Алчноста е пропаст, а не напредок!
Го читам вашиот весник од кога имам интернет дома. Го ценам вашиот весник
и Ве почитувам сите што се залагате за што пообјективно да & прикажете на
јавноста се што се случува позади политичката сцена. Но, сепак треба да се
има на ум дека и овие овде таканаречени демократи, што се кријат под лицето
на демократијата, имаат цензура и кога ќе затреба за сопствените интереси
умешно ја користат.
Јас само сакам да испратам една порака до нашите политичари, а потоа и до
сите оние кои се инволвирани во политиката, во која спаѓате и вие новинарите.
Јас живеам во Шведска веќе 16 години. Роден сум во Битола, овде работам
како продавач. Пораката ми е следна:
Пари... пари... тоа е проклетство на светот од памтивек. За тие пари ја
напуштив Македонија, моите најблиски, се оставив за тие пари. Кога бев "долу",
мислев се да продадам за пари, и држава и се. Тоа е парата!
Имај ти пари колку што сакаш, ако си надвор не ти вредат. Секогаш во
очитена тие каде што ќе живееш ќе бидеш втора класа човек, а ќе те сакаат
толку колку што ќе им дадеш пари. Се додека не го сфатат тоа нашите
политичари, нема да има мир во Македонија. Парите овде ништо не вредат.
Живееме овде, дишеме воздух, за џабе, ништо не ни е мило, се е пластично!
Пластична љубов, пластичен живот, се е пластика...
Затоа размислете убаво ако мислите дека ќе опљачкате и ќе имате сигурна
иднина некаде надвор од Македонија. Се лажете многу, а за да имате сигурна
иднина морате да престанете да крадете. Треба да мислите на Македонија и на
нејзинот народ. Тој треба да биде сигурен, мирен, најаден, напиен и
економски здрав. Тоа треба да биде вашата цел. Вистината е таа: алчноста е
пропаст, а не напредок!
Иван од Шведска
Македонската кинематографија во подем
Прекрасно е да се види дека во Македонија покрај сите глупости што & се
случуваат, се случуваат и прекрасни работи. Тие прекрасни нешта се развојот
и промоцијата на нејзината култура - пишувана, пеана, филмувана. Да, преку
културата светот може да не сознае што луѓе сме, каков народ сме.
На времето нашата култура се ширела преку делата на Светите Кирил и
Методиј и нивните ученици. Во денешно време нашата култура може да се
прошири преку кинематографијата. Та, нели преку холивудските филмови поголем
дел од светот ја запозна Америка прикажана на нивен специфичен начин. Па,
зошто да не ја запознаат и нашата Македонија преку нашиот филмски Холивуд.
Треба што повеќе културни производи да нудиме и тоа позитивно ќе се одрази
не само на комерцијалниот дел, кој несомнено е многу битен, туку и врз
светското сознание за нас како Македонци и Македонија како наша држава.
Македонската кинематографија била во подем, но во последно време доживува
уште поголем расцут благодарение на потегот на Милчо Манчевски со своите
филмови "Пред дождот" и "Прашина". Еве веќе се заврши и производството на
филмот "Големата вода", дојде и оној другиот филм од Митевска (насловот беше
нешто како или кога убив светец). Па се најавува и филм каде ќе пее Тоше, а
ќе глуми Ван Дам. Ништо поубаво не можеше да & се случи на Македонија и
нејзината култура од ова. Само нека продолжи вака и нека се развива.
Воопшто не би било лошо дури и да се направат понови изданија за
Солунските атентатори, Мис Стон, филм за Гоце Делчев, Ченто. Филмови за
целокупната македонска историја. Од контакти со сограѓани согледувам дека
постои потреба од прикажување на македонскиот менталитет, однесување во
текот на историјата.
Секако дека треба малку и да се прошират темите на обработка, да не се
задржуваме само на периодот за време на Втората светска војна, крајот на
Отоманската Империја. Добро би било да се отиде и малку подалеку во
историјата. На пример, еден филм за Цар Самоил или уште подлабоко филм за
Александар III
Македонски. Секако потребни се големи финансиски фондови за последната тема,
но верувам дека ако сите заедно смогнеме сили, сите вакви и слични филмски
проекти би завршиле успешно.
Или да не биде се со некаква конотација, нека се сними еден филм за
денешницава, како се живее, како не се живее итн. Мислам дека филмските
продуценти ме разбираат што сакам да кажам.
Атанас Стојаноски, Скопје, Македонија
|