ФОРУМ

ЗАБОРАВЕНИТЕ ЗНАЧЕЊА НА ЗБОРОВИТЕ

Хомер Македонски

  • Јас можам да кажам дека ми е мило што постојат луѓе што ја бараат вистината, за историјата исто така по најразличните сајтови, архиви и секакви скришни ќошиња. Јас од срце посакувам сите да ја најдеме и да биде една за сите. Та не сме саде ние што седиме на брегот и не е само една реката од животот што си одминува бавно.

Зошто е потребно препрочитување на зборовите и пронаоѓањето на нивните "сокриени'" или заборавени значења. Дозволете да го објаснам својот став за документите, за историските документи посебно. Јас сметам дека секој документ треба да се земе предвид и сечие мислење треба да се уважи и да се почитува.

Како документите што се дадени за тоа како што некој руски историчар запишал дека Македонците се Бугари, како што некој друг велел дека навистина се Бугари, а не Грци, како што запишал некој трет, како што Србите велат дека не сме ниту, Бугари, ниту Грци, ама Срби и тоа јужни, еден од нив, пак, велел дека сме и Бугари и Срби, како што од сега ќе велат дека сме биле всушност Албанци. За мене во таквите случаи каде што во исто време и на исто место има контрадикторности, поважно е да се одговори на прашањето зошто е тоа така?

Неодамна налетав на Библија напишана на англиски јазик. Настрана што во неа се спомнува за Македонија и за луѓе "од Македонија", во некои стари српски верзии што имав прилика да ги прочитам, претполагам дека кај другите народи е исто така искористен сличен или ист термин. Она на што јас би сакал да ви обрнам внимание е моментот на користење на термини во нивната религија за изразувањето на Бог.

Дадено е во предговорот:

"... Поздравувајќи го Божественото име YHWH, едноставно изговорено како тетраграм (случај на изговор на четири согласки), преведувачите ја прилагодиле замислата користена во многуте верзии на англиски јазик во искажување на почит со тој збор како "Господ Бог" и тоа со големи букви за да направи разлика од "Adonai" - уште еден еврејски збор со којшто изразува "Господ Бог" за чиешто запишување се користат и мали букви.

Насекаде во Стариот Завет каде што двете имиња (титули) се напишани заедно, се читаат како нова кованица (еден нов збор составен од два веќе постоечки) за Бога. Тие означуваат "Владетелот Бог" или "Господ Владетелот", "Господ Семоќен", "Бог Семоќен". Овие искажувања на почитта ја пренесуваат смислата на еврејското именување за "Тој што е владетел над сите сили небесни", а и на земјата, особено над "армиите" Израелови...

За нас читателите коишто сме запознати со еврејскиот јазик, ова не ни ги расчистува разликите помеѓу Sabaoth ("Силен" или "Семоќен") и Shaddai (што исто така може да се преведе како "Семоќен").

Кога Adonai и YHWH Sabaoth се пишуваат заедно, тие го даваат значењето на "Господ Бог Семоќниот...".

Ова е предговор на едно од поновите изданија на Светото Писмо, нова интернационална верзија во која нејзините автори ги наведуваат изворите за нејзиното составување, наведувајќи го и јазикот Koine меѓу преостанатото.

Зошто Евреите го употребуваат зборот Adonai па макар и со мали букви напишан кога го споменуваат Бога во својата религија? Дали тоа има некаква врска со она што јас го наведувам дека е зборовна конструкција, спомен или јазичен (зборовен) остаток од некогашниот култ кон Божицата Мајка позната под најразлични имиња меѓу кои го вбројувам и името на "географската област" во која ние живееме - Маке//Донија. Јас би рекол дека историјата на човештвото секогаш оди поврзана со религијата.

Со раѓањето на Исуса, се создава Христијанството како нова религија која го заменува Јудеизмот, како дотогашен еднобожен. Со ширењето и развивањето на Христијанството се развиваат и се создаваат новите форми и зборови и дефиниции кои почнале да се употребуваат тогаш, а во видоизменета форма ги имаме и денеска.

Да наведам некои примери: Евангелието, како почеток од Новиот Завет за кој се вели дека е напишан на грчкиот јазик наречен Koine Septuaginta. Значи, зборот Евангелие е грчки.

...Кога Марија била на третиот ден на Христовиот гроб, за да го помаза Неговото тело, таа не го нашла, а гробот бил празен. Тогаш Ангел Господов, кој стоел блиску до неа & јавил и ја прашал зошто Живиот го бара меѓу мртвите и & рекол дека Христ воскреснал... Таа веднаш отрчала кон куќата каде биле апостолите и им ја пренела веста за Исусовото воскресение.... Еве Ангел... ми се јави и рече... радосна вест... Евеангел... Евангелие.

Подоцна со ширењето на Христијанството и со негово усвојување како државна религија се доаѓа и до шизмата и до делбата на Ortodox i Katolik. Зборот религија настанал историски потврдено кога некој од папите (не му го паметам името) рекол ова да се запише во врска со некоја проблематика. "Да се запише" во нашиот јазик се определува уште и како "да се завери". Па се добива наредбодавна форма на: "Да се завери", или прашална форма како "дали се завери" (претпоставено) тоа што го барав, упатена кон лицето што заверувало, или кон некое трето лице присутно помеѓу нив двајцата. "Дали ги завери?" или "завери ли ги он"? Па од ова да следува примената на некои граматички правила во антиката како: кратењето на буквите кај зборовите, додавањето на букви, промена на акцентот кај постоечките или новосоздадените зборови:

Завери ли ги он ... (Заве) ри ли ги он...

ре ли ги он... религион... религиае

Ortodox...(P)... Portodox... Porto//do//x

Порта до Кс... Порта до Крстот (Х-Мас)

Порта од По(в)рта... По Вртење, По Врата.

Katolik... Дали треба и вам од Бугарија да ви пишам за значењето на Като -лик, лик - face. Като - лик "Божји даден на луѓето со нивното создавање од самиот почеток на човештвото "... Или некое слично значење дадено при конструирањето на таа кованица или новиот збор...". Зошто јас се читам на јазикот што треба да се признае од преостанатите (кој го измислил тоа признавање и кој го наметнал истото?) на нацијата што "е создадена во 1945 со договор меѓу Тито, Нехру, Насер, ...упс... Тито, Димитров, Сталин". Зарем вие преостанатите навистина уште ќе сметате дека сте дојденци од зад Карпатите? Можеби да, бидејќи сите овие зборови досега се дел од грчкиот јазик наречен Koine Septuaginta, кој по својата функција бил exparanto за стариот свет... а по името...

KOI NE SE PTUAGINT...

КОИ НЕ СЕ ТУЃИНЦИ

... Еден јазик за едно време, во една империја која како се ширела во просторот, ја согледувала потребата од воспитување и образование за дел од (или целото) население (то). Јазик даден за оние кои не се туѓинци во империјата. Грчки?!

...Јас можам да кажам дека ми е мило што постојат луѓе што ја бараат вистината, за историјата исто така по најразличните сајтови, архиви и секакви скришни ќошиња. Јас од срце посакувам сите да ја најдеме и да биде една за сите. Та не сме саде ние што седиме на брегот и не е само една реката од животот што си одминува бавно. За мене и зборот "историја" е македонски, како што ми рече еднаш почитуваниот професор Охридски од глаголот "се стори", "се случи" - "и се стори", "и се случи" или напишан како "и стори се", "и стори ја"... "Istoriae" и самиот се прашувам, не само за историјата, што е тоа вистина? За мене е вистина дека не постои поголем документ отколку оној што е создаван од сите луѓе заедно, а тој документ е јазикот наш насушен. Најголемиот наш сведок за нашето минато.


 

Gore

 

Copyright © 2002 "МАКЕДОНСКО СОНЦЕ"