о периодот од 16 ноември до 21
декември минатата година одред на македонската полиција беше во Соединетите
Американски Држави на тренирање за гранична служба.
Поточно, вели нашиот соговорник и учесник во обуката, капетан Тони
Јакимовски, обуката се одвиваше во државата Ново Мексико, градот Сокоро.
Обуката, додава тој, беше организирана од страна на Стејт
Департментот на САД.
Одредот на македонската полиција, како што објаснува капетанот Јакимовски,
броел вкупно 24 припадници на МВР. Станува збор за припадници на Секторот за
гранични премини, при Одделот за полиција. Од нив тројца коишто биле на
обуката се старешини, а преостанатите 21 полицаец работат на сите гранични
премини во Македонија. Со еден збор учесниците на обуката биле одбрани луѓе,
докажани во својата професија.
ПОДГОТВЕНОСТ
Обуката, објаснува капетан Јакимовски, се состоеше во операции на
гранична патрола во рурални области, односно во надворешни области. Поголем
дел од обуката беше теренска. Основните работи за кои се обучувавме таму
беше орентација и движење на терен, читање на топографски карти, работа со
компас,
Целта на обуката, како што појаснува капетан Јакимовски, ги опфаќала сите
оние аспекти што се битни за едно успешно извршување на работните задачи во
руралните средини на оние гранични патроли што евентуално таму би биле
испратени да ги извршуваат своите задачи.
Обуката била наменета само за македонската полиција. Според сознанијата
на нашиот соговорник, капетан Јакимовски, добиени од нивните инструктори,
станувало збор за обука што се спроведува во текот на целата година и во
одреден период присутни се претставници само од една земја. Кога со обуката
ќе завршеле претставниците на една земја, доаѓале претставници од други
земји.
Основата на обуката, објаснува капетан Јакимовски, беше
антитерористичката програма што ја има Стејт Департментот на САД. Во
почетокот ни беше тешко да се навикнеме на условите таму. Бевме на
надморската висина од 1.400 метри. Имаше сува пустинска клима, а згора на
тоа беше зима. Тешко ни беше да се прилагодиме на климатските и временските
разлики. Но, тоа беше само првата недела, потоа се прилагодивме. Нашите
инструктори беа луѓе бивши припадници на граничната полиција на САД,
вработени во Стејт Департментот.
Македонските полицајци најмногу користеле услуги, односно биле сместени,
во Универзитетот "Ново Мексико -Тек".
Нашите полицајци кои биле на обуката, немале можност директно да
контактираат со припадниците на граничната полиција на САД, односно точно на
граница да видат како работат американските граничари. Обуката се состоела
во пренесување на искуството на поранешни вработени во граничните служби на
САД.
ПОФАЛБИ
Нашите полицајци добиле оценка од Американците за едни од најдобрите во
светот што досега биле на обука, што секако е за поздравување.
Обуката по моја лична проценка е многу значајна не само за мене, туку и
за секој припадник на МВР. Досега не сум бил на ваква обука. Таа за мене
беше многу големо искуство и пофесионално и животно, а претпоставувам дека
истото мислење го делат и другите мои колеги, кои беа на обуката. Сите од
таму носиме добри спомени, вели капетан Јакимовски.
Секој викенд им бил определен за слободни активности. Во организација на
Стејт Департментот, имале прошетки во градовите што се во близина на Сокоро.
Имале можност да се запознаат со тие краишта, со архитектурата, се
запознавале со тамошниот начин на живот на САД.
Обуката на нашите полицајци беше во организација на Стејт
Департментот
Во комуникациите и односите со инструкторите и обратно немало никакви
забелешки, ниту проблеми во текот на целиот нивен престој таму.
Нам ни беше кажано: Вие сте врвот, први што сте ги пробиле сите норми на
обуката и се покажавте како најдобри од сите што воопшто биле таму, вели
капетан Јакимовски.
Тој досега не бил на ваква обука, а на прашањето дали би прифатил нешто
слично одговара: Тоа зависи од МВР. Доколку ми постават таква задача да
појдам на некаква обука, сигурно би прифатил.
Капетан Јакимовски се надева дека со вакви обуки македонската полиција би
била поорганизирана во борбата против организираниот криминал, шверцот со
оружје и луѓе итн. Зелената граница на Р. Македонија ја покрива АРМ. За да
се дојде до поголем степен во борбата против ова зло треба една поголема
организација. Но, сепак, ова се само почетоци. На обука, како што објаснува
Јакимовски, биле само 24 луѓе, што не е доволно за успешно спротивставување
на ова зло.