|
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Во Сиднеј формирано Македонско демократско обединување
ВИЗИИ ВРЗ ИСТОРИСКИ КОРЕНИ
Пишува: Кире ЦИРЕВСКИ
- Неколку стотини Македонци беа собрани на ова собрание со цел да ја
слушнат платформата и целите на Здружението. Со едноминутно молчење и
интонирање на химната беше најавен почетокот на овој мошне важен
семакедонски собир особено кога Македонската заедница е толку распарчена
што со право може да се рече дека ништо и не функционира.
- Претседателот на Извршниот совет на Здружението, господин Зоран
Николовски, инаку главен и одговорен уредник на единствениот неделник во
Нов Јужен Велс "Македонско Време", пред да го презентира Статутот и
Програмата на Здружението нагласи дека своите визии ги градиме врз
историските корени на демократската мисла во Македонија, идеите на
Главинов, Делчев, Карев и на други бројни носители на прогресивните идеи.
В о градската сала на Собранието на
Општина Хрствил едно од предградијата на петми-лионскиот Сиднеј, на 22
декември оваа 2002 година се одржа информативно собрание на сега
новоформираното здружение "Македонско демократско обединување".
Извршниот совет ги презентираше Статутот и Програмата на
Здружението
Неколку стотини Македонци беа собрани на ова собрание со цел да ја
слушнат платформата и целите на здружението. Со едноминутно молчење и
интонирање на химната беше најавен почетокот на овој мошне важен
семакедонски собир особено кога македонската заедница е толку распарчена што
со право може да се рече дека ништо и не функционира.
ГОВОР
Претседателот на Извршниот совет на Здружението, господин Зоран
Николовски, инаку главен и одговорен уредник на единствениот неделник во Нов
Јужен Велс, "Македонско време" пред да го презентира статутот и програмата
на здружението нагласи дека своите визии ги градиме врз историските корени
на демократската мисла во Македонија, идеите на Главинов, Делчев, Карев и на
други бројни носители на прогресивните идеи кои врз слободарските традиции
се бореле за Македонија низ Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и
Илинденското востание, Народноослободителната и антифашистичка војна и
државноправното наследство на АСНОМ. Тој исто така потенцира дека од особено
значење се темелните придобивки во процесот на осамостојување на Република
Македонија по мирољубив пат како основа за иднината на народот и државата.
На информативното собрание беа присутни бројни гости
Почитувајќи ги принципите за слобода, правда и солидарност, Македонија ги
користи современите искуства на светските демократии. Потпирајќи се на
изразената волја и интересите на членството и на симпатизерите на
Здружението во тамошниот сеопшт ефикасен развој на Македонците од целиот
свет и на Република Македонија и нејзината интеграција како респективен
субјект во Европа и во светот, нагласи Николовски за потеклото на
идејата за Македонското демократско обединување по што ги презентираше
статутот и програмата.
Статутот и програмата им беа поделени на сите присутни, со цел да можат
подетално да ја проучат и на наредниот собир кој се предвидува во февруари
да можат да пристапат. Вечерта педесетина нови членови пристапија во
Здружението. Важно е што Здружението има и свои сопствени канцеларии кои
навестуваат успешна и активна работа.
|