше создадена во 1999
година како продолжение на Ослободителната војска на Косово, но со малку
изменети симболи и со плата од Обединетите нации. Меѓународните власти тогаш
велеа дека КЗК ќе помогне за обновата на Косово и за "вработување" на
поранешните УЧК-и, со што ќе се намали опасноста од нив. Но, во изминативе
три години таа организација беше вмешана во борбите во Македонија и Јужна
Србија, во шверц со дрога, со оружје и со жени и други криминални дела.
Се претпоставува дека во државава има околу 600.000
парчиња илегално оружје од најразновиден тип
Планот што го составиле балкански експерти, а сега е на масата на
советниците на американскиот Претседател, предвидува намалување на бројниот
состав на КЗК од 3.300 на 2.000 припадници и бркање на сите криминалци и
воени злосторници од неговите редови. Интересно е да се претпостави каде ли
само таа багра ќе заврши и на чија почва ќе продолжи со активностите влезени
во крв? По чистките преостанатите активисти би биле ангажирани за апсење на
најопасните нивни довчерашни соборци, како и во опсежни акции за обнова на
покраината. Припадниците на Корпусот за кои се знае дека се вмешани во матни
зделки, за кои нема докази, би биле префрлени во резервниот состав или би
биле отпуштени со паричен надомест.
Косовскиот заштитен корпус мора да биде реформиран и да се исчисти од
криминалците и екстремистите во неговите редови за да се воспостави владеење
на правото на Косово, се вели во извештајот доставен до американскиот
Национален совет за безбедност.
Во Корпусот би биле примени и поголем број припадници на малцинствата, а
можна е дури и промена на името на Корпусот. Командантот на КЗК, Агим Чеку,
добил предупредување да ги прифати промените или да биде турнат на маргините
на косовскиот политички живот.
Реформираниот КЗК би бил ставен под контрола на нов совет за јавен мир и
безбедност на Косово, кој би бил управуван од Обединетите нации.
Се повеќе станува јасно дека оној што го создаде "Франкенштајн" се
потешко и потешко може да го контролира и да го искористува во свои цели. "Франкенштајн"
е тотално вон контрола.
ОРУЖЈЕ
Република Македонија интензивно се подготвува да даде амнестија за сите
граѓани што илегално поседуваат оружје, протекоа шпекулации во јавноста.
Според неофицијалните податоци на меѓународната заедница, во земјава има
околу 600.000 парчиња илегално оружје од најразновиден тип. Една третина од
него се очекува да биде легализирана со амнестија, а домашните експерти се
уште ги разработуваат модалитетите за собирање т.н. војничко оружје. Тие не
ја исклучуваат можноста тоа да биде собрано и со откуп - нешто што веќе
делумно успеа во Хрватска и во Камбоџа. Целиот Проект ќе трае 18 месеци, а
упатените велат дека копјата ќе се кршат околу собирањето на "политичкото
оружје" и за содржината на првиот домашен закон за оружје.
Колку што не служи помнењето, во Македонија се реализираше и една "неопходна
жетва" при што се собираше оружјето од терористите. Од денешна гледна точка
тоа беше само театар од отворен тип, бидејќи оружјето го има на големо, а
што е уште потрагично, на големо и се користи!
Убиствата станаа постојана појава. И како што е вообичаено - по
сторителите се уште се трага!