Македонија со 2.049.000 жители
Првичните резултати од Пописот на населението, становите и домаќинствата
во Република Македонија ќе бидат објавени на 15 јануари 2003 година.
На крајот од годинава се очекува бројот на населението во Македонија да
изнесува 2.049.000 лица што претставува пораст од 0,5 отсто во однос на
истиот период минатата година. Според директорката на Државниот завод за
статистика, Благица Новковска, проценетиот природен прираст на населението е
зголемен за 1,1 отсто во однос на минатата година.
Георгиевски му ја продава "Брегалница" на Камчев?
Според информации на "Вечер", на финансиската криза со која е соочен
фудбалскиот прволигаш од Делчево, "Брегалница", по се изгледа & доаѓа крајот.
Како што дознава овој весник, скопскиот бизнисмен Орце Камчев се договорил
со екс-премиерот Љупчо Георгиевски да го купи ФК "Брегалница".
Трговија со бело робје
Во нерегистриран ноќен бар во местото Млаки на периферијата на Гостивар,
сопственост на Ф.Т., полицијата затекнала пет странски државјанки, жртви на
трговија со бело робје. Три од нив се Бугарки, една Молдавка и една Романка.
Нема причини за нов конфликт
Војната во Македонија заврши и со тоа се затвори едно цело поглавје во
нејзината историја. Изјави и написи дека претстои некаква пролетна офанзива
за правата на Албанците имаше и во минатото, и со нив, всушност, само се
тероризира населението, изјави албанскиот терорист Али Ахмети во врска
со шпекулациите за нова војна на пролет.
Во Мариово се роди второ дете
На 23-годишниот Ристе и 24-годишната Светлана Ристески од село Крушевица
неодамна им се роди ќерка Кети, која заедно со Петар, двомесечен син на
семејството Чакрески од селото Витолиште, разбудија голема надеж за повторно
оживување на мариовскиот крај.
Случајот "Леуново" во јануари
Судскиот процес против поранешниот заменик-командант на "Лавовите", Бобан
Утковски, и командирот Димче Марковски, обвинети за инцидентот што се случи
на вежба на оваа специјална полициска единица кај Леуново во мај 2002 година,
кога беа повредени четири лица, ќе биде закажан во текот на овој месец.
Теута кај Буш!?
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, ќе биде една од гостите на
молитвениот појадок кај американскиот претседател Џорџ Буш. Традиционалниот
молитвен појадок ќе се одржи на 4 февруари, а на потпретседателката на ДУИ
ќе & прават друштво и други истакнати личности од политиката.
За жал, ова не е првпат Македонија надвор да ја претставуваат
големоалбански екстремистички елементи. За чии интереси ќе се зборува кај
Буш Теута Арифи - за оние на Македонците или пак за оние на албанските
терористи?!
АНА има ракетни ласери
Според тврдењето на опозициската коалиција, АНА располага со ракетни
ласери поставени уште од ОВК. ОК сопшти дека таа терористичка организација
има и два кампа за обука со по еден баталјон терористи од 300 до 350 лица.
ДПА ја критикува ДУИ
Одлуката на Владата на Република Македонија за распределба на 100 милиони
денари од Буџетот само на општините со мнозинско македонско население, а не
и во општините во кои живеат претежно Албанци е апсурден потег кој
предизвикува револт и незадоволство кај градоначалниците на тие општини во
западниот дел на земјата. Тоа го изјавиле градоначалниците од Тетово,
Гостивар и челните луѓе на уште шест општини од тетовскиот и липковскиот
регион, речиси сите од ДПА.
Отстрелани шест лебеди
Непознати лица намерно отстрелале шест лебеди во вештачкото езеро -
рибник до битолското село Породин со цел да ги јадат како специјалитети.
Се формира "Фаланга"
На 22.12. 2002 година во Истибања - Кочанско е создадено Иницијативно
тело за формирање на политичка партија која ќе се нарекува "Фаланга".
Носители на оваа идеја се Симон Стојанов и Душко Алексовски.
Во образложението на Иницијативното тело се вели дека се резигнирани од
разнебитувањето на македонското национално ткиво. Тие ќе се залагаат за
реформи во македонското стопанство како и за реанимирање на македонскиот
селанец во земјоделието.
|